- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.377
- Поени од реакции
- 5.838
Сигурно не биле 5 минути, но и да биле, треба да си задоволен и пресреќен што не биле 15 минути. Не знам во кој свет живеете, но на континентот познат како Европа, во 2018 година некој да очекува било што кое наликува на пристоен однос кон клиенти за плата од 200 евра треба да е во сериозна делузија.За првиот параграф се согласувам целосно - она што е генерално кажано. За примерот, што повеќе освен - сам си е крив човекот што се вплеткал у такви заврзлами?
Зошто баш се бараат келнери, чистачи, градежници, текстилци или касиери? Бидејќи (во најголем процент) само таму останало тоа робовладетелското и има ненормално непочитување на правата на работникот и никој млад не сака да влегува у тој сектор (освен ако не мора или не е финансиски принуден). Може и од тој аспект да се анализира муабетов. Младите секојдневно се соочуваат со овие проблеми на работно место и затоа ги избегнуваат овие сектори. Но веројатно никој не ја размислил вака причава, туку преку некаков измислен "конфликт" базиран на наводната мрзливост на младите - бара читаност, што и е основата на "анализава".
Секако дека приказнава е многуслојна и комплексна и веројатно многу параметри имаат врска со ова прашање. Не се само работодавците криви, има удел и државата и глобалните трендови, самите вработени и културата на едно поднебје како и милион др. фактори.
Дека сме Африка - тотално се согласувам. И ајде еве, убеди ме како жените што работат у маркет им треба 5 минути за да укуцаат 6 бројки у мочан компјутер заслужуваат повеќе? (СО ЦЕЛОСЕН РЕСПЕКТ КОН НИВ КАКО ИНДИВИДУИ И ЛУЃЕ И ОД КАДЕ ПОТЕКНУВААТ И КАКОВ ЖИВОТ ИМАЛЕ И ТН). Како можеш ти како работодавец да дадеш пример 500 евра плата за таков работник со толку ниски квалификации и способности (без дисреспект кон тие луѓе или фурање од моја страна)?
Па маме му ебам и работниците треба да покажат минимален степен на самоиницијативност.
Некој треба и тие 15/16.000 да ги изработи, ме разбираш.
Јас реално многу ретко сум видел некој да покаже иницијативност и да преземе одговорност повеќе од што му е доделено. Милион пати сум слушнал "тоа не е моја работа", прашај ваму или таму, иако знам дека дотичниот МОЖЕ да ми помогне, ама пошо не му се замара си игра пинг понг со мене.
Океј е да не се покажуваш ептен со цел да не те "исцедат", но со тоа што ќе преземеш некоја одговорност +, ќе научиш нешто ново, утре може баш тоа ќе ти се најде во животов. Далеку од тоа дека утре ќе бидеш унапреден пошо си останувал секој ден +2 саати да работиш (знаеме кај нас како идат овие унапредувања и promotions), ама така ти учиш работи кои утре и те како ќе ти се најдат во друг сектор.
Или недај боже ако им се каже да останат после работа да доработат нешто. Пер така учиш, како да ти кажам. Секако дека најчесто тоа нема да биде адекватно испочитувано од газдите, но на тоа треба да гледаш како усовршување и учење нови нешта кои во иднина и те како може да ти се најдат. Кај нас највеќето се на став "ме боли кур ја да му останувам плус 1 саат" или "нека кршат глава, не им помагам на дечките од другиот тим". Што во основа е тотално погрешно и лошо. Не викам дека треба животот да го посветиш на фирмата, ама не е лошо да покажеш мал степен на желба за умствен напредок.
Овој муабет го правам да не испадне дека целосно за лошата ситуација во Р.М се криви газдите и работодавачите. Да, секако дека стојам зад фактот дека ја имаат најголемата одговорност за муабетов, ама и работниците сами по себе си сносат ( далеку помал, но сепак значителен) дел од одговорноста.
Правиме муабет за квалификации, способности и иницијатива. И за 200 евра. Ок. Со 200 евра не може да се одржи работоспособност без да се компромитира физичко и психичко здравје, среќа што сеуште фамилиарни врски и врски со родбини по дијаспора се јаки, па така некако теретот од работодавецот се извезува на потесна и поширока фамилија, ќе се снајдат, ќе преживеат некако.
Сериозно нешто не е во ред со очекувањата на луѓево, јас сум презадоволен од услуга во услужен и малопродажен сектор со оглед на околностите. Исто би бил презадоволен доколку сум во Либерија и водата која ја пијам не е загадена, значи треба да се живее во реалноста.[DOUBLEPOST=1540380499][/DOUBLEPOST]
Види пробај без воздух едно 10 минути, после врати се и напиши искуство. Ако пак не се вратиш, суперЗа живот не се ни потребни 100 евра...има луѓе што живеат без пари.
Последно уредено: