Борис Сарафов - национално свесен Македонец, но каков е неговиот удел во револуционерното дело?

Член од
19 февруари 2011
Мислења
482
Поени од реакции
501
подпоручик Борис Сарафов (3)
Демек готово докажа дека Сарафов е бугарин затоа што служел во бугарската војска? Бугарските офицери пред да ги ослободи Русија од османлиите каде учеа воени училишта и каде служеа? Во Русија? и сега некој да постира како доказ дека се руси? Разликата е во тоа што русите не ширеле пропаганда дека бугарите се руси и кога ја ослободиле се завзеле за нејзина автономија а не како светото тројство Бугарија, Србија и Грција кои ја ослободија МАкедонија од османлиите ама не и дадоа автономија туку си ја поделија помеѓу нив трите.
За вас секое спомнување на Македонија и македонец во минатото значи географска определба, ама лесно е и ние да си тумачиме дека спомнувањето на бугарин во Македонија значело религиозна определба односно во која црква се одело а така и се вршеле пописите според тоа кој во која црква се молел.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Борис Сарафов, во интервју со дописник од британски „Тајмс“ на 12 април, 1901.

1111.jpg

Жална грешка е да сé претпоставува дека ние ја бараме Македонија во име на Бугарија. Ние Македонците сé сметаме себеси за сосема одделен национален елемент и ни најмалку нé сме наклонети кон дозволување нашата земја да биде заграбена од Бугарија, Србија или Грција. Впрочем, ние ќе сé спротиставиме на било какво здружување од тој тип со сета наша моќ. Македонија мора да припадне на Македонците. Недоразбирањето(за пошироката јавност околу народноста на движењето) дојде заради тоа што нашето преставништво се наоѓа во Софија, па тоа(погрешно) носи на заклучок дека ние сакаме унија помеѓу двете словенски провинции. Како и да е тоа е апсолутно апсурдно. Aко ние бевме протерани од Бугарија и имавме седиште во Швајцарија, никој не би рекол дека имаме цел да ја ослободиме Македонија за да се припои кон Швајцарија.

Ние Македонците не сме ни Срби, ни Бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека нé забораваат дека Македонија е само за Македонците.

- Борис Сарафов, 2 септември 1902 за Руски весник
222222.jpg
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
В началото на в'станието от 1903 ,Борис Сарафов подписва прокламацијата за начало на в'станието. В неговија крај изготвја и отчајан апел до правителството в Софија, в којто настојава за незабавна намеса за спасјаване на местното население, което определја като б'лгарско.
Прокламација за началото на в'станието в'в Втори Битолски револјуционен окр'г

Чете се,че в'стават Одринска Тракија и Македонија.Заедно...
Кај виде дека се споменуваат Бугарија и Бугари овде, жити Господ?
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Кај виде дека се споменуваат Бугарија и Бугари овде, жити Господ?
Не гледам некој да кажува дека се споменуваат Бугари и Бугарија. Зошто е потребно да се споменуваат Бугарија и Бугари во секој документ?

Поважното прашање е зошто обраќањето до поробениот народ во Македонија и Одринско е на литературниот бугарски јазик, а не на локалното наречје? На чиј народ се обраќа во Македонија и Одринско?
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
482
Поени од реакции
501
Не гледам некој да кажува дека се споменуваат Бугари и Бугарија. Зошто е потребно да се споменуваат Бугарија и Бугари во секој документ?

Поважното прашање е зошто обраќањето до поробениот народ во Македонија и Одринско е на литературниот бугарски јазик, а не на локалното наречје? На чиј народ се обраќа во Македонија и Одринско?
И? Секој сега ќе си го тумачи по свое зошто е на литературен бугарски(патем тоа е и писмото на кое учат сите во црквата и училиштата) а не е на локално наречје. Ги обвинувате македонците дека не користат факти ами си тумачат сами а тука што е . Кој факт е тоа што е пишано на литературен бугарски? Факт е дека во постот погоре јасно во интервју си кажува човекот што мисли за ослободување на Македонија.
Ајде еве едно прашање за тебе, кажи ми дали официјалниот јазик на денешна Бугарија, бил исто со официјалниот јазик на второто бугарско царство, ако е така дали е тоа истиот јазик и од првото бугарско царство и на крај ако е истиот дали е тоа јазикот на бугарите кои во 7 век дошле на балканот и го создале првото бугарско царство? Ако не е истиот јазик тогаш кажи ми кој го зборувал овој јазик кој подоцна станал официјален јазик на Бугарија и со самото тоа си го прекрстиле во бугарски јазик?
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Ако е до јазикот, зошто Крушевскиот манифест е на локалното Крушевско наречје, а Бугарите велат дека Бугарско било востанието? Зошто се создала Репбулика во Крушево, а не се прогласило припојување кон Бугарија?
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Ако е до јазикот, зошто Крушевскиот манифест е на локалното Крушевско наречје, а Бугарите велат дека Бугарско било востанието? Зошто се создала Репбулика во Крушево, а не се прогласило припојување кон Бугарија?
Манифестот се однесува на турското и албанското население во околните села. Обраќањето e напишано на локален дијалект за да биде разбирливо за локалното муслиманско население, претставувајќи ги целите на востаниците и повикувајќи на нивна поддршка. Во 1903 година, целта на ВМОРО е автономија со цел подоцна припојување кон Бугарија. Што мислиш, како ќе ја имаат поддршката од Турците и Албанците, ако зборуваат за припојување кон Бугарија?

Колку овој манифест е автентичен од 1903 година е друго прашање.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Добро, не ми е јасно едно нешто. Ги знаеме фамозните изјави на Борис Сарафов во кои ги определува Македонците како посебен народ различен од Бугарскиот. Колку од тие изјави се 'добронамерни' и флертови кон европските сили и регионалните како Србија е друго дваесет.
Зошто и покрај тие фамозни изјави македонската историографија и држава нема го сместено Сарафов на по висок пиедестал како на пример убиецот негов Сандански? Го нема ни во химната а дури неодамна почна да се зборува за Сарафов повеќе, нешто слично впрочем и со Тодор Александров кој беше прогласуван за Бугарофил а еве веќе му се пеат и преработуваат народни песни посветени нему. Помнам кога бев ученик деведесеттите и почетокот на новиот милениум два реда ако беа посветени за Сарафов и толку. Како вие го толкувате тоа?
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.950
Поени од реакции
6.746

Затоа што македонската историографија е една трагедија сама по себе, нас не ни треба никој да ни бара ревидирање на историјата, сами треба да го бараме бидејќи тоа што го учиме си нема блага веза со вистината, кодошот и предавникот Бизим Јане или Сандан паша го славиме како некаков херој (црно на бело зимал плата од турците) додека сеуште не го славиме човекот поради која ги имаме едни од најголемите подвизи во нашата историографија а тоа е Борис Сарафов.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Не гледам некој да кажува дека се споменуваат Бугари и Бугарија. Зошто е потребно да се споменуваат Бугарија и Бугари во секој документ?

Поважното прашање е зошто обраќањето до поробениот народ во Македонија и Одринско е на литературниот бугарски јазик, а не на локалното наречје? На чиј народ се обраќа во Македонија и Одринско?
A ако писмото беше напишано на англиски или француски јазик како ќе го окарактеризиравте тогаш ова писмо?
Не замајувате со споредни работи, наместо со суштината и содржината на писмото. На крај на краиштата тоа е литературен бугарски јазик, ама пак литературниот бугарски јазик е само источно наречје на Македонскиот јазик. Вистинскиот бугарски јазик е неразбирлив и за мене и за тебе.
Автоматски споено мислење:

Ако е до јазикот, зошто Крушевскиот манифест е на локалното Крушевско наречје, а Бугарите велат дека Бугарско било востанието? Зошто се создала Репбулика во Крушево, а не се прогласило припојување кон Бугарија?
Ако било бугарско востанието зошто нема ПОМОШ од Бугарија? Барем една пушка да дадеа. Или топови, за не да бидеме приморани да делкаме дрвени топови. Бугарско востание жими ашим. Бугарите напротив - не сакале да дојде до востание и на сите можни начини се труделе да не дојде до македонско востание. Нема да ме зачуди и избрзувањето со востанието да е масло на бугарскиот двор - за да се дигнат востаниците неподготвени, ниту организационо ниту материјално.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Аха, значи сега чим се декларирал за Македонец во Руски и Британски весник тоа да ти било за да им удоволи на Србите. :D
Низ неколку пералници треба да помине мозокот на просечниот Татар за да вака лукаво ги толкува фактите во релевантни Светски медиуми. :D Што да ви правам господо Татари, фактите се тие, црно на бело, сега вие од вашите архиви јасно е дека имате едно 2000 писма на Сарафов, ама тоа што го кажувал тој на странски медиум не можете да го преправите.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Затоа што македонската историографија е една трагедија сама по себе, нас не ни треба никој да ни бара ревидирање на историјата, сами треба да го бараме бидејќи тоа што го учиме си нема блага веза со вистината, кодошот и предавникот Бизим Јане или Сандан паша го славиме како некаков херој (црно на бело зимал плата од турците) додека сеуште не го славиме човекот поради која ги имаме едни од најголемите подвизи во нашата историографија а тоа е Борис Сарафов.
Но Јане Сандански се залагал за федерација и строго се противел на мешањето на Бугарија во организацијата. Сарафов пак почнал како бугарски офицер па станува лидер на врховниот комитет. Знаеме нели кои биле врховистите? Сарафов ја претвора организацијата и комитетот во своевидна рекетарска банда а самоволието негово расте до тој степен што без да му трепне око извршува насилства и убиства низ Софија. Пресвртниот момент доаѓа кога се дрзнува да врши рекет а после и убиство во Романија. Под притисок од Романија Бугарија го става Сарафов во затвор а односите помеѓу него и бугарската влада се заоструваат. Додека е во затвор ја дава фамозната изјава дека Македонците не се Бугари ниту Срби. Потоа станува лидер на централниот комитет и откако Илинденското востание пропаѓа повторно се зближува со бугарската влада а со тоа се заоструваат односите помеѓу него и Санданистите чија кулминација е убиството на Сарафов.
Со два збора, турли тава му е биографијата. Доста збунувачки потези, непредвидливост, немање константа во тоа за што се бори и верува бидејќи врховистичките идеи и зближувањето со Бугарија се косат со идејата дека Македонците се посебен народ и дека не сакаат мешање од страна на балканските држави.
Од друга страна пак Сандански иако помалку интелигентен, харизматичен итн. останува доследен на своите левичарски убедувања и на идејата за една автономна Македонија која во иднина би пристапила кон некаква балканска федерација.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: SNM

Прво ние имаме тотално погрешно толкување за комитетот, па и Делчев и Петров биле дел од комитетот, собранијата негови, гласале и биле учесници во него, комитетот бил своевиден парламент на сите македонски организации.Токму Делчев и Петров застануваат зад кандидатурата на Сарафов oдносно тој е нивен кандидат и со нивните гласови тој станува претседател на комитетот, а голем дел од парите на касата потоа тој ги дава на ВМОРО.
Делчев бил и избран за член на раководството на комитетот, но тоа потоа тоа го одбива за да не ја изгуби својата улога на обединител која ја имал во организацијата.

Сигурно не сметаш дека пари за револуција така се добиваат, се знае дека ВМОРО и воопшто македонското револуционерно движење се занимавало со рекет за да дојде до финансии за своите делувања, токму тоа и го правел и Сарафов, кој со харизма но и карактерот кој го имал собирал убедливо најмногу финансиски средства кои потоа ги распоредувал на сите , финансирал весници, пари за ВМОРО, за МТРК (гемиџиите) и.т.н., сите поголеми и покрупни дела на организацијата но и воопшто на македонското револуционерно движење доаѓале преку парите кои ги обезбедувал Сарафов, тоа и самиот Петров го признава во своите спомени, иако поради неговиот карактер Петров не бил баш некој голем фан на Сарафов , но никогаш не негира дека освен поради нарциосноста и желбата да биде лидер, со се друго го помагал делото, но таа желба за лидерство која ја поседувал знаела и тоа како да направи проблеми кај останатите.

Сарафов сметал дека целото револуционерно движење треба да биде со еден центар, а воедно тој сакал да биде лидер на целото движење, суетата и егото му доаѓале дека тој бил убедливо најуспешен и со обезбедување на финансии, со авторитет и со огромната харизма која ја имал, бил неворојатен оратор и за миг можел со една реченица сите да ги крене на нозе.

Кога читаш спомени на револуционери се знае тројката која сите ја споменуваат, Делчев-Груев-Сарафов по овој редослед, па по нив останатите каде најмногу се истакнуваат пред се Тошев и Петров.

Е сега кога сме кај парите, вреди да се напомене, дека Сарафов си починал со тоа што го имал , додека Сандански починува како најбогат човек во Пиринска Македонија, како концесионер на бањи, богат и добро обезбеден трговец.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom