За тие што сакаат да го гледаат светот фотографски

Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Do you see what I see ? Maybe , maybe not . Even if you’re standing right next to me …..

Вака ја започнува својата книга Bryan Peterson , Learn to see creatively , која во моментов ја читам . На следниве страници ќе се обидам да ви го пренесам најинтересното од неа .

Книгата се занимава со креативната визија при фотографирањето . Неможноста да се “види” на почеток е најголемата несреќа на секој фотограф . Ако подоцна и почнете да гледате , навистина да гледате , се соочувате со следната препрека , компонирање на сите елементи на кадарот во урамнотежена и хармонична целина .Книгата преку примери и вежби , има за цел не само да научи да се препознае можност за фотографирање , туку и да го развие конзервативниот начин на гледање на светот кој најчесто води до неитересни фотографии .

Еве една вежба : Како да се развие креативното гледање ?
Најчесто ако се разбере , научи што гледа вашата леќа ( објетив ) . Само мало појаснување , човечкото око гледа приближно исто како и објектив од 50 мм фокална должина . Во зависност од тоа што објектив поседувате , поставете ја фокалната должина на 28мм или 35 мм . Оваа должина ќе остане непроменета за цело времетрање на вежбата .
Сега одберете предмет што ќе го фотографирате . Од било кога дистанца од фотографираниот предмет , треба да го постигнете истото : фотографираниот предмет секогаш да биде централно во кадарот , а слободниот простор околу него да биде подеднаков од горе и доле , лево и десно . Направете една фотографија . Движете се околу предметот што го фотографирате . Фотографирајте го од поблиску . Фотографираниот објект секогаш да биде во центар и во фокус . Првата фотографија ќе има голем дел и од позадината . Како се доближувате до предметот , позадината ќе се изолира , а објектот ќе биде се подоминантен во кадарот .

Следно , без да ја промените фокалната должина , сменете го аголот на фотографирање , движејќи се околу објекот клечејќи , на колена . Од оваа позиција имате сосема поинакова длабочина на персективата , а фотографираниот предмет добива нова димензија .
Следната ваша позиција од која ќе фотографирате е лежејќи на стомак , па на грб . Ќе се изненадите од резултатите .

Вежбата треба да ве научи на различните точки на гледање на фотографираниот објект . Вежбата повторете ја со сите фокални должини на вашите објективи и истата практикувајте ја некое време . Разбирањето на уникатниот поглед на вашата леќа , и различните точки на гледање ќе ви овозможат фотографско патување со неограничени можности .
Во вежбата е изоставена и блендата, дали да биде фисксирана една вредност на бленда или да се менува, затоа што сепак со различен отвор на блендата добиваш различен резултат по длабочина на поле, и со самото тоа различна фотографија :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom