Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.095
Поени од реакции
3.464
Одговорот на твоето прашање дали овој живот е добар, ке ти го дадам кога ке ми одговориш што подразбираш под ДОБАР ЖИВОТ, ШТО Е ЗА ТЕБЕ ДОБРО ЖИВЕЕЊЕ!?
Животот сам по себе не е ни добар ни лош. Едноставно е живот, нешто што се случува.

Добро живеење за мене е кога една личност ќе престане да биде единствена пречка на сама себе.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.555
Поени од реакции
8.381
Животот сам по себе не е ни добар ни лош. Едноставно е живот, нешто што се случува.
Да те дополнам.....животот е bliss. Он е поднослив у принцип кај обичната раја затоа што е 2/3 добар а 1/3 лош во нормални услови. Станува неподнослив кога е обратно, ама у двата случаи е блаженство.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
Среќа за Исус што црквата е буржоазија со убави куќи и автомобили, затоа што се што е за џабе никој не го сака. Замисли луѓе у партали да му ги проповедаа учењата...ќе беа смешки. Вака со злато на глава, и со фенси црковна облека поубаво ја продаваат приказната.
Само што проблем е што приказната не е за купување и не е за продавање. Целта на Исус е постигната, и он функционира од друго место, колективна потсвест. Друга е приказната кој ќе биде маѓепсан од тој Christ archetype.
Зборовите се јалови, затоа кога го прашал Понтиј околу вистината он молчел.....ќе речеш египќаните биле недоквакани што користеле хиероглифи, уствари они во присуство на писмо и вербален јазик сфатиле дека светите книги не вредат 5 банки.
...извини,но во твојот коментар неможам да најдам одговор на моите размислувања и дилеми
...дали може како одговор да се земе твојата констатација дека Исусовата мисија е исполнета,кога имаме реалност на комплетна дисхармонија во односите човек и црква?
...или во комплетното духовно одтуѓување и безцелност на човекот во денешницата?
...денешницата е 21 век,а црквата уште во 16 век :)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
Животот сам по себе не е ни добар ни лош. Едноставно е живот, нешто што се случува.

Добро живеење за мене е кога една личност ќе престане да биде единствена пречка на сама себе.
Одговорот ти е помалку од едноставен...како може да биде добар или лош?
Мислиш ли дека ако ти е само добар или само лош, ти ќе живееш подобро или полошо?
Пречка на самата себе, ај тоа да речеме ќе успеам да го прескокнам, но што со тие останатите што ни пречат во животот?
Има ли такви?
Голема е филозофијата за живот, за тој процес што не сопира никогаш, а дали ќе го живееш во согласност со десетте божји заповеди или како атеист, пак нема допирна точка со квалитетот на твојот живот.
Да те дополнам.....животот е bliss. Он е поднослив у принцип кај обичната раја затоа што е 2/3 добар а 1/3 лош во нормални услови. Станува неподнослив кога е обратно, ама у двата случаи е блаженство.
Буда душо, каков е тој блажен живот ако се состои од подносливост и неодносливост? Принципи, обична раја...има ли и необична раја?
Животот, гледан од моиве "изодени" илјадници километри, соочуван со разни предизвици, трагедии, жални и среќни моменти, веселби и плачки, задоволства и незадоволства, победи и порази, богатство и сиромашттија...сфатив, дека, за да животот биде добар, човек треба да умее да оди напоредно со него, да ги прифаќа без проблеми сите промени кои секојдневно ќе му се случуваат......а тоа е многу тешко, всушност, невозможно.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.555
Поени од реакции
8.381
...извини,но во твојот коментар неможам да најдам одговор на моите размислувања и дилеми
...дали може како одговор да се земе твојата констатација дека Исусовата мисија е исполнета,кога имаме реалност на комплетна дисхармонија во односите човек и црква?
...или во комплетното духовно одтуѓување и безцелност на човекот во денешницата?
...денешницата е 21 век,а црквата уште во 16 век :)
Човекот е заглавен во 1 век, црквата 16 а времето е како за 21 век :) .
Буда кога го прашувале дали ќе се враќа пак да се реинкарнира, иако немало потреба да се враќа на земјава он рекол ако постои и најмала шанса да му помогне макар и на еден да се разбуди би го правел тоа. Иако констатацијата после животниот пат му била дека никој никого не може да разбуди.
Иначе не е проблемот човекот сам за себе, проблем е што ја сјебавме планетава.
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.095
Поени од реакции
3.464
Одговорот ти е помалку од едноставен...како може да биде добар или лош?
Мислиш ли дека ако ти е само добар или само лош, ти ќе живееш подобро или полошо?
Пречка на самата себе, ај тоа да речеме ќе успеам да го прескокнам, но што со тие останатите што ни пречат во животот?
Има ли такви?
Голема е филозофијата за живот, за тој процес што не сопира никогаш, а дали ќе го живееш во согласност со десетте божји заповеди или како атеист, пак нема допирна точка со квалитетот на твојот
Не си прочитала убаво. Реков Не е ни добар ни лош. Животот како појава е само живот.
Друга работа е веќе како ние како индивидуи ќе живееме. Од тоа ќе ни зависи и квалитетот на нашиот живот.

Најважно е сама да не си бидеш пречка. Други луѓе ќе има секако. Ама гледај ги како предизвик кој треба да се исполни. Се додека ја трошиш енергијата на тие непотребни луѓе они ќе ти бидат пречка.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
...кому му служи црквата?
...како тоа луѓето во 1 век?
...да го сфатам твојот одговор како арогантен и недоквакан или сакаш нешто друго да покажеш со твојот коментар?
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
проблем е што ја сјебавме планетава.
Можеби тоа и ни треба, уште повеќе да ја сјебеме за да ни стане јасно? Самото сознание дека она има лимит колку може да издржи пред да стане непогодно овде за нас резултира со се поголем број на луѓе кои копчаат дека се е ова последица на материјализам и болен егоизам па полека се буди "Исус"?
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.555
Поени од реакции
8.381
...кому му служи црквата?
...како тоа луѓето во 1 век?
...да го сфатам твојот одговор како арогантен и недоквакан или сакаш нешто друго да покажеш со твојот коментар?
Црквата си имала улога орка да ја направи да размислува и до таму си завршила работа. Сега треба тој што размислува да се разбуди, а во тоа ни Исус ќе помогне ни милијарда цркви.
Автоматски споено мислење:

Можеби тоа и ни треба, уште повеќе да ја сјебеме за да ни стане јасно? Самото сознание дека она има лимит колку може да издржи пред да стане непогодно овде за нас резултира со се поголем број на луѓе кои копчаат дека се е ова последица на материјализам и болен егоизам па полека се буди "Исус"?
Далеку сме од будење на Исус, светов мора да биде уште многу повеќе сјебан.....колку повеќе ќе се сјебе толку повеќе Исуси ќе се родат. До сега Исус се инкарнирал за да покаже дека постои.
У времето кое следи, ќе покаже дека секој од нас е Исус :)
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
Црквата си имала улога орка да ја направи да размислува и до таму си завршила работа. Сега треба тој што размислува да се разбуди, а во тоа ни Исус ќе помогне ни милијарда цркви.
Автоматски споено мислење:


Далеку сме од будење на Исус, светов мора да биде уште многу повеќе сјебан.....колку повеќе ќе се сјебе толку повеќе Исуси ќе се родат. До сега Исус се инкарнирал за да покаже дека постои.
У времето кое следи, ќе покаже дека секој од нас е Исус :)
...на „стадото„ му е потребен „овчар„
...не секој може сам со себе да се справи
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
констатација дека Исусовата мисија е исполнета,кога имаме реалност на комплетна дисхармонија во односите човек и црква?
Лично не се замарам со црквата што е денес, тоа Исус како мисија го гледам како пример, потенцијал на свест, самата црква како мисија треба да ги приближи луѓето до таа свест, колку е успешна во тоа е друго прашање, но не мора да значи дека е единствениот начин, мислам дека таа свест е скалило, кај некој се буди и почнува да оди во таа насока, мислам дека и кај тебе "Исус" е разбуден. :)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
До сега Исус се инкарнирал за да покаже дека постои.
У времето кое следи, ќе покаже дека секој од нас е Исус :)
Mojov mozok nema kapacitet za da gi razbere site vasi filozofiranja, znaenja steknati od citanje i drndrn...no, ova nemozam nikako da go skontam, kako moze JAS da bidam Isus...u nekoe vreme, neli :confused:
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
Mojov mozok nema kapacitet za da gi razbere site vasi filozofiranja, znaenja steknati od citanje i drndrn...no, ova nemozam nikako da go skontam, kako moze JAS da bidam Isus...u nekoe vreme, neli :confused:
...секој што ги „живее„ неговите убедувања е Исус :)
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Има, обично ги исмеваме, третираме како будали, отишле со бродче да спечуваат ловење на делфини, китови, место да поработат у теретана повеќе на своето тело за да може да ебнат појаки примероци, ко од порничите. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom