Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
За мене :гомце:то не е :гомце: ако шлапне во водата и не ми го напрска г*зот.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ди Кеј,

Прилепчаниве (форумџии пред се’) се фини луѓе, жими сФе па дај да се посватиме, некој... @Red John @Божино @Hurin @turvior @Mojso @Epsilon

Почесто ќе ви доаѓам на гости, почесто ќе играме фудбал, почесто ќе имате стабилен играч у одбрана...

:D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.985
Ќе се наградувало возење со велосипед. Нешто што е најнормална работа што се прави свесно во европските земји кај нас ќе се наградува..

Следен чекор нека се наградува застанување на црвено, поминување на пешачки, фрлање ѓубре во кантите..
 

Lil Lamb

Сакам да се родам одново.
Член од
7 април 2014
Мислења
258
Поени од реакции
282
- Тоа е Драга Кајгана. Сум го слушнала на вести истото ова претходниот член што го искоментира.
Наградување доколку идеш на работа со Велосипед. Страшно. Не им ја сфаќам поентата, дали дека воздухот е загаден, дека секој еден чоек вози кола, у една куќа по најмалце две три коли има.
И сеа знаат дека народов се овци па ќе се излажат по пари и ај ќе вртат на велосипед, голема политика има. Не знам шо ќе се праи овдека,јас сум крајно изреволтирана.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Прекрасно е чувството кога во земјата на ладнокрвните битија си опкружен со „странци“. Можеш да ја почувствуваш онаа топлина која сеуште не изумрела кај нив. Луѓе на кои погледот им ги издава емоциите...
Меѓу нив и Балканци. Во случај да те пукне носталгија, тука се да ја убијат со однесување, менталитет, музика... Особено се напорни ако си во ПМС. Тогаш очајно ми недостига почитувањето на просторот околу тебе од страна на ладнокрвните. Понекогаш можеби ми делува како секој да се плаши од секого, мислиш сите имаат некоја заразна болест и никој не сака да се доближи до останатите, ама мајко мила, колку е ова добро кога садистичката курва, мајка природа, те фрла во агонија! Јебеш човечка топлина во такви моменти.

Не, сериозно, имаме пораѓај и кинење на хименот. Зошто побогу мора додатно да патиме секој месец? Нервозата и апетитот се мачкина кашлица.
Дискриминација! :icon_lol:



Либето спие, а јас гладна. Кој ќе ми направи салата?
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
@dragonsky
@Lil Lamb

http://www.bikeradar.com/road/gear/article/30-reasons-to-take-up-cycling-23965/

Проблем?

Мислам дека вреди да се стимулира една ваква добра навика. Само што ништо не би променило тоа многу кога се стимулираат дузина чиновници од општината на град Скопје.
Барем јас така прочитав во вести.
За да допре нешто до вистинскиот човек и да осетиме сите бенефитите споменати погоре во линкот и во сите статии кога ќе изгуглаш " возење велосипед предности", потребно е да се направат добри велосипедски патеки и добра едукативна кампања.
Тоа нема секако да допре до Невзат од Дижонска за да се развози велосипед, ама секако ќе ја мотивира Сања од Аеродром да вози велосипед која што сега се плаши да го прави тоа за да не ја забери Невзат со Голфот.
За да почне да се менува нешто такво потребно е главата на градот сериозно да почне да размислува во тој правец, а не да прави ефтини политички кампањи како сега, по повод новиот указ на шефот дека треба да се живее здраво.
Во Скандинавија кога се прави ДУП-от, прв приоритет се велосипедските патеки, градскиот превоз и на крајот идат автомобилите.
Причината е очигледна, а тоа дека сакаат да има се помалку загадување во градот и кога некој би возел автомобил не би му менувало ништо да сврти км. плус за да дојде до саканата дестинација.
Во Шведска каде што се прават брзи велосипедски патеки кои чинат неколку милиони евра, направиле студија каде што истите би биле исплатени од буџетот на шведскиот здравствен систем со тоа што со нивната изградба би ги редуцирало трошоците на граѓаните кои идат за кардиоваскуларни заболување.
Погоре има студија каде што пишува оти секојдневно возење велосипед го намалува ризикот за скоро 50% од такви заболувања.

Кај нас пак прво се гледа каде би можело да се направи платен паркинг, а за останатите нека се снајдуваат како знаат.
И аман веќе со глупите изговори,
Ние немаме леб да јадиме, овие ни кажуваат точаци да возиме.
Минчо не сотре како глувци, тие ќе не спасуваат со точаци возење.
Нека земат нека возат оние од влада, а не нас ни кажуваат.
Сите се виновни, ама ние сме во право!

Од друга страна пак секој втор ден висат на бензиска и тураат по 500че за возење кола.
Признавам дека инфраструктурата е лоша, ама се останато е само изговор.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom