H
Hip.Hop_MKD
Гостин
ГЕРМАНИЈА
Сојузна Република Германија (герм. Bundesrepublik Deutschland) е една од водечките индустриски земји, лоцирана во централна Европа. Германија граничи на север со Северно Море, Данска, и Балтичко Море, на исток со Полска и Чешка, на југ со Австрија и Швајцарија, и на запад со Франција, Луксембург, Белгија и Холандија. Низ неа поминуваат реките Рајна, Дунав и Елба. Германија, всушност, е лоцирана на крстосниците на европските трговски и културни патишта.
Германија е третата по големина светска економија, по САД и Јапонија. Позната е по железото, челикот, машинеријата и автомобилската индустрија. Германија е земја основач на Европската Унија и нејзина најголема членка по население. Членка е на Обединетите Нации, НАТО и Г8.
За повеќе информации од Википедија на македонски јазик: http://mk.wikipedia.org/wiki/Германија
Еве за почеток дел од замоците во Германија, потоа ќе следи корисни инфорации за туризмот, посетеност, фестивали итн..