Џ
Џонтра Волта
Гостин
Има тука многу да се пишува, ќе нафрлам само побитни информации, датуми и фаворити за медали пошто има илјада спортови.
Атлетскиот турнир ќе започне на 11 Август и ќе трае до 21 Август.
Идеме по дисциплини, фаворити и најдобро пласирани од Лондон 2012 и Пекинг 2015.
100м мажи:
-Секако дека прв и главен фаворит е Јусеин Болт, светскиот и олимпискиот рекордер. 9.63 од Лондон за Олимписки рекорд.
Втор кандидат за злато секако е американецот Џастин Гетлин, бронзениот од Лондон и сребрен од светското првенство лани.
Ко фаворити од сенка ќе ги споменеме Жими Вико од Франција кој беше прв на собирот во дијамантската лига пред 2 недели, и секако јамајканецот Јохан Блејк сребрениот од Лондон 2012.
И нашиот Ристе Пандев ќе учествува во квалификациите за пласман во финалето.
200м мажи:
-И повторно Јусеин Болт против Џастин Гетлин најверојатно за последен пат на еден ваков собир.
Златниот од Лондон, златниот од Пекинг 2015та против Џастин Гетлин кој беше втор лани во Пекинг.
Јохан Блејк сребрениот од Лондон плус ЛаШон Мери од САД и Анасо Јободвана од ЈАР ќе се обидат да ги загрозат погоре споменатите Болт и Гетлин.
400м мажи:
-Тука го имаме Кирани Џејмс од Гренада златниот од Лондон против Вајд Ван Никерк од ЈАР златниот лани во Пекинг и ЛаШон Мери од САД.
800м мажи:
-Давид Рудиша од Кенија, светскиот рекордер и Олимписки шампион од Лондон против Ниџел Амос од Ботсвана кој беше сребрен во Лондон и Адам Кшот од Полска сребрен од Пекинг.
Обратете внимание на Амел Тука од БиХ, бронзен медал на собирот во Пекинг лани.
1500м мажи:
-Асбел Кипроп златен медал од Пекинг против Таофик Маклуфи од Алжир Олимписки шампион од Лондон 2012.
5000м мажи:
-Мо Фарах од Велика Британија, неприкосновен на првото место, светски и Олимписки шампион.
10.000м мажи:
-Повторно Мо Фарах, светски и Олимписки шампион.
110м со пречки мажи:
-Поради допинг скандалот и банот на Русија од ОИ нема да го видиме Александар Шубенков златниот од СП во Пекинг лани. Нема да настапи ни Олимпискиот шампион од Лондон, американецот Алиес Мерит.
100м жени:
-Која друга ако не Шели Ен Фрејзер Прајс, златна од Лондон 2012 и свестка шампионка од Пекинг 2015. Сериозна конкуренција ќе има од холанѓанката Дафне Шиперс која беше сребрена лани во Пекинг и ако не се лажам прва во Дијаманската лига сезонава.
Ќе ги нема легендарните Вероника Кембел Браун и Кармелита Џетер па како фаворитки од сенка ќе ги спомнеме Мјуриел Ахуре од БСК, Блесинг Окагбаре од Нигерија и Шона Милер од Бахамите.
200м жени:
-Ќе ја нема Алисон Феликс златната од Лондон, ќе ја нема ни Шели Ен Фрејзер Прајс па затоа ко прва фаворитка за злато истапува Дафне Шиперс од Холандија светска шампионка од Пекинг.
Конкуренција ќе има во Вероника Кембел Браун и Елејн Томпсон од Јамајка, плус Мјуриел Ахуре од БСК, Блесинг Окагбаре од Нигерија и Шона Милер од Бахамите.
400м жени:
-Еве ја Алисон Феликс светската шампионка од Пекинг ко прв фаворит против Кристина Охуругу од Велика Британија сребрена во Лондон и Шона Милер од Бахамите сребрена во Пекинг плус Наташа Хестингс од САД. Ќе ја нема Олипмиската шампионка од Лондон, американката Сања Ричардс-Рос.
800м жени:
-Кастер Семења од ЈАР беше прво место на Дијамантската лига, златната од Лондон Марија Савинова нема да настапи поради погоре споменатиот бан на Русија но тука е Марија Арзамасава од Белорусија која беше прво место на СП во Пекинг лани и Мелиса Бишоп од Канада сребрена во Пекинг.
1500м жени:
-Етиопија против Кенија, односно Гензебе Дибаба против Ненси Чепкемои и Фаитх Кипјегон.
Ко фаворитка од сенка ќе ја спомнеме Абеба Арегави од Шведска која се враќа од суспензија.
5000м жени:
-Под знак прашалник е Тирунеш Дибаба од Етиопија но затоа тука е нејзината сонародничка и златна од Пекинг Алмаз Ајана. Ја нема ни Олипмиската шампионка од Лондон Месерет Дефар.
За Кенија ќе трча Вивиен Шерио ко еден од фаворитите за медал покрај Ајана и најверојатно Тирунеш Дибаба.
10.000м жени:
-Е тука ја имаме Тирунеш Дибаба постарата од сестрите Дибаба. Олимписка шампионка од Лондон против Вивиен Шерио од Кенија која е светски првак од Пекинг.
100м со пречки жени:
-Тука имаме интересна ситуација, пред 2-3 недели на митингот од Дијамантската лига е поставен нов светски рекорд од страна на американката Кендра Харисон но девојката нема да настапи на Олимписките игри поради тоа што не успеа да се избори за пласман во квалификациите на САД.
Поима неам тука како стојат фаворитите поради тоа што ќе ја нема златната од Лондон Сали Персон и златната од Пекинг Дениел Вилијамс.
400м со пречки жени:
-Тука ќе ја спомнам само Зузана Хејнова од Чешка.
За другите дисциплини сега ме мрзи да пишувам, тоа у коментар после ако не ме мрзи ни тогаш.