Бугарија - новата Грција

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Оска?
Да не е круг?
Србиjа каде е?
Или па може да си и у право. Постои оска Вашингтон - Бразилиjа - Лондон - Берлин - Приштина - Токио - Сеул - Софиjа - Рим - Тирана - Кувеjт - Атина - Виена. Оката е креирана со една цел - да се работи против античкиот идентитет на Македонците, коj е доказан преку Скопje 2014.
Шалата настрана, во кои филми се вкарвате сами???
И што толкова се е случило во последните 10 дни?

Потеклото не си го знаете на терминот Болгари па за Скопје 2014 ќе ми зборите.

Љубчо од свирипичино ќе збори за Скопје и Грчев архитект партиски, човекот кој го уништи едно од најафтентичните маала во Скопје, Дебар маало, денеска карикатура од архитектура.

Во Скопје 2014 постои многу малку античко, постои стил на градба кој е присутен и во Софија и во Белград, Загреб итн ....

Единствено античко нешто таму е статуата на Александар Македонски, значи Македонски и татко му Филип.

Во Скопје 2014 се изгради Музејот на холокаустот на Евреите, брррр, Болгари кријте се.
Музејот на жртвите од комунизмот, еден од најубавите на Балканот.

Стариот театар се возобновува, СТАРИОТ театар, тој постоел таму, тој стил на градба беше присутно таму, во тој дел беше еврејското мало, имаше таму стари градски куќи.
Се гради и филхармонијата.

Е сега ревитализирање на оските. Јас искрено не верував дека после сите злодела кон се што е словенско што го направија Грците, дека Бугарите ќе им седнат во скут. Но нели се познаваме, ја знаеме способноста за вртењето на Бугарите. Русите ви поклонија држава па со Хабсбурговци отидовте, 1941-1944 вие бевте со Хитлер, ама по вашата голема историја сте биле со него за да не бидете.
Па сега со Грците.
Карајте како знаете и умеете.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
За кус период многу настани се случија во Македонија кои се против интересите на Македонскиот народ.
За жал, иако е 21 век, се појави оската Грција - Албанци - Бугари.
Сега не убедуваат дека тоа е оска која ќе не внеси во ЕУ и НАТО.
Дека сите тие настани во изминатите 10 дена се во тој правец.
Ама се поечко мислам дека Македонецот овој пат има простор за игра, може ќе стапнат на македонска земја ама газот ќе им биде на ачик.
И ако това веке не е пародиja,... не знам како да го класифицирам.
Извини, оската е Белград - Скопje(внатрешни луге) - Атина. Ако треба да ти припамтам
Грција нема да дозволи, согласно своите геополитички интереси во регионот, Република Македонија да стане членка на Европската Унија пред тоа да стане Србија.- изjaвила Дора Бакоjaни.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Море фми, немам време да ви одржувам историски лекции.
Ние во огромен дел во популацијата на Бугарија имаме браќа, братучеди итн.
Бегалци од вардарско, егејско итн....
Тоа биле паметни луѓе кои се вградиле во бугарското општество.
Но западот како го дал господ, точно знае од каде оди опасноста, од единството на народот, го подели со својата квази наука.
Фактите кои што јас ги презентирав тука за Болгризам со ништо никој неможе да ги отповргне освен со демагогија и квази историја.

Најправилната оска е Софија - Скопје.
Грците и Албанците, но и вие преку Хабзбурговци станавте локални играчи на западните сили.
Западот го имаше својот зенит во 19 и 20 век и вие како такви и профитиравте.
Но вас во врат ви дишат сега Турците и Исламот потпомогнати од САД.
А во тој случај грбот ви е Македонија.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Оката е креирана со една цел - да се работи против античкиот идентитет на Македонците, коj е доказан преку Скопje 2014.
На шо дрога рече дека си?:вонзем:
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Ајде да ги исмејуваме Македонците
Петар Делилакиев

Повторно (и, како што е тргнато, не за последен пат) сме сведоци на организирано и осмислено исмејување на Македонија и Македонците. Зборувам за филмот "Македонија" на бТВ од Иван Георгиев, емитуван на 28 јануари 2012 година. Се чини, некои не можат да се помират со идејата дека Македонците не сакаат да бидат како нив.

На што мислам? На тоа дека Македонија и покрај огромните напори и средства, вложени од страна на Бугарија, нема намера да се бугаризира; на тоа дека и покрај се досега тие не успејаа да создадат бугарско движење во Македонија, освен карикатурно-екстремистичкото "Радко"; дека и покрај сите предвидувања Македонија ниту се подели, ниту се приближи кон Бугарија, ниту се албанизира, ниту банкротира, ниту ...

Наместо тоа Македонија останува стабилна во услови на криза и без помош од европските фондови; образованието бележи вистински бум (при тоа студентите таму веќе учат од учебници кои се користат во повеќето елитни светски универзитети) - односно бројот на Македонци, студенти во Бугарија, се намали неверојатно многу; во неа активно се гради; нејзиното земјоделство продолжува да биде сон за Бугарија; општеството се прочистува од соработниците на комунистичките служби .

Можеби ова последното, особено многу ги иритира разните поцрвенетите гестаповски слуги, односно патриотите-кодоши на ДС (тајните служби) во Бугарија. Овде нив само ги посочуваат, а тие - во соето бајгањовското безочие - се чукаат во гради, викајќи "Булгаааррр!" и не убедуваат дека сите биле и повеќе од патриоти. И продолжуваат да заземаат удобни општествени функции (партиски лидери, пратеници, министри, претседатели, академици), продолжуваат да бидат авторитети и да утврдуваат злобничко јавно мислење во Бугарија, често уживајќи во праведно и патриотски заработените милиони. За разлика од тоа, во Македонија има вистинска лустрација. Односно имињата на луѓето коишто соработувале со комунистичката државна тајна служба, не само што се објавуваат, но и се отстрануваат од јавните функции. За илустрација може да послужи примерот со црквите. Во Бугарија Синодот направи се што е можно да не се разгледуваат досиејата на неговите членови, а откако се дозна дека 11 од 15 биле агенти - што се случи? Ништо. Двајца-тројца се подизвинија малку, други тројца бесрамно се гордееја со својот морален пад, протурајќи ни ја одвратната и веќе бајата “попара” за патриотизмот. Ниту навестување за вистинско покајание, а пак, да не зборуваме за повлекување од функцијата. А во Македонија? Таму Синодот не само што го поддржа барањето на властите, но и јавно изјави дека луѓето коишто соработувале со службите, нема да можат да бидат ниту свештеници, ниту митрополити - ниту да проповедаат, ниту да исповедаат.

Разбирлив е и гневот по повод новите згради и споменици во Скопје. Тоа е активна и категорична демонстрација на Македонците дека не се сметаат себеси за Бугари. Како да им го простат тоа? Згора на се, меѓу така исмејуваните згради и музеи има и Музеј на холокаустот, посветен на насилството извршено од страна на бугарските власти врз македонските Евреи и нивното транспортирање во логорите на смртта. Тешко е да преминат преку овој факт "спасителите" на Евреите.

И така, наоѓајќи се во тешки услови Македонија се бори и напредува (за разлика од нас, би рекол, кои депресивни трчаме во круг како некакви затвореници). Проблемот за Македонија е местото каде се наоѓа, и неразбраните нејзини соседи кои создаваат проблеми за неверојатни нешта како тоа: како да се нарекува сопствената држава, сопствениот јазик, како нејзините граѓани да се самоопределуваат. Па сепак, и без излез на море, опколена од лудите балкански национализми, војни и ембарго, таа некако издржува и упорно оди напред. Не можам да замислам на какво дереџе ќе беше Бугарија, ако се соочуваше со проблемите кои ги има Македонија. За разлика од Македонија, проблем на Бугарија си е самата таа.

Но, од медиумите во Бугарија нема да слушнеме нешто добро за Македонија. Нема да слушнеме за подобриот пензиски и здравствен систем. Тоа не е интересно. Нема да слушнеме и за лустрацијата на разни бивши агенти (пу-пу да не чуе народот бугарски), ниту за напредокот во образованието, далеку подобрата храна (таму нема потреба да се воведува нов стандард за храна, бидејќи тој никогаш не бил нарушен) , подобрата патна мрежа ... Нема да ги видиме и слушнеме македонските пејачи, уметници, писатели ... Не, ќе слушаме за разни “радковци” и Спаски, ќе слушаме еден, презрен во Македонија, манипулатор како Љубчо Георгиевски, зад чие мислење не е сигурно дури и дали и самиот тој стои. Нема да слушнеме за вистинските проблеми, болки и дилеми на Македонците, а ќе слушаме за болните фантазии и имагинарни “кризи на идентитетот", кои клокотат во главите на разни дебелогази националисти во Софија.

Споменатиот филм беше меѓу другото постојано рекламиран на бТВ, како да е нешто повеќе од мизерна манипулација, при што авторот беше поканет и во емисијата “бТВ-репортерите”, каде што сериозно се потруди да манипулира со водителите кои, многу непрофесионално, ја прифатија секоја глупост како чиста вистина и во најголем дел од емисијата беа со широко отворени усти од изненаденост.

Намерата беше очигледна уште со изборот на "експертите", чие мислење е побарано, меѓу кои беа агентот на антимакедонскиот оддел на Државната служба за безбедност, Красимир Каракачанов, и поранешниот бугарски амбасадор во Скопје Александар Јорданов. Освен на домашната ДС, зборот му беше даден и на друг еден таков, најверојатно агент на ДС, но од странство - Љубчо Геогиевски. Кон нив се приклучија и двајца осудени криминалци од Македонија. Воопшто, прекраснакомпанија, меѓу која мајките не би ги пуштиле своите деца, а бТВ ги пушти во нашите домови.
Не вреди дури и да се поставува прашањето, дека во еден ваков филм би требало да се даде збор на различните страни, но за да ги искажат своите погледи - на авторите на филмот им била потребна само едната страна. При мојата посета на Скопје не останав со впечаток дека граѓаните се револтирани или огорчени поради статуите на плоштадот, какви што, се чини, се сите учесници во филмот - напротив, речиси постојано цели семејства се фотографираа пред споменикот-фонтана на Александар Македонски. Но, интервјуираните во овој филм се посебно одбрани за да се докаже идејата дека Македонците се збунети будали без идентитет.

Бесмислено е да се прераскажува се во овој филм и рекламните спотови и емисии кои му претходеа. Доволни се само неколку забелешки. Уште во рекламните спотови, можевме да слушнеме како еден несреќник се дрзнува да изјави дека "во Македонија, ако се чувствуваш Бугарин, ќе те чини живот". Но тоа го зборува жив човек на кого тоа очигледно не го чинело живот, а очигледно и не се плаши дека ќе го чини.

За да ги исмее Македонците, авторот на филмот спомна во бТВ репортерите дека во Македонија постои друштво на Египќаните, и тоа беше повод за нов восхит над македонската глупост. Премолчеа да спомнат дека се работи за здружение на Роми, коишто се на мислење дека зборот “Ѓуптин” доаѓа од Египќанец. Вистина ли е тоа, или не - нивна работа, всушност и во Бугарија доста луѓе го мислат истото, само што здружение не направиле. Но, каква врска има тоа со самите Македонци?

Цитираат некаков анонимен македонски министер за внатрешни работи, кој рекол дека сите луѓе потекнуваат од Македонците. И тоа веднаш го претставуваат како позиција на Македонците: без исклучок. Како да министрите за внатрешни работи не само што се експерти по историја, но и нивното приватно мислење ја изразува официјалната научна позиција во една или друга држава. Како дури и ако некој навистина мисли така, тогаш неговиот став треба да ги претставува сите.

Па, кажете доколку е така, за да конечно разбереме дека тврдењата, како Бугарите дошле пред 35 000 000 години од соѕвездието Големата мечка и ја створиле светската цивилизација (заедно со половина народи и сите владетели и генијалци), како Исус Христос зборувал на бугарски, а на Мухамед мајка му е од родот Дуло (оној на Аспарух) додека татко му е свештеник на Тангра, како фараоните носеле бугарски капи колобарки, а бугарскиот календар е постар од шумерскиот и така натаму, и така натаму, се всушност мислење не на поедини лудаци, туку на Бугарија.

И исто така кога актуелниот претседател на Бугарија верува дека во претходниот живот бил жена некаде во Германија, од тоа да изведеме заклучок дека сите Бугари веруваат дека имале претходен живот како Германка? Кажете, па да се посмееме заедно ...
Енигма останува за нормалниот гледач зошто меѓу различните сцени се снимени и индијанци? И се прикажани повеќе пати! Што имаат заедничко со македонската нација овие продавачи на сувенири и музика од Перу, какви што можеме да видиме и во Бугарија? Само желбата на авторите на филмот да ги навредат и исмејат Македонците.
Зошто се фокусира на фрлањето на крстот во Вардар, исто така, не е многу јасно - можеби во своето незнаење авторите мислат дека така Македонците го крадат "најбугарскиот" празник - Јордановден?

Каква беше намерата може да се разбере и следниве заклучоци: има луѓе во Македонија кои не мислат дека се антички Македонци, затоа што секој вистински Македонец може да најде две-три генерации наназад свои роднини во Бугарија, а ако не може, тогаш тој е Египќанец или пакистанска принцеза (во емисијата “бТВ репортерите”).

Се случи парадокс, така што луѓето коишто веруваат дека потекнуваат од Аспарух, се смеат на Македонците коишто сметаат дека имаат врска со Александар Македонски. При тоа истражувањата на Игенеа покажаа 35% поврзаност меѓу сегашните и античките Македонци и 0% помеѓу сегашните Бугари и оние - вистинските - на Аспарух. Очигледно вистината дека Александар Македонски е милион пати повеќе роднина на денешните Македонци, отколку Аспарух, Крум, Борис и Симеон на сегашните Бугари и дека Аспарух е неспоредливо повеќе сонародник на Ахмед Доган, отколку на Волен Сидеров и Бојко Борисов, за овие луѓе останала целосно непозната.

На лице е повторно стремежот да се исмее и омаловажи Македонија и во исто време на тој начин да им се одвлече вниманието на Бугарите од фактот дека, како и досега, и понатаму се лажат во однос на македонското прашање (и после 20 години демократија во Македонија Бугари нема), но, уште повеќе, да не се дозволи Македонија да стане духовна потпора за Македонците во Бугарија, да не почнат да се гордеат со неа. Најдобар начин е да се направи за подбив - кој би се гордеел со нешто со што народот се исмејува? Па така, дури и реконструираниот центар на Скопје, за да не биде повод за инспирирација на Македонците, најсигурно е да се претвори во предмет на потсмев.

И неколку зборови за "теророт" над Бугарите во Македонија. Ако некој јавно кажел дека е Бугарин, завршувал во затвор. Колкумина од членовите на "Радко" биле во затвор? Сите? Половина? Една третина? Една четвртина? Десет проценти? Изгледа се многу помалку. Гледаме и дека ги чинело живот. А и некои нивни приврзаници билеминистри, директори на државни институции, пратеници ... а тоа се многу тешки форми на дискриминација.

Двајца сведоци за "репресиите" над Бугарите во Македонија во овој филм беа Мирослав Ризински и Здравко Здравески (кртот). И двајцата - осудени криминалци, кои одлежале по неколку години затвор. Првиот зашто како советник во Бирото за економски неразвиени подрачја со уцена изнудил 6000 евра од Блаже Георгиев, за да може тој да добие пари за проект. Фатен со означени банкноти, истиот пропиште дека бил Бугарин, и ја расплака од смеење публиката со расказот како полицијата насила му ги ставила парите во рацете и го натерале да му ги предаде на шефот. Оттогаш во Бугарија го сметаат за осуден поради неговите бугарски убедувања. Во исто дело е осуден и директорот на истото биро – Албанецот, Зуди Џелили - сигурно и тој е осуден, бидејќи е Бугарин, кој знае ... Вториот пак, е осуден поради тоа што продавал непостоечки станови. Нему пак, којзнае кој насила му ги ставил парите и становите в раце.

Откако не успеа да ги убеди Македонците да станат Бугари, ниту пак луѓето со бугарско убедување да се вклучат во антимакедонското екстремистичко здружение "Радко", сега Бугарија ја применува старата тактика на врховистите - купувајќи разни криминалци од Македонија. Малку по малку, станува јасно дека сите корумпирани политичари и криминалци задолжително треба да си извадат бугарски пасош за во случај да ги фатат, да почнат да лелекаат дека се Бугари, и заради тоа ги следат. Токму такви луѓе многу добро се снајдоа. Спаска Митрова, освен што си ги реши семејните и судските проблеми избегнувајќи ги правните средства (преку политички притисок од страна на Бугарија), стана помошник на бугарски европратеник. Владимир Димов - поранешен македонски министер за здравство, баран од македонските власти за извршени финансиски малверзации, Бугарија одби да го екстрадира и дури стана шеф на оддел во болницата "Токуда" во Софија. Уште подобро се среди Владимир Тамбурковски, со четири пресуди во Македонија (издадени во 2007-2009 година) за криминал во износ од неколку милиони евра (а, како што се разбра, вмешан е и во финансиски криминал во Србија), кој пак предава на Американскиот универзитет во Благоевград. Веројатно тоа го спасува и Љубчо Георгиевски, кој си замина од премиерската функција вонредно богат - само неговата куќа во елитната населба "Водно" е во вредност од неколку милиони. Но, како да го судиш, кога Бугарија ќе го претвори во меѓународен проблем и пречка за евроинтеграцијата? И, ете, чудо на статистиката - сите овие херои се судени после 2006 година, кога Бугарија стана членка на ЕУ. Како еден таков осуден "Бугарин" не се случи пред тоа!

За глупоста лек нема, а национализмот може да биде и во форма на волонтерски идиотизам. Зошто да не стане виновникот Бугарин – и без тоа криминалците се без нација и татковина, а ваму за едноставно декларирање и од затвор ќе го спасат, и украденото ќе го задржи, и добра служба ќе му дадат - е, како да не стане Бугарин !?? Нели сепак е криминалец, не е луд, и нели не му земаат, туку му даваат од колачот ...

Кога стана збор за лудаци, не можам да не се присетам на случајот од пред неколку години кога два автобуси со грчки националисти се истоварија пред најпознатата македонска лудница - "Бардовци" да го "спасуваат" затворениот таму, божем поради националните и политички убедувања, "Грк" од Скопје, а всушност психички болен младич, сместен таму по барање на мајка си. Си отидоа со подвиена опашка. И така, излегува дека разликата помеѓу двата национализми изгледа е во тоа што бугарските националисти ги сакаат криминалците, а нивните грчки колеги - лудите.
Со оваа политика Бугарија, освен оаза на криминалот, се претвора и во негова основа и дестабилизирачки фактор за регионот.

Создавањето на слични филмови со слична намера и нивната промоција е знак на недостаток на култура и целосно непочитување како кон Македонија и Македонците, така и кон гледачите во Бугарија. Што ли би се случило ако сличен филм, само што за Бугарија, биде прикажан во Скопје? Бугарија би се обратила до Брисел! (Видовме каква врева кренаа за безопасен уметнички филм, уште пред да го изгледаат.)

Македонија одговори со молчење. И навистина, што друго останува кога не сакаат да ти ги чујат зборовите? Можеби во сопствената патолошка смеа ќе ја слушнат тишината. И гневот, сокриен во неа. И умирањето на добрососедството и пријателството.

http://narodnavolja.com/articles2012/03/txt06.asp

.
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Одлично четиво и уште подобра крајна поента .
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Jaвно некоj го погоди този филм во десетката, па "заплака". Еве пресно от преди 3 дни и председателот што рече пред студентите от софиjскиот универзитет "Св. Климент Охридски".
http://www.youtube.com/watch?v=fP9JPkqNj0Q&feature=g-all&context=G209de5fFAAAAAAAAEAA
Чеки саа, кој претседател???
Оти во моментов ве раководи реинкарнацијата на ирска овчарка од 18 век.
Да не се и овие тврдења резултат на неговата моќ да гледа во минатото??

ПРЕЗИДЕНТ'Т ПЛЕВНЕЛИЕВ: БјаХ ЖЕНА В ПРЕДИШНИја СИ ЖИВОТ, ПАСТИРКА БјаХ ПРЕЗ 1730 ГОДИНА!:facepalm::facepalm::facepalm:

 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Даза истиотМакедонец !
Он сега мож да тврди и дека е Талибанец, ама всушност е ирска овчарка..

Сега сериозно. Одговорот на говорот на Плевнелиев за (1) репресирање на Бугарите во Македонија, и за тоа дека некој градел (2) лажна историја се состои во текстот објавен во "Народна волја". Да го читаше немаше да тропа глупости
.
Еве го одговорот на Македонците од Бугарија:

1."Уште во рекламните спотови, можевме да слушнеме како еден несреќник се дрзнува да изјави дека "во Македонија, ако се чувствуваш Бугарин, ќе те чини живот". Но тоа го зборува жив човек на кого тоа очигледно не го чинело живот, а очигледно и не се плаши дека ќе го чини."
.........................
"И неколку зборови за "теророт" над Бугарите во Македонија. Ако некој јавно кажел дека е Бугарин, завршувал во затвор. Колкумина од членовите на "Радко" биле во затвор? Сите? Половина? Една третина? Една четвртина? Десет проценти? Изгледа се многу помалку. Гледаме и дека ги чинело живот. А и некои нивни приврзаници биле министри, директори на државни институции, пратеници ... а тоа се многу тешки форми на дискриминација.
Двајца сведоци за "репресиите" над Бугарите во Македонија во овој филм беа Мирослав Ризински и Здравко Здравески (кртот). И двајцата - осудени криминалци, кои одлежале по неколку години затвор. Првиот зашто како советник во Бирото за економски неразвиени подрачја со уцена изнудил 6000 евра од Блаже Георгиев, за да може тој да добие пари за проект. Фатен со означени банкноти, истиот пропиште дека бил Бугарин, и ја расплака од смеење публиката со расказот како полицијата насила му ги ставила парите во рацете и го натерале да му ги предаде на шефот. Оттогаш во Бугарија го сметаат за осуден поради неговите бугарски убедувања. Во исто дело е осуден и директорот на истото биро – Албанецот, Зуди Џелили - сигурно и тој е осуден, бидејќи е Бугарин, кој знае ... "
..............
И, ете, чудо на статистиката - сите овие херои се судени после 2006 година, кога Бугарија стана членка на ЕУ. Како еден таков осуден "Бугарин" не се случи пред тоа!

2. Што ли би се случило ако сличен филм (говор, м.б.), само што за Бугарија, биде прикажан во Скопје? Бугарија би се обратила до Брисел!....

Македонија одговори со молчење. И навистина, што друго останува кога не сакаат да ти ги чујат зборовите? Можеби во сопствената патолошка смеа ќе ја слушнат тишината. И гневот, сокриен во неа. И умирањето на добрососедството и пријателството.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Македонија одговори со молчење?!? На договорот задобрососедствокојбугаријаигопредложина Македонијане се сеќавамвеќеколку времепомина?.Македонијанамерномолчиине сака дасе решат сите прашањасо Бугарија.За да необвинипотоадекавизапирамеа ниесакаме да серешат проблемите.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Лицемерие.

Ќе зборуваме за добрососедство, а во меѓувреме ќе ги навредуваме Македонците..
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Чеки саа, кој претседател???
Оти во моментов ве раководи реинкарнацијата на ирска овчарка од 18 век.
Да не се и овие тврдења резултат на неговата моќ да гледа во минатото??
Колко председатели имаме?
Жолти медиуми не читам, па не ме и интересират. Ако сака да бил и чистат на лаjна. По робата пострештат, па по умот изпракjaт.
Не е потребно да гледаш во минатото.
Понекога е доволно да читаш, или да гледаш.
Само пример ке ти дадам - Еве таа вечер ако беше гледал во 21часот Алфа тв, ке разбереше интересни работи. И главно ке разбереше, дали Бугариja е новата Грциja или нешто различно.;)
--- надополнето: 6 март 2012 во 00:42 ---
Лицемерие.
Ќе зборуваме за добрососедство, а во меѓувреме ќе ги навредуваме Македонците..
???? или бугарите ???
Зашто македонците се навредуват само кога видат нешто во бугарските телевизии? Не видоха ништо поново от това, кое го гледат граганите на Скопje секи ден...
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Кога македонска телевизија ќе отиде во Бугарија да прави репортажа од таков карактер или кога на македонска телевизија ќе се организира дебата каде ќе се коментираат внатрешни работи на туѓа држава . Тогаш и само тогаш ќе можеш да ставиш некаков знак на равенство .

А тоа нема да го видиш никогаш .....а можеби ни тогаш!

Граѓаните на Скопје се тие што се релевантни , што тие гледаат или не гледаат е нивна работа . Вас тоа не ве тангира во никој случај ....

Вие дефинитиво немате кочница .....

ПС. За мене мислењето на бугарските дискутанти по темата не е навредливо од проста причина - воопшто не го сметам за релевантно !
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Едно од главните пера во последниов период кој има за задача да ја зголемува свесноста во бугарската јавност за "антибугарската реторика" во Македонија е Красимир Узунов (кое продуцира и по неколку наслови на ден:вонзем:: Красјо пишува мислење кое се објавува на "Фокус", а потоа "Фокус" го цитира мислењето на Красјо), поранешен припадник на бугарските служби за разузнавање познат под псевдонимот "Завадски".

Дотичниот е автор на добар дел од новинарските текстови и анализи кои се напишани во антимакедонски дух како и чест гостин на бугарските телевизии со свои мислења кои преку провокаторската содржина имаат за цел да го зголемат јазот и омразата помеѓу двете нации.

Некои од неговите најзначајни новинарски трудови во последно време на тема "Македонија":

"Македонија плаче" - 15 декември 2012

„Вето за Македонија” - 9 декември 2012

"За пр'в п'т ни се повтарја с Македонија" - 30.08.12

"Б'лгарија имаше нужда от јасна позиција по името на Македонија" - 11 јуни 2012

"Македонија в'рви категорично по п'тја на федерализиране, конфедерализиране и разделјане" - април 2012

"Зашто заплака Македонија..." - 25 јули 2006

fmi Красјо да не ти е шеф?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom