Врска и брак...кои се разликите?

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Сите велат дека постои разлика од врска и брак. Оние кои се веќе во брак може ли да објаснат која е разликата и што се променило со потписот? Дали сте забележале некои нови, невообичаени маани/доблести кај вашиот животен сопатник? Што е тоа што ви фали во бракот а го имало во врската и обратно? Колку сте задоволни со изборот на вашиот животен партнер?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
јас сакам да сум сега во ВРСКА со сопругата
а сега, во исти стан живееме,иста постела делиме
исто вино не опива,но сепак сме далечни
по навика ли,или периодично понекогаш се љубиме.
За лажење и авантури веќе немаме сила,
а заедно поминавме толку многу години
и сега се плашиме од вистината,дека сме далечни.
Почесто го посетуваме Зегин,а се поретко Пелистер.
Каде ли отишла љубовта низ нашата порта,
збогум на радоста и младаоста, навладеа тагата,
во некој ден понекој насмев,чај и ништо друго.
А врска имавме,тоа го има во албумот со наши слики
и често,многу често со солзи го прелистуваме,
убави денови драга,заедно поминавме
некогаш кога бевме во врска и се сакавме.[DOUBLEPOST=1427634061][/DOUBLEPOST] Picture 1286.jpg врска без разврска.
 
Последно уредено:
Член од
25 март 2014
Мислења
717
Поени од реакции
733
@Anco ме трогна текстот, се гледа дека е напишано од срце, значи ние младите да очекуваме дека кога ќе навршиме одредена возраст љубовта преминува во навика и пиење чај, а каде е тука сексот? каде се заедничките прошетки, милувањата пред тв, бакнежите? :smirce: позз до вашата сопруга

Он: Во брак сум и некоја разлика нема од врска до брак едино што поопуштени сме еден околу друг, повеќе се караме, ама затоа пак и повеќе секс имаме неголи што некој има во врска(y)
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Сите велат дека постои разлика од врска и брак. Оние кои се веќе во брак може ли да објаснат која е разликата и што се променило со потписот? Дали сте забележале некои нови, невообичаени маани/доблести кај вашиот животен сопатник? Што е тоа што ви фали во бракот а го имало во врската и обратно? Колку сте задоволни со изборот на вашиот животен партнер?
Anco напиша:
Кога би можел да го сопрам времето.Да застане.Таму да остане.
Би го вратил и оној момент кога ја почнав врската со девојката.
Да не се помрдне и вечно да трае.
Кога една дамнешна вечер на корзо пред “громби“
на тогаш непознатото девејче-ученичка во СМУ-П.Ќ.,му реков:
„ утре може ли да се видиме“, тоа потврди-се сложи.
О колку беше тој долг ден до утре,траеше подолго него ли воениот рок.
Но сепак дојде,и јас отидов порано да ја чекам пред старата печатница.
И погледот ми е свртен онаму од каде требаше да се појави-друго околу мене и не приметувам,само нејзе ја чекам и илјада Брижит Бардо да поминале покрај и пред мене ќе поминале да не ги забележам.Таа се појавува во далечината,осеќам врели врутоци во градите.Доаѓа,осеќам и таа ја сака оваа средба и оваа врска.Одиме по булеварот-ЈНА,неколку прашања за школо и желбата да ја фатам за рака,да ја држам и да ја поведам ми се исполнува за кратко.Ги испуштаме рацете малку да се оладат.Ни горат,се испотиле од тој прв допир на првата средба на почеток на оваа врска,и излегува љубов од нив-верна љубов.Се уште се срами не гледа многу во мене,туку некаде далеку - лета,во некој свет на непознато наречено љубов.Повторно рацете ни се заедно,овојпат подолго,и гледам и сакам да не се раздвојат- да не се испуштат.
Тука кога би можел би го сопрел времето.Да застане.Таму да остане.
Девојчето и сега го гледам,тоа исто девејче од оваа средба,додека јас ова го пишувам,тоа се уште спие со нејзината и моја најмала внука.
Не успеав времето да го сопрам-тоа не однесе по патот на љубовта.
Тој резултат се потврдува и гледа по исполнетиот кревет пред мене.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Еден од најдобрите постови кои сум ги прочитал на форумов, така прекрасно и искрено напишано, Anco at his best!
(y)(y)(y)(y)(y)
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.648
Поени од реакции
690
јас сакам да сум сега во ВРСКА со сопругата
а сега, во исти стан живееме,иста постела делиме
исто вино не опива,но сепак сме далечни
по навика ли,или периодично понекогаш се љубиме.
За лажење и авантури веќе немаме сила,
а заедно поминавме толку многу години
и сега се плашиме од вистината,дека сме далечни.
Почесто го посетуваме Зегин,а се поретко Пелистер.
Каде ли отишла љубовта низ нашата порта,
збогум на радоста и младаоста, навладеа тагата,
во некој ден понекој насмев,чај и ништо друго.
А врска имавме,тоа го има во албумот со наши слики
и често,многу често со солзи го прелистуваме,
убави денови драга,заедно поминавме
некогаш кога бевме во врска и се сакавме.[DOUBLEPOST=1427634061][/DOUBLEPOST]Прегледај го приврзокот 117697 врска без разврска.

Ах, големо браво за текстот.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.678
Поени од реакции
19.589
Najgolemoto nesto sto se promeni kaj mene bese, da ne mora da me vrakja skoro sekoj den relacija Gjorche - NLO, dushata mu iskacase, mada i ja so oset nekat so taxi si idev nakaj doma :D Drugoto pretezno ostana isto od koga dojdoa i decata mislam deka taa vrska uste tolku se zacvrsti, cisto sumljam deka potpisot menja neso, osven polnomoshtvo na kartici :)D), i den denes se smeam koa ke mi tekne sedime u kafana onaka labavo i se smee mi sepka na uvo, ovie site treba sea da si gi nosat devojkite doma, a jas i ti ke si ideme doma zaedno i ke si spieme zaedno ... no comment :backa:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Секогаш си го поставував прашањето дали партнерите после бракот се менуваат или претходно биле актери кои си го покажале вистинското лице? Или пак едниот партнер имал преголемо очекување, па се разочарал/а.

Ништо не ми се смени после потписот, затоа што за мене тоа е исто како да си во врска. Заедно имаме поминато секакви проблеми од кои собравме големо искуство. Може тоа е причината што после брак немавме промени во однесувањето.
Промените дојдоа по раѓањето на децата, а тоа се позитивни промени. Тие донесоа и емоции кои уште повеќе не поврзаа.

Разликата е самостоен живот, повеќе обврски и трошкови, помалку време за уживање, но многу поголеми задоволства. Но кога добро ќе си ги организираш домашните активности се наоѓа време за се.

И жена ми и има една голема маана, почна да мисли дека телевизорот е лично нејзин и не ми дава да гледам фудбал. А пред тоа викаше со тебе заедно ако треба цел живот ќе гледам фудбал. :icon_lol:
И не сум задоволен од неа, не знае да прави бурек и не јаде боранија. Се мислам дали да ја вратам кај мајка и. :unsure: :P

Мразам мажи што во врска "симнуваат" ѕвезди, а во брак се менуваат за 360 степени. Ниту ги интересира за фамилијата, парите со нив и акање низ град. Подобро остани си сам, а не да уништуваш нечиј живот.
 

newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
265
Поени од реакции
100
За мене бракот не смени ништо дали оти немаме деца кога сакаме си излеваме шетаме сега за сега ми е супер
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Се си има свои предности и мани :icon_lol:.

На пример, мене лично во брак ми е многу поубаво отколку во врска. Се чувствувам посигурна и послободна за било што, за разлика од кога бев во врска кога повеќе се плашев да не "погрешам" нешто. Дека потписот довел до ваква промена се сомневам, меѓутоа заедничкиот (самостоен) живот, обврските и сериозноста кон домот, како и препреките со кои човек се сретнува во животот на крајот резултираат во сето тоа.

Од друга страна пак, ми фали несериозноста што ја имавме во врска која сега дури и да сакам не можам да ја вратам назад :pijani:

На крај на денот се во свое време :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom