Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.227
Јамашита бил одговорен за масовен грабеж, невиден уште од времето на Монголите, низ цела Азија а посебно на Филипини кои ги одрал до последна цента. Бродовите со пленот патувале за Јапан виа Филипини. Денес на Филипини имало околу 134 тајни локации на кои се наоѓал пленот носен таму од цела Азија (главен координатор на грабежите бил братот на Хирохито) а кој поради америчката блокада не успеал да стигне во Јапан, една локација била пронајдена во 70-те од страна на аматер-ловец на богатство но за жал не успеал да се обогати туку завршил во затвор а парите (1,3 милијарда долари во денешни пари) завршиле кај диктаторот Маркос и неговата свита. А тоа е само една локација од 134 !
Но стрелан е за воени злосторства а не грабеж.
Во однос на останатите Јапонски офицери човекот бил мајка Тереза.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Но стрелан е за воени злосторства а не грабеж.
Во однос на останатите Јапонски офицери човекот бил мајка Тереза.
Колку што знам стрелан е за Манила 45-та. А има он други работи на своето конто, за кои тогаш, не му се судело.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.227
Колку што знам стрелан е за Манила 45-та. А има он други работи на своето конто, за кои тогаш, не му се судело.
Он наредува напуштање на Манила но како армиски генерал нема надлежност над морнарицата и токму Јапонската морнарица и маринци го прават масакрот во Манила.

Инаку кога читам за ривалството помеѓу Јапонската морнарица и копнена војска не можам да се изначудам на глупостите и се прашувам да не е аутизам?
Замисли, копнената војска имала свој носач на авиони за да не ги користи морнаричките носачи за транспорт.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Но стрелан е за воени злосторства а не грабеж.
Во однос на останатите Јапонски офицери човекот бил мајка Тереза.
Колку да се испоштова letter of the law. Сосема заслужена бесилка, ако се имам предвид дека организирал грабеж во тотални размери од окупираните подрачја.
Според мене, требало све што е над мајор во јапанска војска да се стрела, без дискриминација. А све над потпоручник во работен логор. Премногу лесно помина Јапанци.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.227
Колку да се испоштова letter of the law. Сосема заслужена бесилка, ако се имам предвид дека организирал грабеж во тотални размери од окупираните подрачја.
Според мене, требало све што е над мајор во јапанска војска да се стрела, без дискриминација. А све над потпоручник во работен логор. Премногу лесно помина Јапанци.
Поголеми гадови од него спасија гз. Стрелањето е чиста одмазда затоа што ги ишамарал Британците во 1942 и што ги измачил Американците дур го победат.

А ако е за стрелање за пљачка Германските и Советските офицери треба двапати да ги стрелаат.

Што се однесува до Јапонските офицери, донекаде си во право.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Лојалноста е еден од столбовите на Бушидо. Јапонците се познати по својата лојалност и доследност во извршување на командите. Вертикалната субординација им е закон. Не еднаш Јапонците изгубиле битка заради тоа. На пример Лејте. А Перл Харбур, Саво и при некои други битки, баш заради несамоиницијативност и заради доследно следење на наредбите и планот, пропуштиле од оперативни да ги претворат победите во стратегиски. Сосема спротивно од начелата на Ауфтрагтактикс, каде самоиницијативата на офицерот високо се цени и препорачува. Нему никој не му кажува што треба да направи и како да стигне до целта. Само му е дадена целта. (кај другите армии не е баш таква доктрината) Германскиот офицер може, ако сака, да скокне еден степен на команда и да комуницира со повисоки кругови директно. Пример, Ромел, а и многу други.
Лојалноста кон повисокиот команден степен и доследното јапонско извршување на наредбите, во Втора Светска, е невидено кај армиите на другите учесници.

Сакам да кажам, не ми се верува дека Јамашита не знаел и дека не можел да ги спречи злосторствата (Манила, а во Сингапур болницата и Сук Чинг, како и др.).

Е сега, за тоа за кое го осудиле на смрт јас не гледам некоја вина кај него, најмногу заради тоа што како фактор кој е многу јак, ривалството на морнарицата и армијата, го надминало она за кое зборев на почетокот, односно ривалството допринело за кршење на субординацијата - морнарите одбиле да се повлечат со војската.
Тука за морнаричкиот офицер (кој одбил да се повлече со своите 10.000 морнари кои го направиле масакрот после), треба да се каже дека тој со непослушување на наредбата на Јамашита да се повлече со него од Манила, не се одметнал на некој начин. Значи со тоа што одбил команда не излегол од командниот ланец. Тој својата одлука ја донел врз база на слепа лојалност кон императорот и своите надредени во морнарицата, кои пак дејствуваат како воен одвоен систем од армијата (копнената армија). Јапонската окупација ја изведуваат две страни, внатрешно спротиставени и за тоа многу е зборено тука. Вертикалната субординација е закон, но изгледа само во рамките на секоја од овие две страни, не надвор од нив.

За злосторствата на Малајскиот полуостров (Сингапур), како и за пљачкањето, сметам дека нема кај да бега. Тие се извршени од единици директно под негова команда.
Тука има еден негов подреден, кој ми делува како мал Химлер, кој најверојатно имал најголема улога во тие грозни настани (ако бараме некој повисок чин на тапет).
Он киднал. Не го фатиле. Избегнал судења. Се појавил подоцна, па го снемало.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Oвој е одговорен за Сук Чинг, кога бил под команда на Јамашита. За него зборев на крај од предходниот пост.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.227
Интересен ми е односот на Јапонците спрема воените заробеници во Руско - Јапонската и Прва Светска војна наспрема Втора Светска. Барем на заробениците од Европските земји.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Интересен ми е односот на Јапонците спрема воените заробеници во Руско - Јапонската и Прва Светска војна наспрема Втора Светска. Барем на заробениците од Европските земји.
Има разлика и кај Германците и нивниот однос кон заробениците, и Русите и нивниот однос кон заробениците...
Тоа е, во главно, затоа што Русија, Јапан и Германија, во Прва немаат, а во Втора имаат во војувањето и идеолошка заднина.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Поголеми гадови од него спасија гз. Стрелањето е чиста одмазда затоа што ги ишамарал Британците во 1942 и што ги измачил Американците дур го победат.

А ако е за стрелање за пљачка Германските и Советските офицери треба двапати да ги стрелаат.

Што се однесува до Јапонските офицери, донекаде си во право.
Не е само пљачка туку све по ред, јапанските злочини се на ниво со германските но не се толку присутни во јавниот дискурс поради тоа што нивните жртви биле таму некаде, по Нанкинг и Манила. Дури и нацисти во Нанкинг спасувалe кинези под наци-знаме пошто билe шокиран од зулумите на јапанците.
Поведението на припадниците на јапанските вооружени сили 37-45 е едно од најголемите срамови во историјата на човештвото.

 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.227
Не е само пљачка туку све по ред, јапанските злочини се на ниво со германските но не се толку присутни во јавниот дискурс поради тоа што нивните жртви биле таму некаде, по Нанкинг и Манила. Дури и нацисти во Нанкинг спасувалe кинези под наци-знаме пошто билe шокиран од зулумите на јапанците.
Поведението на припадниците на јапанските вооружени сили 37-45 е едно од најголемите срамови во историјата на човештвото.
Неспорно, но Советите и Германците пљачкале тука некаде а поголеми крвници од Јамашита се извлекоа.

За злочините да, единствено Монголите во среден век ги надминуваат.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Неспорно, но Советите и Германците пљачкале тука некаде а поголеми крвници од Јамашита се извлекоа.

За злочините да, единствено Монголите во среден век ги надминуваат.
Не сум сигурен дека советските пљачкања може да се споредат со јапанските, можеби со германските донекаде. Иако советите расклопувале цели фабрики од окупационата зона и ги товареле на возови, тоа не може да се спореди со јапанци кои краделе и по села, војници ограбувале до гола кожа обични селани, све што може од скромниот им дом, храна, жива стока...а во случај да не можеле да однесат све, тоа што останувало го спалувале. Има и кај нацисти сличен однос, а кај совјети сепак помалку.

Дури и монголите, имајќи предвид временската рамка, бледнеат пред јапанските зулуми. Сепак се работело за само осум години. Настрана единици како специјалните од типот на 731, нешто кое верувам би ги шокирало и припадниците на Златната Орда.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Самоубиствата кај јапанци на другата тема ме потсети дека сличен, иако во многу помал обем феномен постоел и кај нивните сојузници. Не се знае точно колку нацисти и членови на нивна фамилија си го одзеле животот, само во Берлин се оперира со 7000 суициди.
Многу од нив си ги убивале сопружниците и децата за да не попаднат во раце на Црвената Армија за која нацистите ширеле пропаганда слично како јапанци према амери, тоа се азијатски орди на канибали, садисти и силувачи кои пијат крв.
Најпознат е секако случајот со Гебелс и жена му кои заедно си ги убиваат шесте деца (преживеал најстариот син кој не бил присутен) пред да се самоубијат самите.


Не е мал бројот на високи офицери кои не можеле да се помират со поразот.
Други, знаејќи што правеле на Исток, со право очекувале смрт како одмазда.

Една голема разлика е во тоа што кај нацисти немаме случаи на рандом војници да излезат од Шварцвалд или Алпи во 70-ти години пошто не верувале дека војната завршила :angel: Последниот јапанец се предал 1974. Несфатлив левел на брејнвош.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Во WW2 единствена армија која имала борбени женски единици е Црвената Армија, не сметајќи ги погореопишаните јапански очајнички потези.

Во авијацијата познати се легендарните советски "Ноќни вештерки" кои биле исклучиво женски ескадрили за ноќно бомбардирање. Треба да се прецизира дека се работело за она што се нарекува night harassment attacks, кое е многу различно од стратешко или тактичко ноќно бомбардирање.
Овие напади биле со цел да не се остави време за одмор на непријателот, да биде ноќно време на штрек, психолошко уништување, да одвојува авиони за заштита и по можност да се нанесе што поголема штета при тоа употребувајќи авиони Поликарпов По-2, двокрилец за основна обука на кој бил монтиран еден митралез за заштита на задна сфера и можел да носи до 250кг бомби или ракети.

Кај ловечката авијација, најголем женски ас (а такви имало само во СССР) е Лидија Литвак која извојувала 17 воздушни победи. Таа била воедно и прва жена која соборила противнички авион во историјата. Загинала во битката кај Курск кога немачка ПА го погодува нејзиниот Јак-1. Имала 22 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom