Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 15.628
- Поени од реакции
- 34.881
Не генерализирај, за секој е различно, имаш луѓе кои ќе ги удри депресија од такво време, имаш луѓе кои уживаат во таа клима.Vo globala zemeno, poarno e 7 meseca denski da e 20 i nad 20C ,na sonce i +40 , negoli ispod 10C 6 meseci po red kako sto e u svedska i uopste skandinavija, finska beter
Имам роднини и пријатели што живеат во Британија и Холандија, дел од нив првите 2-3 недели беа со главоболки и депресија од самата клима, после извесен период симптомите се се помали и сега за ништо не би се вратиле тука.
Во Канада имам роднини кои живеат во Манитоба, на зима паѓа и под -50, ама ете после неколку години се навикнаа и за ништо не би се вратиле тука, пример мажот се навикна на спортски лов и риболов и вика дека тоа е рајот за тие спортови, одат и до Алберта често со преспивања на лов и риболов и човекот ужива, буквално како да се прероди откако отиде таму, а првите година дена и тој се жалеше дека од ладно надвор не се излегува и снегот од такт го вадеше, а за парите и стандардот да не правиме муабет, тука прво крпеа крај со крај со две плати од по 250 евра, таму и едниот и другиот земаат над 3000 долари месечно нето плата, во Скопје киријата 200 евра месечно на 500-600 евра прилив таму 1500 долари месечно на прилив од 6000 долари, храната тука за семејство не те оправаат 500 евра, таму за семејство 1000-1500 долари, на крај на месец тука завршуваш со минус сметка, таму завршуваш со + 1500 долари.