Резултати од барањето

  1. Франкоо

    Фан Клуб: Барселона

    Дечки дали некој има асален стрим да прати ?
  2. Франкоо

    Alfa Romeo Giulietta 2010-2015

    Немам искуство со тој мотор, ниту па познавам некој што го вози. Дека не се вози тој мотор, грешка си, само кај мене низ маало имам видено 4-5 такви. Како што ти кажа и Ѓоко погоре, прочепкај по српски и англиски форум, секакви информации ќе најдеш. Околу царината, најди возило запиши број на...
  3. Франкоо

    Alfa Romeo Giulietta 2010-2015

    Јас имам Џулиета 2013 2.0jtdM 170ks. Пред скоро 2ипол години ја донесов од Германија и царина ме кошташе околу 1500 евра, не се сеќавам точно. Од тогаш до сега царината за половни возила е доста поскапена. Внимавај на турбото, автоматчињата за двозонската клима (ако работи, односно ги прати...
  4. Франкоо

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Не знам како се со цени по нашиве огласи, али ако си сигурен дека ќе правиш ремап, одма купи ја верзијата со 170кс и вози ја сток.Јас прашував за мојата и ми рекоа дека може ремап без никаков проблем, само што како се повеќе ја возам, така сфаќам дека нема потреба од ремап, освен за...
  5. Франкоо

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Јас возам Џулиета 2013та 2.0 170кс. За година дена поминав 7200км и освен редовен сервис, ништо немам дополнително сменето. Следно треба да сменам моторче за двозонска клима, фабричка мана се и кај сите се крши граничникот и едната страна дува обратно од другата. Малку е pain in the ass за...
  6. Франкоо

    Средување на старо Волксваген Лупо

    Друже, ако вака продолжиш, твоево Лупо ќе биде најскапото во МК :D Не вреди за кола стара 15+ години да нарачуваш делови од eBay и слични сајтови. Имаш милион отпади/луѓе што растураат VW низ МК. Прочепкај по Реклама 5, ФБ ќе најдеш делови за се што ти треба. Пред 3-4 години имав жолто и плаво...
  7. Франкоо

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Клуч сервис. Имаат неколку дуќани низ СК, јас сум бил во тој во тафталиџе на пазарчето. Профи се дечките
  8. Франкоо

    Увоз на половни возила

    Потенцијално би можело да биде, но во моите два случаја на продавачите не им беше битно од каде ќе им пристигнат парите. Откако ги примија парите купопродажниот договор го направија со транспортерот на мое име. Јас само префрлив пари и на транспортерот му дадов мои податоци, слики од пасош и...
  9. Франкоо

    Увоз на половни возила

    Прво наоѓаш кола, договараш цена со продавачот и начин на плаќање. Е сега имаш две опции. - Прва опција е да се качиш во авион и да му ја платиш на лице место колата, а потоа да си ја возиш до МК или да мy префрлиш пари на продавачот на сметка/Western Union. Внимавај, доколку одиш на првата...
  10. Франкоо

    Формула 1 - сезона 2021

    Дечки има некој добар стрим да пушти линк ?
  11. Франкоо

    Opel Club Macedonia

    Другарче има, купена нова од салон во МК 2014 година. Одлична кола, огромна, удобна ама не се надевај на квалитет внатре. Сите пластики внатре крцкаат, а колата има ~150000км поминато.
  12. Франкоо

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Важечка времена сообраќајна дозвола, што се издава со пробните таблици, на неа мислев.
  13. Франкоо

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Zdravo decki :) Me interesira dali nekoj od vas imal iskustvo so probni tablici. Izvadiv probni za voziloto i zaminav na vikend. E sega me zastana policija i bukvalno me maltretira deka ne sum smeel da ja vozam kolata so probni nadvor od gradot kade sto ziveam, iako ima vazecka soobrakjajna...
  14. Франкоо

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Здраво дечки :) Денеска на технички ми кажаа дека бројот на шасија во сообраќајната дозвола ми е згрешен... Дали некој од вас има искуство со процедурата за исправање на грешката ? Како што ми кажаа на технички, треба да одам во МТВ, ама не ми кажаа дали треба да носам некој посебен документ со...
  15. Франкоо

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Јас имам Мазда 2 1.4 дизел 2009. Економично возило, поскапичко за одржување и доста поретко има делови отколку за типичните возила за нашиов пазар. Барав држач за мотор за 2ката, 2 месеца чекав да ми го донесат зошто никаде го немаа на лагер. Ако е од увоз на да внимаваш на турбина, 90% од...
  16. Франкоо

    Alfa Romeo или Fiat Grande Punto- искуства, совети

    Супер аргумент другар. Нема дилема дека после исцрпниов коментар ќе купи Пунто ;)
  17. Франкоо

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Дечки гледам отворивте муабет за алфите, па да искористам прилика да ве прашам. Има некој искуство со Giulietta 2.0 JTDm 2011 година, 170 коња ? Ми се укажа добра прилика за ваква, ама искрено не сум имал допирни точки со 2.0 дизелот со 170 коња па се мислам да ја менувам 147цата :)
  18. Франкоо

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Јас ги возев истиве на Алфа 147 :) Светат ОК, другарче ги вози потполно истиве втора година веќе, така да не е дека не се квалитетни. Кај мене светлината ја фрла многу горе и заслепувам коли од спротивната страна, а тоа ужасно ме нервира и ги извадив. Да знаеш дека многу тешко се монтираат, јас...
  19. Франкоо

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Јас ја ремапирав колата кај влезот на паркингот во веро тафталиџе, во куќите. Појма немам како се викаат дечките ама презадоволен сум. Исклучив DPF и додадов 35кс. Откако ја ремапирав пројдов околу 12.000 km, никаков проблем до сега. Единствено потрошувачката ми падна за 1.5 литра на100km Ако...
  20. Франкоо

    Гуми (пневматици)

    Здраво, Да не имате идеја каде би можел да најдам Fulda SportControl 2 225/45/R17 ? Стоп&ГО немаат, Олимпико исто, прашав уште на 2-3 места, воопшто не носеле Fulda гуми..
На врв Bottom