- Член од
- 19 април 2005
- Мислења
- 1.806
- Поени од реакции
- 75
Вкусот на одмаздата
Дали трошите време и енергија на одмазда? Дали сметате дека равнотежата во космосот е воспоставена, ако сте возвратиле со навреда на навреда, со шамар на шамар, со болка на болка, со очај на очај. Дали се чувствувате подобро кога го гледате предметот на вашата одмазда како поминува низ истата голгота која вам ви била приредена? Или останува металниот вкус во устата и уште поголема празнина?
Што се однесува до мене, многу тешко може некој да ме повреди до тој степен за да се посветам на планирање на неговата/нејзината иднина. Реагирам веднаш, директно, го симнувам човекот од мојот список, турам пепел и продолжувам понатаму.
Меѓутоа, кога станува збор за мои блиски, пријатели и, не дај боже - за дете или тие што ги сметам за посвоени, е тогаш станувам иствичка вештица. Тогаш знам да ги употребам сите начини на физички и психички терор, знам да сочекам да се сврти тркалото, знам да извадам крв на памукче - со задоволство.
Вие?