Инстаграм заработка

Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Деновиве истражував нешто за заработа од Инстаграм профил. На идеја дојдов после изјавата на Џамбазов во 1на1 каде кажа дека само од Инстаграм може да се живее пристојно. Океј, знам дека зависи што нуди профилот и колку followers има. Игор има околу 50.000 следачи што мислам дека со добра идеја, менаџирање и труд се достигнуваат да речема за година-две. Прашањата се следни:

1. Дали некој е подобро запознат за пазарот во Македонија па да кажи подетално како се движат цените?
2.Како оди исплатата? Каде треба да пријавиш податоци и сметки за да ти исплаќаат?

Кој знае било што повеќе околу ова нека сподели. Може и идеја за што да биди профилот. Само за хумор да не биде пошто веќе има доста а за инфлуенсер сум грд.:)
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Инфлуенсерите и страните за хумор го држат инстаграмот во Македонија, по број на фолоуерс и по постови и све. Така да, според мене треба од овие две едно да избереш. А верувај, 50 илјади не се добиваат така лесно, на пазар како што е македонскиот. И како што сум упатен, ти не заработуваш технички од бројот на фолоуерс, туку од самите реклами на фирмите што ќе ти плаќаат за да ги рекламираш. Е тоа зависи од бројот на фолоуерс и таргет групата која е посакувана за фирмата што ќе ти даде пари да ја рекламираш. Со среќа!

Едино можеш со интересни клипчиња со everyday hacks како што има веќе по интернетов. Ама за тоа треба многу снимени клипчиња, и да бидат професионални и интересни. Друга идеја тешко. Едино инфлуенсер од типот на булеварко, боемот и слични, со таен идентитет, да променат нечие мислење, на пошироките маси што ги следат. За политика/историја/спорт и слични секојдневни проблеми на балканските простори :)
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Кои фирми? Еве конкретно Игор Џамбазов објавува секакви глупости од секојдневен живот и не гледам баш реклама на тие постови.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Јас сега првпат го отварам неговиот профил, и видов барем 10 поста, што според мене се реклама (платена или не, не навлагам). Прочитај ги постовите убаво, па ќе разбереш што е реклама, а што обичен пост, иако по ова што ми го пиша, гледам дека не ги разликуваш :)
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Значи не те плаќа Инстаграм ради следачите, споделувањата, лајкови и слично. Ако не се лажам You Tube прави такви исплати според гледаност, сабскрајбери и лајкови?
 
Член од
10 јуни 2016
Мислења
134
Поени од реакции
72
Значи не те плаќа Инстаграм ради следачите, споделувањата, лајкови и слично. Ако не се лажам You Tube прави такви исплати според гледаност, сабскрајбери и лајкови?
You Tube не те плаќа од гледаност,лајкови и др, туку од рекламите на секое видео ако некој на почетокот на видеото има реклама и стисне на рекламата или ја гледа подолго од 15 секунди а не стисне Skip.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Па колку што сум упознаен, треба да ти е верификуван (или како и да се вика тоа плавото штиклирано) профилот, кои го имаат сите СВЕТСКИ јавни фаци, актери, фудбалери, модели и слично. Мислам дека тогаш некако добиваш придобивки од Инстаграм директно. А додека си вака обичен, локален инфлуенсер како овие нашиве, по 100-200 илјади фолоуерс, добиваш пари од реклами, за секој пост и секое стори, по договор. Има некој непишан ценовник, но се зависи од договор, колку фолоуерс имаш, која таргет група и за која намена би рекламирал :)
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
You Tube не те плаќа од гледаност,лајкови и др, туку од рекламите на секое видео ако некој на почетокот на видеото има реклама и стисне на рекламата или ја гледа подолго од 15 секунди а не стисне Skip.
Мислам дека јутјуб плаќа на база на гледаност по видео - не субскрајбери,а башка реклами.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
814
Поени од реакции
1.295
Ако си женско и ако имаш добро газе ич немај гајле за 1 година ќе стигнеш до 100.000 следбеници со објавување голи глупости
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
853
Поени од реакции
451
Процес...

1. Избери си таргет група / индустрија (на пр. мода, спорт, игри...).
2. Креирај Инстаграм профил со истересна / корисна содржина.
3. Биди активен (fresh content) и привлечи следбеници.
4. Ќе те контактираат потенцијални клиенти, или пак самиот можеш да се нудиш кај компании од истата индустрија.
5. Уживај во заработката ($$$).

Бонус:
- Од Инстаграм нема да добиеш ниту еден цент (освен ако не решат да те спонзорираат).
- Ако знаеш англиски јазик, концентрирај се на странски пазар (повеќе конкуренција, но и безброј можности).
- Цената за секој пост ја одредуваш ти (од неколку десетина долари до неколку илјади долари).
- Начинот на исплата ја одредувате во договор со клиентот.

Имај во предвид дека во секое време некој од Инстаграм може да стане на лева нога (на туѓ терен си, под кирија), и целиот труд да ти отиде по вода.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
оф: Youtube плаќа само во однос на цената на рекламите (што поскап провајдер, поголем профит) односно: категорија/тип на канал, демографска/географска покриеност. Тоа значи дека одредени кејворди се поскапи, како и одредени држани имаат поскап цпц. Од 2016 па навака, профитот е намален за повеќе од 500% во однос на заработката на милионските канали.

-Инстаграм не ти дава пари. Така изјавил, дека во моментов Инстаграм е број 1 соц.мрежа. Тагот за верификација не игра некоја улога, освен ако не е услов од клиентот (а пари за верификациски беџ не добиваш - тоа е чисто за фановите да знаат кој е легит а кој фејк профил).

Пари можеш да направиш ако си реално многу јак во некоја категорија/индустрија, не ти е бустан преку ботови профилот, публиката ти е реална и го следи тоа што го постираш. У моментов, ако не си апла позната фаца, со барем 40/50К следбеници, не праиш ништо.

Познавам доста луѓе, кој се ништо посебно, а имаат 20/30К, па не е којзнае што ако кажеш дека имаш толкава група. Но од друга страна, ненормални пари се фрлаат на одредени скопски фаци, само за објава/стори. Али пак ќе кажам, познати се, луѓе ги знаат, ги зборат по кафиња..

Исплатата ти иде на рука (или пак ако се сериозна фирма, на сметка). Физичко лице си, па ќе си даваш цени како ти одговара, според можностите на клиентот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom