Ирански муџахедини во Албанија

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Знаев дека Албанија им дава азил, но не знаев дека имаат камп и дека се така организирани.

Денеска свечено отворен кампот Ашраф 3.

Околу 3500-4000 муџахедини,мажи и жени, противници на власта во Иран, се сместени во кампот помеѓу Драч и Тирана, претходно делувале од Ирак но од таму избегале бидејќи ирачката влада почнала да ги гони.

Кампот функсионира како посебен град со сите услови во него, има и обезбедување.

Него го посетуваат разни западни политичари.

Албанија почна да ги прими иранските муџахедини во 2013 година кога дојдоа првите 14, а сега бројката достигнала 3500-4000.

Муџахедините од кампот ги организираат активностите, како што се протестите во Иран.











Кампот беше посетен и од Руфи Џулиани бивш градоначалник на Њу Јорк и адвокат на Трамп.


Европратеници


Не ги знам што како, ама овие по ова што гледам не се од тие муџахедини што вообичаено се мисли.
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
4.895
Благе везе нема тоа... од овај муџаехдин зборов се палиш изгледа.

Ај малку на кратко.

До 79та година. во Иран владее монархија на чело со Муахмед Реза Пахлави послушен поданик кому 1953год. САД и ЦИА му помагаат да дојде на власт преку Иранскиот преврат и акцијата на ЦИА позната како Операција АЈАКС.

Е тој Мухамед Реза Пахлави владее со Монархија Иран се до 1979год.
Во тоа време Иран доживува социјален и културен процвет водејќи се по западни демократски стандарди, додека иранската нафта тивко се цица од западот.

Сето тоа им боде очи на исламските екстремисти така да во 1979. се дешава Иранска Револуција попозната и како Исламска Револуција при што Мухамед Реза е соборен од власт и на негово место иде Ајатола Комеини со што се формира Исламска Република Иран која опстојува до ден денес.

Каде се тие муџахедини од камповите?

Во 1981 се прави обид повторно да се направи преврат, овојпат да се сруши Исламската Република Тоа го прават People's Mujahedin of Iran, е тие муџахедините од камповите, кој сакаат да ги отфрлат затуцаните исламски закони и да воведат помодерни социјалистички доктрини.
Арно ама не им успева. Исламска Република останува на власт. Муџахедините или МЕК кој убиени кој протерани успеваат да опстојат како терористичка организација се до 90тите потпомогнати од Садам Хусеин, пошто Иран и Ирак се во константна војна. пошто непријателот на мојот непријател е мој пријател. Така да некој си 5-13 илјади терористи опстојуваат се до падот на режимот на Садам Хусеин. Денешнава власт не им дозволува на таква милитантска секташка група да опстојува на тлото на Ирак и САД се приморани да ги преселуваат на други места.
И каде ќе го прават тоа ако не кај другарчето за војни на балканот - Албанија. 2013та година носат 3000 комада и го формираат кампот Ашраф 3. Затоа Албанија е под константен притисок од Иран, имаше протерување на Ирански дипломати и беа спречени бомбашки напади насочени према МЕК.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom