Драч

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 733.jpg . Picture 734.jpg . Picture 752.jpg .
Плажа од најситен песок,плитка до 1 метро на 50-100 метри во море.
По цела должина на 25 км на плажата хотели,некои се уште се прават.
Picture 742.jpg . Picture 716.jpg . Picture 732.jpg
од хотелите по природен пат низ песокот потоци со „чиста“вода,
си направиле пат-корито до морето каде се уливаат и мешаат.............
Picture 731.jpg . Picture 755.jpg . Picture 754.jpg
секојдневно-целодневно низ плажата имате подвижен пазар,а од ова
некултурно добиче еве што останува позади него,па потоа на вас.
Picture 738.jpg . Picture 748.jpg . Picture 753.jpg .
Хотели признавам со 3-5 *покрај плажа со километри во неколку реда,
но помеѓу нив улиците се сега на повисоко ниво од дворовите и паркинзите,
поради врлањето на шутот тука при нивна изградба(оти во море не личи)
Picture 751.jpg . Picture 688.jpg . Picture 756.jpg .
Рибари секое утро на цела должина на плажата фрлаат долги мрежи,
но после секое вадење на суво на плажата останува купишта трева и ...
Picture 724.jpg . Picture 675.jpg . Picture 747.jpg
тука не треба зборови, сепак е ова Балкан,колку да се знае и ние сме тука
Picture 739.jpg . Picture 681.jpg .
некој си го тера одморот и со бизнис.со детектор за закопано благо
во една рака,со лопатка во друга цел дел шета по плажата и си збира
паричиња за провод,а богами и метални тапи за колекционери
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Драч би бил многу убав град кога не би бил во Албанија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Драч е многу прљав барем кај плажите Мали Робит. Еднаш поминавме натаму, среќа не најмивме соба. Таму догледно време не би одел.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Убаво место кое се уништува од луѓето кои фрлаат ѓубриња и загадуваат таму.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.800
Anco во Драч се тоа што гледаш е ново изградено , а пошто во Албанија законите не се многу силни , за очекување е дека при таков брз развој многу работи ќе излезат од контрола.
Само сега за време на изборите се изградија илјадници дивоградби во Албанија , ја искористија можноста кога се изборите и кога владината партија се придржува од пресметување со народот.

Еве види колку е изградено за 10 години (све висококатници)

2002

2012


.
.
2002

2012

--- надополнето: 30 септември 2013 во 23:23 ---
Сликава ти е од тука нели

2002 немало ништо



2012
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Точно сликата е од таму,хотел Долче Вита и Бонита,
прекрасни се,се воодушевив (со уредените и чисти големи паркови до нив)
Јас ја кажав сега само опачината,ама ќе кажам и за лицето нешто.
Само во Драч (Дурес) мислам има повеќе хотели (сместувачки кревети)
отколку во цела Македонија,и се разбира еве се гледа и со снимки како докази,изградени во последниве 10 години.
Инаку на ова место од 10 км и веќе и да нема слободни плацеви,сегде е почнато или завршено веќе,останува нешто преку автопатот.
Цената за 1м2 тука е сега 450 евра. Е пред 20 години можеби помалку.
-----------------
Има разлика во сликите од 2002, и на тие од сега во изградбата
ама јас гледам и разлика во провидноста на водата (чистотата)
--- надополнето: 1 октомври 2013 во 00:30 ---
Picture 661.jpg . Picture 662.jpg . Picture 659.jpg
залез на сонцето - приквечерина на Плаж , 7 км од центарот на Драч
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Цела крајбрежје наАлбанија веќе 5-6 години уназад е големо градилиште.Поготово на поголемиве места е многу прљаво.Али ќе се средат со тек на време.За тие цени е греота да наоѓаш мани.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 2281.jpg . Picture 2282.jpg . Picture 2284.jpg стасал и кај комшиите НЕТ, жици врска со светот
во центарот на ДРАЧ.... па тек како е во помалите места...
---------------
инаку годинава плажата е добра, чиста,водата бистра,прозирна и на 2м. Ќе се научат ако сакат гости.
Веројатно ја пуштиле одводната канализација,нема повеќе потоци кон морето од хотелите..Браво.
Ама се уште подрумите им се сушат а споредните улици се неасфалтирени и со шут.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom