Резултати од барањето

  1. N

    Позајмување пари на идиоти

    Кај ме потсети на ова. Пред едно 15 години беше хит да си нечиј жирант. Секој на секого потпишуваше. Појма немаа луѓето во што влагаат. Јас 2-3 другарства прекинав од што ги одбивав кога ми бараа мене да бидам жирант. Во едното, другарот зема потрошувачки кредит за да го уплати како учество на...
  2. N

    Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

    Мислам дека тука си грешка. Повратници од странство не би ја влошиле состојбата тука освен ако не доаѓаат од некое жариште поголемо од нашето. Но затоа важи обратното. Ќе ја „вратат“ короната назад на своите работни места. Па ќе станеме и први во извоз на корона :)
  3. N

    Македонска берза

    Со сите негативни вести денес за преполни болници, изнемоштен кадар и втор бран на корона, мислам дека следи нов пад на берзата. Овојпат помалку драматичен од претходниот...
  4. N

    Македонска берза

    Нашава МСЕ со кои фундаменти е поврзана? :)
  5. N

    Македонска берза

    Индексот од скоро 5000 падна на 3200, а сега е 4350 што е еквивалент на крај на ноември 2019. Моја претпоставка: - Тие што излегоа, излегоа. - Тие што се вратија, се вратија. - Тие што влегоа во меѓувреме влегоа. Нема некои индикатори за нова паника. А нема ни индикатори за опоравување на...
  6. N

    Lyoness

    Тоа со криптовалутата е поголема превара од сите останати превари што ги има Лајонес. Бидејќи вредноста на криптовалутата е врзано со покачување на вредноста на останатите нивни производи ;)
  7. N

    Македонска берза

    Окта скокнала 21% во период кога сите светски нафтени компании одат доле? Не контам јас нешто тука во логиката на некој потенцијален инвеститор. Дивидендата нели има смисла само ако акцијата не паѓа? Што е поентата на дивиденда од 2.5% ако вредноста на акцијата тропне назад за надуените 21%?
  8. N

    Македонска берза

    Уствари пораката е ако несакаш баш акции чувај злато наместо кеш :) Во меѓувреме Ворен Бафет шитна све што имаше од авио индустрии.
  9. N

    Македонска берза

    Фаучи реално не кажува ништо драматично различно. Само насловот на веста е бомбастичен. Според него, во нивната студија - Remsidivir improves median time of recovery from 15 to 11 days. - Decreases mortality rate from 11.6% to 8%. Тоа што смртноста им е 11.6% / 8% кажува дека групите на...
  10. N

    Македонска берза

    Засега официјално е излезена само кинеската студија и тоа денес ја објавија во Lancet. Може затоа Гилеад падна. Нивните резултати се помалку оптимистички: Although not statistically significant, patients receiving remdesivir had a numerically faster time to clinical improvement than those...
  11. N

    Македонска берза

    Алкалоид денес надоле 3%. Комерцијална надоле 7%. Некој што вчера прашуваше за влез за дивиденда, ете ја дивидендата стопена.
  12. N

    Македонска берза

    Еве, јас за 10000 рамно све ќе ти купам :)
  13. N

    Македонска берза

    За друго „исплати“ збориме :) Не дека АЛК и КМБ нема да ја исплатат дивидендата. Секако дека ќе ја исплатат. Туку него нема да му се исплати, односно да му биде исплатливо да влага само поради дивиденда.
  14. N

    Македонска берза

    Една работа е дали сите знаат за короната. Друга е дали е тоа вкалкулирано во цената. Еве ти го калкулираш во цената, filipidi не. Прашањето е колку го имаат вкалкулирано, а колку не. И што е тоа што го имаат вкалкулирано. Во моментов: - Комерцијална е на иста вредност како во јануари. -...
  15. N

    Македонска берза

    Прашањето е зошто би влегувал? Ако ти е само поради дивиденда, најверојанто нема да се исплати. Влез излез од берза е трошок од околу 2%. На дивиденда Алкалоид од отприлика 3% до цената ти останува само 1% ќар. Ако акциите Алкалоид утре тргнат надоле за бар 1% веќе си зијан. Сличен муабет и за...
  16. N

    Македонска берза

    Сега ќе биде систем „капка-по-капка“, ама надоле. Секој ден по малку. Како што е редот за економија која влага во рецесија.
  17. N

    Македонска берза

    Излезе многу добар извештај од IMF во кој се прават проекции на светска економија за наредните 2 години. https://www.imf.org/en/Publications/WEO/Issues/2020/04/14/weo-april-2020
  18. N

    Македонска берза

    Мислев на objective и subjective theory of value од економска теорија, не за некој свој систем на вредности. Да земеме во предвид дека моменталната вредност на берзата никогаш не е нејзината вистинска вредност во моментот, туку моментална проекција каква ќе биде во иднината. Со моменталниов...
  19. N

    Македонска берза

    Ако веќе завршила кризата во време кога половина свет спие и ништо не прави, тогаш едноставно да го исфрлиме делот на објективното вреднување. Ќе испадне дека цела економија функционира на дијамант систем. „Вреди бидејќи сакам да вреди“. (не викам дека не е возможно, ама е погрешно) ;)
  20. N

    Македонска берза

    Во периодов не би влегувал во ништо. Сметам дека сите што излегоа, посебно тие што излегоа со загуба, сега се враќаат назад и затоа се крева цената. Дури и јас го имам тој нагон, ама си мантрам во себе. Kако што пишав во еден претходен пост со тешки маки целосно излегов од МСЕ (троа short). Бев...
На врв Bottom