Книга напишана од Ристо Бужароски 1976 година за Галичник, со голем број обработени личности меѓу кои и Пулевски. Собирал сведоштва од Галичани во Галичник и Софија за животот и делото на Пулевски. Еве извадоци од книгата во која се гледа колку бил почитуван Пулевски меѓу Галичани и македонската емиграција во Бугарија каде и починал. Интересно е исто што во оваа книга авторот пренесува сведоштва на Галичани кои го познавале Пулевски и кои велат дека имал напишано неколку дела (периодот кога е пишувана книгата значи нешто пред 1976 година) што му ги одземале во Бугарија. Истите тие пред неколку години беа пронајдени во Софија од страна на Блаже Ристовски, значи сите сведоштва се релевантни.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.