Резултати од барањето

  1. Тањушка

    Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

    Да јадеш сладолед не е добро иако сум слушала дека во некои земји јадат сладоледи и пијат кока-коли со мраз. Треба да пиеш млаки напитоци и да лижеш пастили за грло. Јади пилешка супа ако не можеш друго, тоа е добро против настинка. И секако, некаков прополис или нешто слично на база на мед...
  2. Тањушка

    Холивудска класика: Убавици!

    Lauren Bacall Колку гламурозна убавина :nesvest:!
  3. Тањушка

    Граматички правила и правопис

    Потполно те сфаќам што сакаш да кажеш. Јас уште пет пати да завршам факултет, повторно ќе се збунувам на некои места. Но постои закон, постои Правопис и како кажале Кирил Конески и останатите му пајташи, така ќе кажеме и ние. :toe:
  4. Тањушка

    Граматички правила и правопис

    Според Правописот на македонскиот литературен јазик, зборот детаљ се пишува со љ на крајот, а во неговата множинска форма љ-то преминува во л: детали. :wink:
  5. Тањушка

    Граматички правила и правопис

    Фантомче, убаво што си ја забележал таа навистина многу често употребувана бесмислица, само дозволи ми да те поправам и тебе. Не се вели на кому му туку кому му, без предлогот на. :helou:
  6. Тањушка

    Граматички правила и правопис

    незнам, неможам...не, не, не...не знам, не можам е вистинскиот начин. Не би било лошо да научиме нешто што многу често се употребува, но ретко кога точно. -Имињата на жители на континенти, држави, области се пишува со голема почетна буква: Африканец, Македонец, Мариовец, Мијак... -Имињата на...
  7. Тањушка

    Граматички правила и правопис

    Или погрешното акцентирањето. Тоа е нешто што ужасно ми боде уши. Мислам дека еднаш имам коментирано на слична тема и го имам дадено примерот за Андреј Жерновски. Упорно и упорно, со години слушаме како му го изговараат презимето како Жерно`вски, со акцент на вториот слог одзади. Аман бре луѓе...
  8. Тањушка

    Граматички правила и правопис

    Фина тема која би било убаво да прерасне во секојдневно учење на правопис и правоговор. Мојот пример за денеска е се` уште. Значи, се пишува одвоено и со надреден знак над се`.
  9. Тањушка

    Нај кул место за излегување во вашиот град!

    Еве вака. Јас како многу искусна шетачка по скопските кафичи, клубови и така натаму, со чиста совест и здрава свест можам да потврдам дека одамна немам така уживано во некое местенце, како што тоа се случува откако група битолски дечки го отворија Мезе-бар Сопотско во зградата на МЦМ. Пази...
  10. Тањушка

    Честит Рамазан, Рамазан Бајрам, Бајрам

    А зошто честитате денеска? Па Бајрам им е дури следниот петок, за 9 дена...а Рамазан е целиот месец и не се честита колку што знам јас:smir:.
  11. Тањушка

    Бремена. Што сега? Брак или...?

    А јас па секогаш се прашувам кои ли се тие луѓе што можат да дадат дете на посвојување? И тоа не затоа што се некои 13-годишни дечишта, отепани од Господ, болни или НеЗнамТиКакви,па не можат да се грижат за чедото, туку затоа што сакаат да го завршат факултетот и да одат на постдипломски!:tapp...
  12. Тањушка

    Тик за кондури

    Абе чизмичкиве до глужд може се убавки кога ги гледаш на излог, ама белја работа, на ниедна нога не стојат убаво:toe:. Особено не на сукња. Ги скусуваат нозете и ја деформираат формата. Евентуално на тесна „цигара“ пантолона, се трпат.
  13. Тањушка

    Да му помогнеме на Тео

    Со цел да му се помогне на малиот Тео, од денес “Космофон“ го отвори бројот 075/143 888, а ’’Т-Мобиле’’ 070/143-133, на кои сите корисници можат да донираат по 100 денари по пат на повик или СМС.
  14. Тањушка

    Каде и како сте го запознале партнерот / партнерката (својата љубов)?

    18 август 1997. Остров на Дунав насред Будимпешта. Пепси-Зигет рок фестивал. Фантастични свирки...Дејвид Боуви, Моторхед, Продиџи, Кардиганс, Феит Но Мор, Тој Долс...7 дена на потполна слобода, зезање, рок`н`рол, шетанции....и четвртиот ден од фестивалот, одиме во Ајриш Паб, другарите појдоа да...
  15. Тањушка

    Кратово

    Пенелопче мило, да знаеш дека не чекам два пати да ми кажеш. Следниот пат, одиме на пастрмајлија :back:. И нема што мојот впечаток за Кратово да се поправа зашто Кратово е најнеобичното место во Македонија, со пречудна местоположба, просто здивот ти го одзема од природни убавини. Мене мака ме...
  16. Тањушка

    Кратово

    Па јас сум фрапирана :nesvest:!!! Тргавме вчера во посета на тој дел од земјата ни. Јоаким Осоговски, Паланка, Рибникот (кој не бил, задолжително да оди. Езерца, мини зоо, мини детски луна парк и фантастично ресторанче). Следна дестинација-Кратово. На прв поглед, многу живописно. Мостовите...
  17. Тањушка

    Бебе магазин

    Кому не му требаат, нека не ги купува. Никој со сила не не тера. Јас како искусна млада мајка ви кажувам дека и покрај инстинктот кој вродено го имаме, сепак постои потреба од туѓо мислење (дали на стручњаци или на други мајки). А и никоја од нас не е сезнајко и не секоја мама има некоја...
  18. Тањушка

    Кој е филмов?

    Не ме карајте, де :kesa:. Не бев тука, не можев да ви кажам :pipi:.DON`T COME KNOCKING од Вим Вендерс. Ајде, тераме понатаму...:helou:
  19. Тањушка

    Кој е филмов?

    Пукам :)
  20. Тањушка

    Од септември првоодделенците ќе учат англиски - паметно или жива глупост?

    Секогаш сум за кога станува збор за јазици. И застапник сум на идејата „колку порано, толку поарно“. Не зборувам без везе, од чисто искуство. Дечки, на малите, ама ич не им е тешко да учат јазик. Еве ви. Јас на моите од кога се родени им зборувам македонски, татко им полски. И двата јазика ги...
Back
На врв Bottom