Германија денес

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
а јас ко пишав дека не ги сваќам нашите шо сакат да дојдат тука, ќе ме истепавте ;р)

на Германија и предстојат тешки денови, многу тешки... и не само на Германија, ама Германија е слика-прилика како може да се живее навистина раскошно, и во кратко време луѓето да дојдат на работ на егзистенција...

не се само 5 милиони невработени проблемот

ниту милионите странци кои или не се интегрирани поради ароганција и глупост на одредени структури во администрацијата, или самите одбиваат да се интегрираат поради вишок на глупост донесена со себе од „стари крај“

едноставно, погрешната фреквенција и ниво на мислење, која ја практикува добар дел од нашата раса, не донесоа таму кај шо не донесоа

само да сме живи и здрави и да видиме

дали сами ќе се рокниме, или некој метеор или некакви вселенски бродој...

ама во секој случај, ПРИРОДАТА нема да ни дозволи поќе зијан да прајме во универзумов

а кој сака да знае за податоци од берзи и економија...

ма ебем ја економија и „умот“ шо го носи „економијата“ (материјализмот) со себе

лаги со опашки, Матрикс
Serdarot, 1 декември 2005

Овој пост е напишан пред 12 години...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.211
Поени од реакции
78.774
„НЕМА МЕСТО ЗА СЕЕЊЕ ОМРАЗА“

Курц: Австријците биле злосторници и свесни сме за одговорноста

По повод сеќавањето на жртвите на Холокаустот австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека Австријците биле злосторници и учествувале во страшни злосторствата и истакна дека борбата против антисемитизмот е приоритет на Владата.

Кај Германците (Австријците) овој сентимент е вкоренет. Кај Јапонците никогаш не го имало. Никакво каење ниту национална одговорност.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Германија денес(уствари во 2015)

Процент на деца во градинка на возраст од 3-5 год. на кои јазик во фамилијата не им е германски.
Германија се движи во добар правец. Со среќа да им е.

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Глобалистичка диктатура, односно 4th reich...
Уште кога им забранија да пишуваат за силувањата на германки, палењето и превртувањето на коли направени од мигранти, јасно беше дека сме блиску до зенитот.

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.177
Поени од реакции
21.298
Меркел брзо ќе се заборави после овие избори. Тектонски поместувања во политичкиот систем односно очевиден е падот на народните партии. СПД се врати од мртвите со 26% победува на избори. ЦДУ невиден дебакл 24% а ЦСУ во Баварија исто така со само 33%. АФД десницата и покрај ковидот исгуби 2,5% се покажа дека партијата нема ништо да понуди ни во време на криза. Левицата на работ да испадне од собрание се моментално на 5%. Ако испаднат нема враќање више. Зелените со доста подобар резултат но далеку од очекуваното покрај климатската катастрофа. Либералите стабилни.

Влада без зелени и либерали нема. Интересно ќе биде како ќе се договорат пошто имаат спротивставени програми. ЦДУ иако прета дека можат и тие да формираат влада, народот си кажа дека го сака Шолц за канцелар. Ќе има коалиција со 3 партии. Собранието има константно 6 партии од кои четири се со прилично слична поддршка. Ептем се фрагментира собранието. Предизвици колку сакаш.

Германска работа, од све по нешто но никако јасен правец да покажат.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.729
Поени од реакции
9.766
Од све по нешто ама за кого и да гласаш исто ти доаѓа, исти курац различно пакување. Буквално промили разлика меѓу 99% од партиите.

ЦДУ/ЦСУ - корумпирани "конзервативци" со 16 години левичарски потези на власт, скандали ко профитирање од маски за време на ковид кризава итн.

СПД - корумпирани "социјалисти", Шолц во нормални политички околности ќе немаше кариера после скандалите од типот на Wirecard.

Зелените - шампањ социјалисти, буквално немам сретнато саглам човек што би ги гласал овие. Една ми збореше како белите луѓе треба да исчезнат, избришав тиндер после дејтов, не вреди ни секс со Хајди Клум во најдобри години за возврат да мора да го слушам ова. Замисли, оваа се кандидираше нешто во локална управа за Зелените...Главниот што им е на фракцијата во парламент, овој со долга мрсна коса му заборавив име, го видов излегува од мечка Ауди што ваљда троши повеќе енергија од 5 домаќинства, за истата седмица да го видам на ТВ како зборува за климатски промени

ФДП - либералите, да гласав ваљда за овие би гласал, некако најприземни ми стојат во повеќе сфери. Негативно е што се претенциозна маса на банкари, капиталисти, бизнис незнам шо - оток луѓе со други зборови...ако во друштво имаш некој што ги гласа овие, веројатно е типот што нонстоп вергла за крипто, гејмстоп shares и се замислува дека е Ворен Буфет во најава.

АФД - контраши во секоја сфера и прашање, the big bad во германската политика моментално. Мислам дека целта на партијава е да се удомат во парламент да си земат плата и донации, продуктивно нешто од нив нема да се случи. Никој не би коалицирал со нив. Партијата сама по себе е хаос, не се знае кој јаде кој пие. Од антиваксери и нацисти до разочарани конзервативци (види ЦДУ и 16те години левичарски потези) меѓу симпатизерите, со политика што вклучува излез од ЕУ итн.

Левите - леви во буквална смисла на зборот, непотребен тумор останат од Источна Германија, наследник на поранешните комунисти. Сакаат излез од НАТО, блиски до Русија ама истовремено имаат некои политики како ретардираното крило на Демократите во САД (истото важи и за Зелените). Ако АФД се крајна десница овие се крајна левица. Иронично, шефицата нивна (ако сеуште не е исклучена од партија) ми е една од најприземните политичари.

Кој и да биде во влада исходот ќе биде сличен со минимални разлики:

- повеќе внимание на клима (гарантирано пошто зелените ќе влезат во влада), што само по себе значи нови даноци (затоа што пола плата на данок + највисоки цени за струја итн во свет не се доволно)
- имиграцијата ќе продолжи да биде кучињата лаат караванот си врви...може само да се надеваме на систем како Канада и Австралија наместо и понатаму да се увезува шлајм на социјала
- најлоша бирократија и дигитализација како и секогаш. Озбилно, јавниот сектор е збир на неспособни пијавици, да не беше приватниот сектор државава ќе беше на ниво на МК. Во јули побарав термин, ми рекоа во последен квартал од 2021 ќе добиеш мејл за термин во 2022
- надолна линија во секоја сфера, од образование и здравство до се друго.

Да не ме сфати некој погрешно, сеуште е Германија светлосни години пред Балканот и 90% од светот, ама според мене линијата оди надолу. Кој и да е во влада трендот ќе продолжи.

Sent from my GM1913 using Tapatalk
 
Има разлики ама секој мора да види што најмногу му одговара. Едино слабиот резултат не Левичарите малце ги помрсува сметките на СПД пошто фали таа опција за правење притисок. СПД оди на тоа луѓе со средни и мали плати да плаќаат помалце даноци а богатите повеќе. Тука се косат со ФДП кои сакаат намалување на даноци посебно за фирми и богати за да инвестираат повеќе. А зелените во даночната политика се кај СПД ама форсираат оскапување на конвенционално произведена енергија што значи големи поскапување. Зелените се лева партија нa ситуираните а СПД сепак црпи најмногу од работници и пензионери. Мора ФДП да попушти во таква коалиција а не ко 2017 да избегнат коалиција. Сакаат да владеат. Мислам и ќе освежат ама даночно моментално стојам на страна на СПД. Шолц е политичар со формат скоро нема дамки иако спомнувап Вирекард улогата негова а доста мала од друга страна во ЦДУ има воени профитери со тендери на маски. Мора да со обноват, иако Меркел им носеше победи ја демолира партијата. Тешки години ги чекаат нешто како СПД после Шредер.
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.729
Поени од реакции
9.766
Има разлики ама секој мора да види што најмногу му одговара. Едино слабиот резултат не Левичарите малце ги помрсува сметките на СПД пошто фали таа опција за правење притисок. СПД оди на тоа луѓе со средни и мали плати да плаќаат помалце даноци а богатите повеќе. Тука се косат со ФДП кои сакаат намалување на даноци посебно за фирми и богати за да инвестираат повеќе. А зелените во даночната политика се кај СПД ама форсираат оскапување на конвенционално произведена енергија што значи големи поскапување. Зелените се лева партија не ситуираните а СПД сепак црпи најмногу од работници и пензионери. Мора ФДП да попушти во таква коалиција а не ко 2017 да избегнат коалиција. Сакаат да владеат. Мислам и ќе освежат ама даночно моментално стојам на страна на СПД. Шолц е политичар со формат скоро нема дамки иако спомнувап Вирекард улогата негова а доста мала од друга страна во ЦДУ има воени профитери со тендери на маски. Мора да со обноват, иако Меркел им носеше победи ја демолира партијата. Тешки години ги чекаат нешто како СПД после Шредер.
Лично немам ништо против ЦДУ/ЦСУ да е надвор од влада, 16 години како главна сила се повеќе од доволно, ако не и премногу. Ептен си се удомија, ова со не еден, не двајца туку повеќе функционери нивни со тендериве за маски ме згрози, а од политичар генерално очекувам се (пораснавме во МК нели). Доста им беше, изгубија компас.

Проблемот ми е што не очекувам промени на подобро со било која коалиција во влада. Очигледна стагнација и поларизација има во државава во премногу сфери и моменталните политички опции според мене немаат капацитет или сенс за вакви (продуктивни) промени. Што и да прават, само да не е на грбот на работничката класа како секогаш.

Sent from my GM1913 using Tapatalk
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.177
Поени од реакции
21.298
1632720895442.png

Резултат од првиот глас директно добиени мандати. На југ ништо ново, ЦСУ и ЦДУ доминираат. Иначе што посеверни и источно повеќе за СПД иако во западна е горе долу помешано. Саксонија и голем дел од Туринген АФД. Реално само тука им е силата но сепак доста голема.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.192
Поени од реакции
35.745
Не гледам како ЦДУ би направиле влада при ваков распоред на силите. СПД се во добитничка позиција само треба либералите да ги стокмат.
Автоматски споено мислење:

А шо ќе се случи ако Die Linke падне под 5%?
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.729
Поени од реакции
9.766
Не гледам како ЦДУ би направиле влада при ваков распоред на силите. СПД се во добитничка позиција само треба либералите да ги стокмат.
Автоматски споено мислење:

А шо ќе се случи ако Die Linke падне под 5%?
Ништо, има исклучок од правилото за 5% за партии што ќе добијат 3 директни мандати. Овие успеаа да добијат вкупно 3 (2 во Берлин и 1 Лајпциг мислам), така да влегуваат со сите 30 и кусур пратеници во Бундестаг. Германскиот изборен модел ако не е најсложен на свет не знам кој е...пред избори не знае човек дали ќе има 500 или 1000 пратеници на крај :unsure:

Либералите повеќе тежат кон ЦДУ/ЦСУ, ама имаше некои долни потези од овие во последно време упатени кон нив така да можно е да ги одјебат и да одат со СПД. Во секој случај, прво треба да се договорат Либералите и Зелените, 2 партии со (на изглед) спротивни идеологии, посебно за даноци, финансии итн (Либералите се залагаат за слобода, Зелените за законска регулација или забрани, пример CO2, затоа што според нив вака веќе не оди).

Во Берлин имаше референдум за присилно одземање на станови од големите компании (секако со финансиска оштета) од страна на државата, т.е. национализација на становите. Погодени се компаниите со над 3000 станови што прават профит од кириии. Причина е што кириите таму, како и скоро секаде, одат нагоре без тенденција да сопре трендот иако пробаа со различни методи (кочница т.е. плафон за кирии). Веројатно и на суд ќе падне ова, ама интересен преседан би бил :)
 
Последно уредено:

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.177
Поени од реакции
21.298
Не знам дали одземање на станови со оштета би паднало на суд. Уставот го дозволува тоа за општо добро и се прави масовно пример ако треба да се градат патишта. Ама Берлин е Берлин хаотичен град пред неколку години продале многу градски станови за да ги покријат долговите а сега дел од нив ги купија пак за далеку поголема цена.

Мислам Шолц ќе прави влада со ФДП и Зелените. Не гледам како ЦДУ може да влезе во игра макар и поќе да понуди.

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom