Здраво. Пред некое време имав лошо искуство со фирмата Тете пласт, поточно со самиот газда. Откако се најдов во таа ситуација со фирмава почнав да барам на интернет дали има и други искуства вакви или слични кај други луѓе или само мене ми се има ова случено... бидејќи не најдов ништо почнав по луѓе да се распрашувам и што се не се изнаслушав.
Ќе ја раскажам мојата случка. Имаше оглас на кој аплицирав за да работам во Тете пласт. Бев повикана на интервју, кој помина во ред, можеше да биде по детален, но сепак беше океј. Помина некој ден па се јавија и ми кажаа дека сум примена и сакаат да почнам со работа, но бидејќи бев во работен однос, ми рекоа да прашам за отказниот рок (т.е да дадам отказ) и да ги известам кога би можела да почнам. Го средив тоа со отказот и им кажав колку уште ми преостанува во старата фирма, беа задоволни, само ќе требаше уште еднаш да се видам со директорот за да ги потпишеме документите. Кога отидов таму, директорот пак ми направи интервју (што ми беше малце чудно) и ми кажа дека нема да ми ја даде платата за која дискутиравме, бидејќи сум барала премногу(што воопшто не беше случајот таков) на што имав зачудувачка реакција ни малце агресивна, едноставно се зачудив и кажав “добро”. Во текот на истиот ден, ме побараа од фирмава за да ми кажат дека не сакале да ме “ангажираат” повеќе под изговор дека на директорот сум му изгледала “незадоволна” од платата, а на моето прашање “ако не ме сакавте зошто ме земавте воопшто, јас и отказ дадов од претходната фирма, а сега ова ми го кажувате”, добив одговор: “Ние не ти кажавме да даваш отказ, тоа си е твое”.Побарав да разговарам со него(бидејќи бев известена преку телефон), жената од другата страна ми кажа ќе ми го даде неговиот број и да го очекувам секој момент во порака. Бројот никогаш не го добив, ѕвонев 3,4 пати, не ми креваа. После недела дена ме побараа повторно и пак ми беше понудена позиција иако сум била “неквалификувана”, што нормално јас го одбив. Јас не знам како оваа фирма уште постои и опстанува, зошто од тоа што видов фирмата е останата иста уште од кога е изградена, без додатна инвестиција, незадоволни вработени и мизерни услови. Односот на директорот не ни сакам да го коментирам, зошто беше ужасен и одвратен. Доколку некој имал искуство слично или било какво со Те-те пласт, ве молам споделете.