ИНФО: Модераторите и дел од админите сеуште мислат дека темава треба да стои заклучена.. и разбирливо е зошто е тоа така.
Е сега ќе одам против нивната волја и ќе ја отворам темава со надеж дека вие конечно ќе престаните со глумење, непотребно пријавување, ќе престаните со таа виртуелна војна и лечење комплекси од расправии по претходните форуми кај што сте биле активни.
Искрено, ова е последно што Никола може да го стори за вас, и очекувам да ја оправдате мојата доверба.
Споделувајте листи, не одете оф-топик, не се замарајте со другите.. едноставно гледајте ја вашата работа и искористете ја темава за добра дискусија од која сите ке имаме бенефит.
Да повторам, ова е последен пат и обид да ги решиме проблемиве со убаво.
На крај не ми преостанува ништо друго освен (IP) банирање од тема и форум.
Благодарам.