Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Еј љубов! Еј среќо! Еј животе! Уживам во мрзливите претпладниња покрај погледов што ми го нуди прозорецот од дневната, повеќе е панорама, ама убава, денес не е таква грозна, убава е. Пијуцкам кафе, или млеко со малку кафе, полека во мали голтки и упивам мирис на фрезии од малото пасиче покрај фотељата, секој ден ист на претходниот јајце на јајце, тотална спротивност од оние претпладниња од пред 6м. Доаѓа моментот кога ќе дојдеш и ќе ме бакнеш во чело, ќе ме кренеш од дремливиот момент и ќе ме однесеш на сосема нови места и сосема нови емоции. Се врати живоста на твоето лице, мразев да те гледам болен и нерасположен, тивок и во долг сон. Наскоро оваа наша огромна куќа ќе биде исполнета со џагор, 4 деца наеднаш ќе бараат свое место под твоите крила, а ти ќе им дадеш на сите закрила како и на неа. Ми недостига нашата пеперутка, да биде тука, да дојде со некој цртеж да ме праша дали е убаво, да ме праша која четка смее да ја земе, да ми ја донесе огромната чаша со чај кој сама го припремила и да ми се смести крај нозе со спремни прашања, да ѕирка дали од некаде доаѓаш да не наслушнеш што има да праша. Сонувам за една прекрасна пролет која наскоро ќе дојде, кога од 3 ќе станеме 6, кога ќе крадеме мигови за нас и ќе се сеќаваме на овие денови со насмевка. Ајде дојди, кафето го достигна дното, сакам да те сакам засекогаш!
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
14
Поени од реакции
36

Од текстов што го напиша, ако имаш два три збора сврзано добро е,ако не јбг иди у школа да те научат оти ти да знаеше два три збора немаше да си на форумоб.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Од текстов што го напиша, ако имаш два три збора сврзано добро е,ако не јбг иди у школа да те научат оти ти да знаеше два три збора немаше да си на форумоб.
С'с тој што вреѓаш мислиш дек си попаметан? А ти што знаеш 2-3 збора затој си на форумав или дојде да солиш памет на други?
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Од текстов што го напиша, ако имаш два три збора сврзано добро е,ако не јбг иди у школа да те научат оти ти да знаеше два три збора немаше да си на форумоб.
А што сакал авторот да каже? Ништо не сфатив од твојава критика. Може хормони да ме успориле, ама јас тебе стварно ништо не те разбирам :confused:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom