Резултати од барањето

  1. pirateMan

    Гуми (пневматици)

    Ако имаме снег нема да згрешиш исто ако одиш на скијање сигурно нагоре ќе има кај да ги пробаш, за на влажно и суво не се нешто посебно ама нема никаков проблем и тогаш ако возиш според знак нема проблем ни зализгување а ни со кочење.
  2. pirateMan

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Имаше едни на лук оил, беа доста поголеми и заоблени нагоре како када такви имам јас не се лизгаат ама погодена е димензијата се покрива ако најдиш од нив пробај ги измери на бензинска.
  3. pirateMan

    Најекономично греење (затоплување)

    Можи имам пропуштено претходно, колкава површина и колкава клима имаш (3.5 или 5.5)?
  4. pirateMan

    Најекономично греење (затоплување)

    Дали некој има поопширна информација на кој начин функционираат healthy и scavenger mods, повеќе scavenger mode ми е мистерија како технички се изведува :kafence:
  5. pirateMan

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    На алфата какво масло користиш и на колку км менуваш?
  6. pirateMan

    Најекономично греење (затоплување)

    Дали би имало проблем надворешната да е поставена на повисоко од внатрешните и бакарните цевки да доаѓаат од таванот надолу, (цревото за кондензација би било посебно на друг отвор надолу)?
  7. pirateMan

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Турбото во каква состојба е? Масло не треба воопшто да троши на 200км. Има некои звуци кога стои или кога возиш? Мирис скоро сите дизели имаат, сигурно од нафтата е, ако не чади не треба да е проблем. Нови амортизери се секогаш "нервозни" на почеток, задни повеќе време ќе треба да налегнат по...
  8. pirateMan

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Ја имаш возено без масло, ланчето страда многу од ова ама ако се смири тропањето не е ланче. Види за да фали толку масло некаде или го троши (чади) или ти капи долу.
  9. pirateMan

    Најекономично греење (затоплување)

    1 соба 20м2 или 2х20м2?
  10. pirateMan

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Ако имаш можност ќе те советувам на тој мотор егр и дпф да отстраниш, во најмала рака егрот блокирај го зошто ќе имаш мака ако не ја возиш често на отворено. Температурата на мерачот како е, постигнува работна темп и ја држи на средина? За сијаличката на дијагностика провери, првично мислам дека...
  11. pirateMan

    Најекономично греење (затоплување)

    И јас ја имам користено во скоро иста квадратура со дрвени прозорци и без изолација задоволен бев и од топлината и потрошувачката, претходно со термо печка ни едно ни друго беше ок. Сега во куќа после дрвата зедов ваква https://www.klimi.mk/product/588 во главно се е исто според топлината има...
  12. pirateMan

    Гуми (пневматици)

    Rain sport 3 ги имам, одлична гума е посебно на влажно, на почеток беа побучни додека се намали шарата, дали и во 5ката го имаат задржано квалитетот не знам. Назад возам матадор, најверојатно в година и предните ќе ги ставам матадор олсизон, за мои потреби најисплатливо ми е олсизон.
  13. pirateMan

    Совети околу мотоцикли

    Не, нема никакво задоволство ни удобност за на отворен пат се шо е под некои 600цц. Самиот звук нема да можиш да го поднесиш. А и од безбедност не препорачувам, цел сообраќај ќе проба да те престигнува се е тоа заморно.
  14. pirateMan

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Во рок од две години менав плочки зошто не можев да го поднесам звукот, имаа повеќе од 70% материјал. Исто зедов трв ама од продавница и ги заменив кај мајстор, и се трв, еве 1+ година нема никаков звук ни на влажно ни на суво. Дали ти ги купи плочките или само мајсторот тврди дека се такви.
  15. pirateMan

    Најекономично греење (затоплување)

    15-20мин е нормален циклус на работа на клима, потоа сигурно има некои 3-4 мин пауза па ако не е постигната температурата повторно се вклучува, сигурно и претходно вака ти работела.
  16. pirateMan

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Фиат браво 2010 треба да има hill holder со тоа чудо е скоро невозможно да ти изгасни, немаш ни потреба од рачна. 1685903512 Има сигурно мака ако изгубила антифриз, водна пумпа или дихтунг.
  17. pirateMan

    Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

    Наместо вд40, земи средство за подмачкување на ланец за мотор и мала количина прскај на гумиците, тоа е безбедно за гумата. За звукот од задните тркала можно е во тоа што се сомневаш за сајлата, дали назад имаш дискови или добош?
  18. pirateMan

    Најекономично греење (затоплување)

    А како е мултисплитот со потрошувачка кога во одреден период би користел само една единица или две
  19. pirateMan

    Најекономично греење (затоплување)

    Со дрва е најудобно, само не прави пресметка колку ќе е со новите цени. Парно на дрва имаш или камин?
  20. pirateMan

    Најекономично греење (затоплување)

    ~30к, за монтажа е 5к, исто имам прашање дали има разлика во цените за монтажа, дали ова е ок цена или не.
На врв Bottom