Вака, од моите мали познавања на copyright произлегува дека постои т.н "fair use' доктрина, според која се дозволува ограничено користење на туѓ труд се додека не се нарушат материјалните добивки што произлегуваат од авторското право, и се додека не ги посвојувате. Но морам да признам дека доктрината на ограничено користење е многу матна, овие спорови во други држави најчесто завршуваат спогодбено
На пример, доколку користие информации во вашиот труд и се повикате дека истите ги добивте од британика на пример е во ред. Или на пример користење на податоци добиени од медицински истражувања мора да наведете кој ви е изворот.
Но би било проблем на пример, ако пишувате книга и некој од ликовите ви се вика Ана Каренина, чиј лик има атрибути на позната хероина, ја објавите книгата и стекнете пари. Но не би било проблем,. барем според мене, доколку за вашиот херој во вашата книга напишете дека е братучед на Ана Каренина (претходно се разбира тој лик да нее спомнуван во истоимената книга)