Здраво дечки... Почнав да одам во теретана, денес ми беше 10 ти ден... Сакам да добијам мислење или совет... Имам 27 години, последните неколку години сум улежан од спорт, и качив на килажа... Имав 96 кг кога почнав во теретана, а висок сум некаде околу 1.83м. Сега после 10 дена имам 92 кг, значи внимавам и на исхрана, почесто јадам помали количини и претежно гледам да е храна богата со протеини (ручекот си го јадам нормално што и да е без леб само и со повеќе салата), со тоа што за доручек јадам шејк од Хербалајф.
Да поминам сега на прашањето првите 5 дена ги вежбав сите мускули, потоа ги поделив во групи: Гради-грб, Рамо - рака, нога- стомак и еден ден кардио само. Целта ми е прво да намалам на килажа (мислам да го изгубам салово на стомак и спољерите), и да зајакнам.
Вежбам со помали килажи ама повеќе повторувања( на пр. Гради на бенџ ако можам максимум 55 кг, вежбам со 45 ама 3 пати по 15 повторувања). Секој ден на крај од тренинг правам некоја серија стомачни и вежби за страничен стомак ( по мое спољери
). До сега немам прерипано ден, денот за кардио го вежбам без тежина само на лента за трчање и тоа го рачунам како по релаксиран тренинг (ден за одмор).
Дали вежбам правилно или би требало да променам нешто во групите на мускули или со килажа помалку повторувања поголема килажа?
Сега за сега вака ми оди супер и добро се осеќам, мотивиран сум да не прекинал со вежбање. Поздрав