Резултати од барањето

  1. Тањушка

    Како ви се допаѓа бугарската музика?

    А да го сменевте насловот? Бугарска музика :lud:....да, слушам некои андергроунд бугарски бендови и класа се...а турбо-шабанско не слушам ни бугарско, ни српско, ни македонско, ни ескимско.
  2. Тањушка

    Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

    Princ, мене како човек без никакви предрасуди ова ептен ме радува ако е стварно така. Ама јас имам еден куп другари Албанци кои без исклучок, сите го кажуваат она што јас го напишав. И тоа е она што ме загрижува и за што стално дискутираме. Зошто мене не ми пречи, а нив им пречи? Еве, ти ми...
  3. Тањушка

    Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

    Се` уште стојам зад ова свое мислење, со мало надополнување. Врска помеѓу Албанец и Христијанка (и обратно) сметам дека е невозможна од причина што муслиманите се уверени дека се најдобри и дека оној другиот треба да се смени и да ја прифати неговата вера. Христијаните се многу пошироки и...
  4. Тањушка

    Градинки

    Секако, ама не во таа што ти е најблиску, туку во таа која претходно ќе ја провериш, ќе видиш дали се надлежните караконџули, ќе видиш каква им е кујната...и ако детето наутро едвај чека да киниса за да се види со другарчињата и со учителките, тогаш значи дека е супер.
  5. Тањушка

    Слатките на Апче

    Ама воопшто не треба да се арчат зборови. Колачите во Апче се под секаков критериум, гадојна жива, сите со ист крем и тоа одвратен и смрдлив, се разликуваат само по името и преливот. Ама затоа бозата!!! Леле, леле....Закон над законите! И тука завршува муабетот. Слаткарницата опстојува со...
  6. Тањушка

    Реновирање

    Темава ме погоди во срце јуначко! Синоќа се разбудив во 3 и повеќе не заспав и се пукнав од мислење што и како да правам. Имено, наскоро започнуваме со реновирање на станот, идеи имаме, ама никако не можам да смислам што да правам со толку постели, ќебиња, алишта, чевли..... а ништо не е за...
  7. Тањушка

    Кои ви се најубави смоки?

    Уште од мали нозе го имав рецептот за тоа како на Македонија да и` тргне на економски план. Па со извозот на смоките, секако! Во СВЕТОТ нема поубави. По странствата кај што одам, редовно го разгледувам асортиманот на смоки и секогаш и секаде доаѓам до заклучок дека само и исклучиво тука се добри...
  8. Тањушка

    Црвен кармин-кич или тренд?

    Црвениот кармин и лак се тренд, но и нешто што никогаш не излегло од мода.Евергрин. Класика. Лесно може да премине во тежок кич ако се ноктите премногу долги или ако си нашлапан ко Индијанец по цело лице. Овие два детала бидејќи се исклучително силни сами за себе, бараат префинетост и...
  9. Тањушка

    Жито Лукс стана срање!

    Да, да, да, панцеротите им беа закон. Ги јадев во оној огранок што неодамна го затворија, во ГТЦ на ќошето што гледа накај Жена парк. Мх, мх, мх, со кашкавалче. Ремек-дело. И се` уште одговорно тврдам дека бурекот во Жито лукс е најдобар во свет. Од лебовите, сосема солиден е оној жолтиот...
  10. Тањушка

    Рабиндранат Тагоре

    Македонски препев на Градинарот постои. И само една мала забелешка. Градинарот е цела збирка, а не само една песна :smir:. *************************************************** Каква и да си, нека си, дојди; не колебај се при облекувањето. И косата нека ти е расплетена и патецот замрсен и елекот...
  11. Тањушка

    Среќно утро - без стрес

    Знам дека припаѓам на видот ретки животни, ама утрата ги САКАМ бре, брате :toe: (се разбира, само доколку сум доообро наспана). Ќе си станам, ќе си ставам вода за единственото кафенце во денот и додека тоа се лади, одам под туш. Охохо, сапунче, миење заби....па во бањарка си седам и си го пијам...
  12. Тањушка

    Stillissimo

    Бутикот се вика ZAP MILANO, а се наоѓа во ГТЦ, најгоре, во пролазот кај кафе „Журнал“.
  13. Тањушка

    Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

    Абе какви рецепти, не се лажете! Најдобриот „лек“ за ќелави или проќелави мажи е скроз кратко истрижена коса! Не мора „лустер“, ама онака, „на тројка“:wink: . И изгледаат бомбонче :helou: .
  14. Тањушка

    Stillissimo

    :pos2: Оф мори мајко:pos2: . Се изнасмејав, имаш право :zver: . Инаку, има вкус девојката, не е сељанка, убав имиџ и` пронајде на Каролинка, ама самата таа не ја бива за водителка. Јазикот и` е лош, изговорот уште полош, а гласот најлош. Кога ја слушам, ми се чини како да зборува девојче од...
  15. Тањушка

    Елен скок: умешноста на македонските ѕидари

    Ја имам таа среќа и привилегија да имам лазоровско потекло и секој слободен момент го користам да тркнам натаму. Еден од поголемите ќефови ми е кога застанувам покрај Елен Скок и уживкам во рајот земјин.
  16. Тањушка

    Никогаш не е случајно?

    Ако партнерите се дефинитивно решени дека не сакаат бебе, ќе си се заштитат. Секоја друга ситуација е ризик. Си викаат: „Ај ваљда нема“... Ееее, ама има. И после ги сносат последиците, прават свадби со стомак до заби, живеат во лоши бракови, се запустуваат и се мразат и меѓусебно и себеси. Не...
  17. Тањушка

    Ресторани - генерална дискусија

    Мојот фаворит во последно време: GUSTO Pizza&Vino, до Палома Бјанка. Пиците се неверојатно вкусни, со сос од тазе домати (без конзерванси), свеж босилок, тестото печено во фурна на дрва, домашно винце во бокал, мх, мх, мх... со еден збор-мерак!
  18. Тањушка

    Киселини во стомак

    Рупурутот не би требало да е многу штетен, бидејќи кога бев трудна докторот ми рече без секирации да го пијам кога ќе посакам. Инаку, при киселини многу помага јаболко.
  19. Тањушка

    Романтичен изглед

    Хехехе...Прашањето беше што е според нас романтичен изглед, бои....а за мене романтичен изглед е тоа :). Муабетот не е која облека треба да ја носиш за да седиш во ресторан во стилот на Mag Rayan во филмот "When Harry Met Sally" , колку што јас разбрав :helou: .
  20. Тањушка

    Романтичен изглед

    Синоним за романтичен изглед ми е девојка облечена во бел лелеав фустан, со полупуштена коса и цветче во косата.
Back
На врв Bottom