Вести: Археолошки истражувања во Република Македонија

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
^ Македонците сеуште не се доселени во тој период за кој зборува овој... "доктор".
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Завршија годишните истражувања на локалитетот Градиште кај Таор

Во текот на досегашните истражувања на локалитетот беше извршено прецизно дефинирање на хронолошката слика на Градиште -Таор, и тоа: раното бронзено време од околу 2200-1600 год. пред н.е. античкиот хоризонт, римскиот империјален период кој егзистирал во периодот од II до III век, доцноантичкиот културен хоризонт, кој егзистирал од IV до крајот на VI век, како и раносредновековниот културен хоризонт кој припаѓа на периодот од IХ-XII век...


Со поддршка од Министерството за култура во изминатиот период стручните екипи од Музејот на Град Скопје ги завршија археолошките истражувања на локалитетот Градиште, с. Таор, Скопско.

Во текот на досегашните истражувања на локалитетот беше извршено прецизно дефинирање на хронолошката слика на Градиште -Таор, и тоа: раното бронзено време од околу 2200-1600 год. пред н. е. античкиот хоризонт, римскиот империјален период кој егзистирал во периодот од II до III век, доцноантичкиот културен хоризонт, кој егзистирал од IV до крајот на VI век, како и раносредновековниот културен хоризонт кој припаѓа на периодот од IX до XII век.

Доцносредновековната некропола пак лежи врз остатоци од градбите. Со истражувањата се откриени пет гробови датирани во периодот од XVI до XVII век. Во текот на досегашните истражувања е откриен обемен движен археолошки материјал.

Покрај многубројните фрагменти од керамички садови, откриени се фрагменти од стаклени садови, прозорско стакло, накит (обетки, фибули, прстени), предмети од коска, оружје, делови од воена опрема, орудија, предмети од градежни конструкции, делови од брави и клучеви и околу 530 бронзени монети. Селото Таор лежи на околу 20 км југоисточно од центарот на Скопје, на левиот брег на реката Вардар, на местото каде што реката навлегува во Таорската Клисура.

Во римско време во северното подножје на населбата поминувал магистралниот повардарски пат Виа Аксија (Via Axia), кој од Скупи преку Стоби одел за Тесалоника. Локалитетот за првпат е евидентиран од англискиот истражувач, археолог и патописец Артур Еванс, од кога датираат и првичните информации за неговата местоположба како родно место на императорот Јустинијан Први.





извор; http://cooltura.mk/arheologija/zavrshija-godishnite-istrazhuvanja-na-lokalitetot-gradishte-kaj-taor
Состојба на ден 01.05.2017
Патриотизам на дело WP_20170501_16_37_50_Pro.jpg WP_20170501_16_39_09_Pro.jpg WP_20170501_16_39_34_Pro.jpg
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Состојба на ден 01.05.2017
Патриотизам на дело
Толку е - завршија археолошките истражувања.
Сега за сега.

Доколку имаше нешто кое требаше да се заштити - ќе се зашитеше.
Тоа обично се мозаици или фрески - овде колку што сум запознаен нема такви.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Толку е - завршија археолошките истражувања.
Сега за сега.

Доколку имаше нешто кое требаше да се заштити - ќе се зашитеше.
Тоа обично се мозаици или фрески - овде колку што сум запознаен нема такви.
Za zal rana, na makedonskata arheologija e,,konzervacija i publikacija,,
Da se nadevame na podobri vreminja.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Откриена скулптура на Афродита со Ерос во рацете во Виница



Музејот „Теракота“- Виница во мај почна со реализација на проектот „Расчистување и доистражување на објектот цистерна“ на археолошкиот локалитет Виничко кале.

Група археолози и студенти кои работат на овој проект открија мермерна скулптура која спoред првичните проценки е божицата Афродита со Ерос во рацете.

- Интересен предмет кој го пронајдовме на подното ниво на цистерната е мермерна скулптура во седечка положба, најверојатно се работи за Афродита, која седи на карпа и со левата рака се потпира на карпата. Не успеавме да ги најдеме телото и главата од скулптурата. Покрај тоа откривме и доста ќерамика која во следниот период ќе биде научно обработена и се разбира конзервирана и изложена во витрините на музејот „Теракота“. Една од главните цели на проектот поврзани со заштитата на цистерната оваа година е нејзино оградување со ограда од поцврст материјал, изјави Јулијана Иванова, директор на музејот „Теракота“.

Конзервација и покривање на цистерната, посочи таа, би биле последователни фази од проектот за кој треба да се изготви проект во соработка со Национален конзерваторски центар кој е надлежен за недвижното културно наследство на територијата на општина Виница.

Проектот е финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес за годинава.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Продолжуваат истражувањата на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука

Минатата година се започна со истражување на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, тумба што се наоѓа во северната половина на Пелагонија, односно меѓу селата Славеј и Врбјани во рамки на општина Кривогаштани. Истражувања дадоа одлични резултати за просторната организација на неолитската населба, како и за стопанството, општествениот живот и верувањата на првите земјоделци во овие краишта. Резултатите се публикуваа во научно списание, со што се афирмираше фактот дека Врбјанска Чука била специфична неолитска населба и имала клучна улога во појавата и развитокот на земјоделството во овој дел од Македонија.

Тоа го потикна научниот тим да ги продолжи истражувањата и оваа година, со тоа што покрај стандардните археолошки ископувања, фокусирани на веќе откриените неолитски куќи и средновековните слоеви, паралелно ќе се вршат и археоботанички, зооархеолошки, ихтиолошки, антраколошки, геоархеолошки и паленолошки анализи, а ќе се изведе и датирање на населбата преку AMS методот. Со тоа не само што ќе се добијат податоци за архитектурата и материјалната култура на неолитските земјоделски заедници, туку и темелно ќе се реконструираат нивната исхрана, животинскиот свет и природната околина, како и времето во кое тие живееле.

Во истражувањата се вклучени стручњаци од повеќе научни области и земји, така што овој проект претставува меѓународна соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата, Институтот за старословенска култура, Заводот и музеј – Прилеп, Универзитетот на Јужна Бохемија и Институтот Биосенс. Со оглед на комплексноста на проектот, тој е подржан од Министерството за култура, Општина Кривогаштани, Швајцарската национална фондација за наука, Универзитетот на Јужна Бохемија и Институтот Биосенс. Покрај темелните нучни резултати, ваквата меѓународна соработка ќе овозможи и поширока презентација на предисториското културно наследство од Македонија. Како и минатата година, и овој пат добиените резултати ќе се публикуваат во неколку научни списанија и ќе се презентираат на повеќе конференции во Европа.




извор: http://www.krivogastani.com/archives/4095

Во Стоби раздвижено - паралелно се реализираат три проекти


Осма година по ред на Стоби се организираат и летни школи во соработка со Фондацијата Балканско наследство од Бугарија. Веќе завршија двете работилници за конзервација на керамика и стакло, мозаик и фрески на кои учествуваат 13 студенти од Данска, САД, Канада, Британија, Хрватска, Австралија и Холандија.

повеќе: http://vecer.mk/kultura/vo-stobi-razdvizheno-paralelno-se-realiziraat-tri-proekti
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Пред еден месец е но важно е:

Откриена првата Палеолитска станица во Македонија

Во близина на Светиниколското село Мустафино на археолошките локалитети „Узун мери“ и „Турски гробишта“ откриена е првата палеолитска станица во Македонија. Археолошките истражувања на локалитетите ги вршеа универзитетските професори Трајче Нацев и Дарко Стојановски и студентите од катедрата за археологија на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.




Универзитетскиот професор и археолог, Трајче Нацев на денешната прес–конференција рече дека при сондажните истражувања пронајдени се камени орудија кои датираат од средниот палеолит, време кога егзистирал неадерталецот, тип на човек кој се занимавал со лов и собирање на плодови.

– Локалитетот „Узун мери не е познат претходно. Тоа е нов и по повеќе параметри претставува уникатен за македонската археологија. Овој локалитет претставува Палеолитска станица од каде при сондажното археолошко истражување откриени се само камени орудија, кои врз основа на првите анализи локалитетот го сместуваат во средниот Палеолит, односно во периодот од 300 000 до 40 000 години п.н.е., односно во геолошкиот период плеистоцен, а од овој период тип на човек е неандреталецот, вели Нацев.

Карактеристично за пронајдените орудија е тоа што се гледа целиот технолошки процес на нивната изработка. Заменик раководителот на археолошките истражувања, Дарко Стојановски вели дека уникатно е и тоа што најчесто палеонтолошките наоѓалишта се во пештери, а ова е од отворен тип и затоа се именува како Палеолитска станица од отворен тип. Пронајден е археолошки материјал на поголема површина.



Вакви локалитети досега се откриени низ целиот Балкан и со ова практично ја вклучуваме и Македонија во таа мреша на средно палеолитска култура и се надевам дека ќе продолжиме со понатамошни истражувања, вели Стојановски.

Еден дел од локалитетите потпаѓаат под земјиштето каде е предвидена изградба на карго-аеродромот. Затоа археолозите ќе бараат дозвола за двегодишни истражувања на овој терен, а останатиот дел ќе се истражува подолг временски период.

извор: http://www.libertas.mk/otkriena-prvata-paleolitska-stanitsa/

 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Археолозите открија два нови локалитета во Пијанец


Киселичката пештера и локалитетот Градиште во Киселица се нови арехолошки локалитети во Пијанец. Двете нови археолошки наоѓалишта во атарот на делчевското село Киселица ги открија младите студенти од Факултетот по археологија при УГД Штип под менторство на професорите Нацев и Стојановски во рамките на проектот „Пајонски утврдувања и населби во Брегалничкиот басен.

  • Отворивме една сонда на Градиште, во сондата најдовме една монета Клаудија којашто припаѓа на периодот 40 години пред нашата ера, објасни проф.д-р Трајче Нацев, УГД – Штип.
Но, во непосредна близина на сондата каде што е пронајдена монетата, археолозите откриле сакрален објект, стара базилика,локација која , сепак, не била поштедена од дивите копачи.

  • Најстарата фаза на објектот е базиликална градба од 5-6 век од нашата ера, бил срушен од со даѓањето на аврословените при карјот на 6 и почетокот на 7 век, но имаме информации од месното население, но и арехолошки податоци дека на објектот била подигната мала еднокорабна црква врз темелите на старата градбаизстакна проф.д-р Нацев.
За прв пат, во Источна Македонија , археолозите од Факултетот при УГД, археолошки истражуваа пештера ,потенцијал занемарен од археологијата во Македонија. Киселичката пештера докажа дека во пештерата имало живот и пред повеќе од 10 века пред новата ера.

  • Вршевме сондажно арехолошко истражување, утврдивме два понтензивни културолошки периди на користење на пештерата. Најстариот е од доцната бронза и раното железно време,кога во самата пештера бил креиран објект и втората фаза е од доцната антика и пештерата била посетувана и во подоцнежните фази, изјави проф.д-р Дарко Стојановски, УГД Штип.
Во истражувањата на теренот и во рамките на проектот ,четврта година по ред се вклучуваат и студентите по археологија при УГД, па освен новите докази за науката, овој проект има и едукативна цел за студентите по археологија.

  • Ова е одлично искуство за нас, што можеме да работиме директно на терен, кажа Дамјан Илиев, студент по археологија.
  • Теренската работа не е лесна, но е одлично искуство, а се обучуваме и во делот на техничката работа, додаде Кристијан Блажевски, студент по археологија.
Истражувањата о Делчевско ќе продолжат до крајот на овој месец, а следната локација каде што ќе се работи е атарот на делчевското село Град.


извор: http://www.televizijastar.com/2017/08/14/археолозите-открија-два-нови-локалит/[DOUBLEPOST=1502741057][/DOUBLEPOST]Се истражува Грамада кај Старо Бонче



Во тек се археолошките истражувања на Старо Бонче, на локацијата Грамада под Три Камна. Се работи за некропола, која е оддалечена на околу 1.000 метри воздушна линија од добро познатата, монументалната кралска гробница од македонски тип, на локалитетот Павла Чука.

На локалитетот Грамада е истражувано во повеќе наврати од 2010 година наваму и досега се откриени дваесетина гробови.
- Гробовите потекнуваат од раноантичкиот период, поточно 5-4 век пред н. е. Досега на овој локалитет се пронајдени голем број археолошки наоди, меѓу кои најмногу внимание привлекуваат сребрените фибули од малоазиски тип, монетите на македонските кралеви, железни копја, керамички садови и др. Токму и затоа продолжуваме да копаме на овој локалитет – вели Антонио Јакимовски од Филозофскиот факултет, раководител на проектот.

Целта на овие истражувања е да се добијат повеќе информации за времето и просторот во кој егзистирале овие некрополи во раната антика, а со тоа и да се дефинираат границите на градот за кој постои теорија дека е главниот град на четвртата македонска мерида – Пелагонија.

Носител на проектот е Филозофски факултет од Скопје, во соработка со Завод и Музеј Прилеп. Проектот е финансиран од Министерство за култура, а е поддржан од Управа за заштита на културно наследство.


извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Се-истражува-Грамада--кај-Старо-Бонче&id=451a0031-850f-4e58-87e3-13623971e753
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Археолошко истражување на локалитетот Врбјанска Чука

Истражувањата на оваа тумба се изведуваа во текот на јули како резултат на меѓународната соработката меѓу Центарот за истражување на предисторијата, Институтот за старословенска култура, Завод и музеј - Прилеп, Универзитетот на Јужна Бохемија и Институтот Биосенс.




Оваа соработка се темели на мултидисциплинарно проучување на локалитетот, при што, покрај стандардните археолошки методи, се вршеа анализи на цералии, скроб, фитолити, вегетација, животни, школки итн. Тоа овозможи многу подетален увид во животот на неолитската популација што ја формирала оваа тумба во Пелагонија.

Во рамки на ископувањата се потврди постоење на пет неолитски градби во простор од 300 метри квадратни, од кои две се изработени од лепеж, додека останатите три од дрво, што пак укажува на различните архитектонски пристапи на земјоделските заедници во оваа населба. Во една од градбите беа констатирани дури шест стопански структури и десетина камени мелници за обработка на жито, и за сега се издвојува како единствена таква пронајдена меѓу неолитските локалитети во Македонија. Во соседната градба се открија амбари, корита, печка и платформи за помасивни структури, а во кои најверојатно се чувало жито и подготвувал леб. Имајки го предвид и големиот масивен амбар со четири корита, пронајден претходно во оваа наелба, се потврдува дека оваа населба била своевиден земјоделски центар во регионот, концентрирана на обработката на пченица и јачмен (детектирани во археоботаничките анализи).

Кон ваквиот карактер на Врбјанска Чука посочува и мноштвото луксузни садови изработени од најфина глина, полирани и декорирани со црвена боја и невообичаени црни орнаменти. Покрај нив беа пронајдени и голем број предмети кои и‘ припаѓаат на духовната култура, како што се фигурини, жртвеници, антропоморфни модели на куќи итн. Меѓу останатите предмети се открија и керамички дискови, токени, кугли за праќа, тегови, камени секири, острила, кремени ножиња и шила од коска што укажува на активностите во рамки на секојдневниот живот. Археозоолошките анализи потврдија присуство на диви животни (елени, лисици, птици, риби и змии), најверојатно ловени со некои од овие предмети, како и домашни животни (говеда, свињи, овци, кози и кучиња) што се одгледувале и конзумирале во населбата. Детектирањето на некои видови птици и растенија преку анализите упатува на тоа дека просторот околу оваа населба бил мочурлив и во неолитот, што пак овозможувало плодни полиња и поголем избор на храна и ресурси (риби, птици, жаби, трска итн.).

Деталното стратиграфско проучување на населбата посочи постоење на дури три неолитски хоризонти со различни архитектонски техники, како и на еден антички и еден средновековен хоризонт. Во времето на антиката се копале јами (што пробиле дел од неолитските куќи), а во коишто се чувало жито. Поради откриените тули, имбрекси и тегули во античкиот хоризонт, се претпоставува дека на самата тумба имало стопански комплекс (можеби вила рустика), а јамите биле во релација со него. Истражувањата потврдија дека вакви активности имало и во средниот век, после чие замирање тумбата се користела и како некропола. Во целина, истражувањата укажаа на фактот дека Врбјанска Чука бил комплексен локалитет и особено динамичен во неолитскиот период. Наскоро ќе биде дефинирано и неговото точно датирање, бидејки дел од примероците ќе се анализираат во лабораториите на Универзитетот во Берн, каде што и претходно се добија исклучително битни податоци за времето во кое функционирале неолитските населби во Пелагонија.

Во рамки на овој проект учествуваа бројни стручњаци од Македонија, Чешка и Србија, а коишто им припаѓаат на повеќе научни сфери, вклучувајки ги археологијата, зооархеологијата, археоботаниката итн. Со оглед на неговата обемност тој беше финансиски подржан од повеќе институции, како што се Швајцарскиот фонд за наука, Министерството за култура, Општина Кривогаштани, Универзитетот на Јужна Бохемија и Европскиот истражувачки совет. Како резултат на конструктивната соработка и одличните податоци, се очекува истражувањата на Врбјанска Чука да се реализираат и следната година со домашна и меѓународна подршка, а до тогаш, добиените сознанија ќе се публикуваат во повеќе списанија и ќе се презентираат на неколку конференции и предавања.

извор: http://cooltura.mk/arheologija/arheoloshko-istrazhuvanje-na-lokalitetot-vrbjanska-chuka
[DOUBLEPOST=1503088056][/DOUBLEPOST]Штипскиот Музеј ќе го истражува локалитетот Манастирче кај Чардаклија

Штипскиот Музеј бара околу педесетина работници кои ќе работат на археолошкиот локалитет Манастирче кај штипското село Чардаклија. Сите заинтересирани од денес може да се пријавуваат во Музејот.



Директорот на Заводот за заштита и споменици Музеј на град Штип Митко Штерјов рече дека со овие подготовки и официјално од наредниот месец почнуваат истражувањата на средновековниот локалитет Манастирче, кој се наоѓа во непосредна близина до новиот експресен пат Штип-Кочани.

Локалитетот Манастирче е откриен од страна на селаните, кога случајно раскопале темели од мал објект. Подоцна било утврдено дека станува збор за црквичка ѕидана од кршен камен и варов малтер, а на западниот трем од црквата биле откопани три гроба со конструкции од монолитни камени плочи.

Штерјов забележа дека изградбата на новиот експресен пат ќе овозможи и полесен пристап до локалитетите кои гравитираат на потегот од Штип до Кочани. Археолошките мапи, како што рече, покажуваат дека токму овој дел е богат со наоѓалишта.

Археолозите од штипскиот Музеј во моментов работат на археолошкиот локалитет Врчва, кој се наоѓа во идното рудно тело на Боров дол.

извор: http://cooltura.mk/arheologija/shtipskiot-muzej-kje-go-istrazhuva-lokalitetot-manastirche-kaj-chardaklija
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Тековни археолошки истражувања на локалитетот Градиште/Кале кај Згрополци

Екипа од Народниот музеј од Велес врши археолошки истражувања на локалитетот Градиште/Кале кај село Згрополци, кој е идентификуван со античката населба Гурбита. Истражувањата претставуваат продолжение на археолошкото ископување на овој локалитет почнати во 2008-та година.

Проектот претставува дел од Годишната програма за работа на Народниот музеј Велес за 2017 година и се реализира под раководство на археологот Анита Василкова Мидоска. Тој е целосно финансиран од страна на Министерството за култура во рамки на Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес за 2017 година

Василкова Мидоска изјави дека истражувањата се фокусирани на археолошко ископување на дел од некрополата којашто егзистирала во периодот од 3 век п.н.е. до 4 век н.е. Теренските истражувања ќе се одвиваат до крајот на август, а потоа ќе се премине кон стручна и научна обработка на добиените податоци. Првичните информации се добиени уште во рамки на истражувањата реализирани во 2014 година и врз основа на овие прелиминарни податоци, годинава е пристапено кон поопсежно истражување на овој простор.

- Најголемиот дел од гробните целини откриени со овогодинешните истражувања припаѓаат на типот на гробна конструкција со правоаголна основа изведена со кршен камен во техника на сувоѕид со поголеми димензии поставени во континуирана низа. Освен овој тип застапени се и гробови поставени во ограден простор – периболос во кој се погребувале покојници кои можеби биле фамилијарно поврзани. Според начинот на погребување застапен е само ритуалот на кремација, а кремираните останки се положени директно на земјата по претходно изведен ритуал на пурификација (прочистување), појасни археолот Василкова Мидоска.

Таа информира дека откриените движни археолошки материјали во најголем дел се предмети од секојдневието. Преовладува керамиката, а откриени се и наоди од метал и стаклени садови. Сите овие предмети претставуваат гробни прилози што во голема мера ја отсликуваат религиозната слика на населението, особено од аспект на погребните ритуали и верувањата во задгробниот живот.

Василкова Мидоска појасни дека досегашните податоци добиени од истражувањата на некрополата укажуваат дека гробовите припаѓаат на раниот римскиот период односно 1-2 век од н.е.

- Слоевитоста на некрополата укажува дека таа била користена подолг период од неколку векови. Имено, со истражувањата се евидентирани и постари гробни целини кои датираат од периодот на 2-1 век п.н.е. и се надеваме дека во иднина ќе имаме можност да ги истражиме и на тој начин би се добил прецизен и дефиниран пресек на егзистирање на некрополата, истакна археологот Василкова Мидоска.

извор: http://cooltura.mk/arheologija/tekovni-arheoloshki-istrazhuvanja-na-lokalitetot-gradishtekale-kaj-zgropolci
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Италијански археолози ја потврдија првата палеолитска станица во Овчеполието

извор: http://vecer.mk/kultura/italijanski-arheolozi-ja-potvrdija-prvata-paleolitska-stanica-vo-ovchepolieto
Баш на тоа место треба да зафаќа новиот аеродром што ќе го правеа, исто така зафаќа територија од ерџелискиот дел и мустафинскиот дел на ``Летиште`` Повеќето е во С.Мустафино. Сега тоа ќе се стопира или не се знае ништо?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Баш на тоа место треба да зафаќа новиот аеродром што ќе го правеа, исто така зафаќа територија од ерџелискиот дел и мустафинскиот дел на ``Летиште`` Повеќето е во С.Мустафино. Сега тоа ќе се стопира или не се знае ништо?
Па, нема градење додека не се истражи цел локалитет.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Ранохристијанска базилика од 5 век откриена кај делчевски Звегор



Ранохристијанска базилика од 5-6 век е откриена на локалитетот Илина црква над делчевското село Ѕвегор. Иако дивите копачи значително го уништиле сакралниот објект,сепак, неговите остатоци им дале доволно податоци на младите археолози од Факултетот за археологија при УГД кои под менторство на професорите Нацев и Стојановски, изминативе два месеци истражуваа во Пијанец во рамките на проектот „Пајонски утврдувања и населби во Брегалничкиот басен“

  • Направивме едно сондажно истражување и констатиравме дека не се најдени траги на пајонската култура на Илина црква. Целиот комплескс е едно мало утврдување од кое се сочувани само тргаите на ранохсристијанството, додека другите објекти се унишетени од ерозивните процеси, други артефакти не се откриени, изјави проф д-р Трајче Нацев, УГД.
За разлика од локалитетот Илина црква на локалитетот Калиште кај делчевски Град, распорстранет на неколку десетици хектари, се најдени траги од животот на Пајонците ос 8 до 6 век пред нашата ера.

  • Овие истражувања ни ги потврдија фактот од минатите истражувања дека епитетот Град кој го има селото го заслужува потполно бидејќи многу ретко во Пијанец имаме локација, населба каде има долг континуитет на живеење почнувајќи од енеолитски период, брзонено време, материјална култура од Пајонците од 8-6 век п.н.е., железно време, кажа Нацев.
Со овие откритија на археолозите ги завршија годинешните истражувања на Факултетот по археологија од Штип. Претходно, се истражуваше Киселичката пештера каде беа откриени податоици за живот уште од доцната бронза и раното железно време,но и ранохристијанската базилика над селото Киселица.

Базиликата кај Киселица, локалитетот Илина црква кај Ѕвегор, како и Калиште кај Град ќе бидат предмет на интерес на археолозите и наредната година.



извор; http://www.televizijastar.com/2017/09/09/ранохристијанска-базилика-од-5-век-отк/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom