Неколку недели/месеци покасно, изгледа укапираа дека стварно си ствараат апла негативен публицитет со тие осудувачките слики, па како што гледам бајаги имаат намалено. Нормално си пропагираат вегетаријанство, во умерени дози, бидејќи сепак и тоа им е една од главните цели како здружение, но во главно се вратија со акцент на споделувањето на постови за миленици кои се вдомуваат и за кои е потребна помош, а чат-пат гледам како споделуваат постови за помош и за луѓе. Мада последново е џабе, пошто утре ќе се деси нешто друго и пак прв коментар тука ќе биде „ovie se grizat povekje za kucishtana otkolku za lugjeto aram da im e“. Али знаеш како викаат, никад не можеш сите да ги задоволиш.