Веб дизајн помош (совети, трикови, алатки итн.)

Член од
9 ноември 2018
Мислења
43
Поени од реакции
9
Здраво, имам осноно познавање од HTML I CSS и имам желба да станам веб дизајнер.Кои технологии ми се потоа неопходни што треба да ги учам.Дали без посета на курсеви и учење преку нет може да се постигне тоа? :vrtioci:
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Без курсеви секако дека можеш, а без „учење“ од нет или од било каде, неможеш ништо да направиш во животот, не па да станеш веб дизајнер.

Ако имаш желба и време, инсталирај си вордпресс на некој твој домеин (кој утре може да ти служи и како портфолио), некој ефтин хостинг за два долари месечно (како од namecheap), и почни да пробуваш, да тестираш, да видиш како функционира.

Гледај туторијали по нет, читај за вордпресс, види како другите наоѓаат решенија за различни проблеми. Со тек на време, почни да инсталираш различни теми и плугини, и почни и нив да ги чепкаш, види што се нудат.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
Каде можам да најдам Илустратор или Индизајн фор фри?
 
Член од
22 октомври 2018
Мислења
13
Поени од реакции
2
zdravo sakam da prasam nesto vo vrska so funkciiniranje na eden pen tablet wacom odnosno imam mali nejasnotii okolu nibs za penkaloto. dali site nibs se isti i ako ne od kade nabavuvate za vasite tableti???
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.497
Поени од реакции
1.704
Здраво,

Како можам да направам sub sub menu ?

Пример

Хотел - главно мени
Прв Хотел - е сега овде сакам да ми излезе друго мени, кога ќе застанам со мишот на него, на кое би ставил 4 други под мениа пример Инфо за хотелот, ресторан, слики, и кога клиентот ќе кликне на тоа, да оди директно на страната за да го види ресторанот на пример
Втор - Хотел
Трет - Хотел
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.365
Поени од реакции
38.341
Здраво,

Како можам да направам sub sub menu ?

Пример

Хотел - главно мени
Прв Хотел - е сега овде сакам да ми излезе друго мени, кога ќе застанам со мишот на него, на кое би ставил 4 други под мениа пример Инфо за хотелот, ресторан, слики, и кога клиентот ќе кликне на тоа, да оди директно на страната за да го види ресторанот на пример
Втор - Хотел
Трет - Хотел
изгуглај nested lists in html на гугл
 
Член од
6 јули 2020
Мислења
22
Поени од реакции
5
Користи meta тагови и стави ги во head. Прочепкај на гугл "Using meta tags for SEO"
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Дали вреди да се платат 50000 илјади денари да се изучува Јава, уи/ух, и такви работи во Семос, Сеавус... Или да се пробам преку ЕдХ, Удеми сам да научам?
 
Член од
6 јули 2020
Мислења
22
Поени од реакции
5
Дали вреди да се платат 50000 илјади денари да се изучува Јава, уи/ух, и такви работи во Семос, Сеавус... Или да се пробам преку ЕдХ, Удеми сам да научам?
Преку Udemy, youtube ти е 100 пати подобро него во Семос. Ем заштедува пари, ем не си ограничен во учењето
 
Член од
8 ноември 2017
Мислења
36
Поени од реакции
10
Здраво, знам дека темата не е соодветна за овде, но меѓутоа бидејќи сум нова на форумот, барав но не успеав да пронајдам соодветна нема. Сакав да ве прашам, дали некој може да ми помогне, како да креирам вибер група (viber community group) меѓутоа кога ќе споделуам (superadmin) да не ми го дава моето име и мојот телефонски број, туку да го пишува името на порталот ?

Ви благодарам однапред на сите и се извинувам уште еднаш што прашањето не ми е соодветно бидејќи темата е „веб дизајн помош“ меѓутоа сметам дека овде има и доволно искусни па биможеле да ми помогнаш, ви благодарам!
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
71
Поени од реакции
52
да прашам нешто (немам никакво искуство),
пр.купам скрипта за сајт и ке ми стигне во zip и како јас ова да префрлам да почне да работи сајтот
или некој кој серазбира да ми каже колку ке бара да ми среди ова
пример оваа скрипта да купам bbb.jpg bbb.jpg
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Здраво дечки.
Во план имаме со тимов да направиме еден мини статичен веб сајт на кој се прикажува високо квалитетна мапа(.svg, .png...) од Скопје и нејзините ЈСП рути, станици итн. Истата да биде почитлива, поквалитетна и појасна верзија од официјалната .jpg ЈСП мапа.
Пробав разни сајтови како OpenStreetMap, studio.mapbox.com, Google Maps и др. за симнување на детални мапи од Скопје, но ниедна не даде добар резултат. Или дава празни мапи или .jpg мапи со никакви детали и квалитет. Потребни ни се барем да се прикажуваат до негде рутите и станиците, па потоа малце би го едитирале за да се софпадне со нашата идеа(ептен ако мораме би едитирале празна мапа или уште помоло од скреч).
Даденава мапа е супер почеток, но сајтов не ни дава да симнеме транспортна мапа, а со screen shot од далеку се губат деталите.
1638537116041.png
Исто така и оваа мапа во мое мислење е одличен пример за транзитна мапа(тука).
Ако може да ме посочите на некој начин да најдам/симнам некоја ваква слична мапа?
Исто така пошо сајтот нема да е хостиран на некој сервер со најјаки ресурси ме интересира ваше мислење во кој формат би било најдобро да се прикаше мапата на сајтот за најбрзо да се лоуда, да не кочи али сепак да го задрши својот квалитет? (дали .png, .svg...)
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Член од
14 јули 2017
Мислења
590
Поени од реакции
1.127
Здраво, има ли некој од вас искуство со Webflow? Дали сте морале да си играте со кодот на страна која што првично била дизајнирана во Webflow и дали сте имале потешкотии со тоа?
На кратко, Webflow е програма за правење на веб сајтови без да кодирате, фактички само ги повлекувате елементите кој ви требат и ги местите на страната, секако дека не е се така лесно како што звуче, мора да ви е добро структурирана страната и да знаете некој основи на html/css.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom