Резултати од барањето

  1. Тањушка

    Поздрав од Полска

    Да, Пољаците се веројатно тие кои најмногу знаат и се интересираат за Македонија (тука ги исклучувам Балканите). Моментално сум во Варшава и секогаш одново се изненадувам колку се овие луѓе образовани.
  2. Тањушка

    Од кој дел на градот сте вие?

    :helou: На неколку чекори од дотичново девојче. Само на Рузвелтова. ....„и со кооој спиеш ти на Рузвелтова х3“ :wink: ......
  3. Тањушка

    Teткински фрази! :)

    Кога некое детенце ќе каже цела реченица, одма паѓа воодушевување: „Леле, денешниве деца со диплома се раѓаат!“
  4. Тањушка

    Чичковски фрази! :)

    :pos2::pos2::pos2: „Абе,златна земја ја растурија! Знаете ли вие дека на времето -покажеш црвениот пасош и сегде сме влагале, бе, ко цареви сме биле. Прваци у кошарка бевме. А сега што?“
  5. Тањушка

    Дали Бело Дугме е најпознат екс-Ју бенд?

    Дугме од секогаш важеле за сељачки рок. Дури и самите се декларираа како претставници на овчарскиот или т.н. „пастирски рок`н`рол“. А дека сега отпосле гледаме оти имале некаков квалитет, тоа е факт. Особено од времето со Жељко Бебек, секако. Другото е тешка шабанерија.
  6. Тањушка

    Женска етика

    Женска етика, женско писмо, женски памет... Етиката е бесполова карактеристика. Писмото, односно литературата е добра или лоша, а вештачката поделба на женско писмо и се` останато, повеќе ја деградира жената, односно, сама себеси, си става сопка. Има умни и глупави луѓе, а не женски...
  7. Тањушка

    Што ви е најсекси / најпривлечно кај жена/маж?

    Многу ми се секси момци со умна, префината фаца на која се чита дека мозокот бааѓи му тежи и со кого се разбирам со поглед. Со брадичка, ама не како поп, а уште помалку брадичка-фризура. Да носи темно џемперче што мириса на прашак, војничка панталона и Саломон чевли, онакви планинарски. И кога...
  8. Тањушка

    Таксират 9 (Скопски Саем 8.12.2007)

    Ако Таксират го сакам поради нешто, тоа е затоа што си ги гушкам луѓето кои веќе немам прилика да ги гледам секој ден како некогаш. Им ги бројам новите бели влакна, ги карам дека се здебелиле и им се радувам :vozbud:. Првпат на Саем да не ми студи (изгледа пуштиле греење, така некако воздухот...
  9. Тањушка

    Цела Влада на хуманитарниот концерт за Тео

    Моментално е во Париз и е подложен на хемотерапија. Не го оперираат.
  10. Тањушка

    Цела Влада на хуманитарниот концерт за Тео

    Ве читам, се чудам, препрочитувам, ве разбирам ...итн., итн... Тео е едно од многуте деца со кои судбината ептен гадно си поигрува. Случајно, Тео е дете на Дарко Тасев, човек кој е дел од естрадата. Неговите пријатели го поддржуваат и сакаат да му помогнат. Организираат концерт. Естрадата е...
  11. Тањушка

    Таксират 9 (Скопски Саем 8.12.2007)

    Дарко Рундек :cuc:! Едвај чекам, едвај чекам :vozbud:.
  12. Тањушка

    Новинарите се ретардирани, Љиља е горда, а Тоше почива во мир!

    Та нели сите тие го сакаат Тоше? Се запрашаа ли колку би го болело него да може да ги слуша однекаде тие отровни стрели што излегуваа од нивните отруени од злоба змиски души? Да го сакаа и почитуваа, вчера ќе дознаевме за неговата добрина, за неговото секојдневие, за работи што ги интересираат...
  13. Тањушка

    Македонците на Latinica

    Сосема се согласувам со оние кои велат дека кога некој наш зборува српски или хрватски нема поголем проблем, ама ако проговори не дај Боже бугарски, се фрлаат дрва и камења. И тоа не е во ред. Но да се вратам на темата. Мене па право да ви кажам, многу поисфрустрирано ми делува кога некој...
  14. Тањушка

    Македонците на Latinica

    Трифунчо го усука крааајнооо....Му нема спас, од глупост во глупост тоне, се` подлабоко и подлабоко кутриот.
  15. Тањушка

    Македонците на Latinica

    Чекај сега, ако го знаеш туѓиот јазик и ако го зборуваш тоа е несакање и непочитување на својата нација?! Хелооооуууу...Па луѓето даваа изјава за ХТВ, не за А1 или за МРТВ... го знаат јазикот (кој повеќе, кој помалку) и не гледам причина зошто не би го зборувале? Да даваа изјава за BBC да...
  16. Тањушка

    Шабан Салиу vs Амди Бајрам

    Јас сум од град Скопје, у епицентар сум на Христо Смирневски број роден, не сум селак од Гостивар дојден...умрев:pos2:
  17. Тањушка

    „Сенки“ на Милчо Манчевски

    Се стаписав! Се смрзнав! Онемев! Го гледав во неделата, а дури денеска можам да изустам збор. Генијална идеја за која добив информација дека била недоработена. Па отидов целата скептична и исплашена дека можеби Милчо ме изневерил овојпат. А тој само ме тресна од земја, ме растресе, ме замисли...
  18. Тањушка

    Депилирани мажи: да или не?

    Само под мишка. Останатото ми е грдо и немажествено. Па уште кога ќе видам како им растат подкожни влакна или бубуљичиња од депилацијата...нееее...Мажи, гордејте се со вашата машкост:mist: !
  19. Тањушка

    Вести од светот на модата

    Па баш затоа што е зафрканција го напишав во веќе постоечка тема само како обичен пост. Значи, ни Г од галама.:smir:
  20. Тањушка

    Вести од светот на модата

    :vozbud:Погледнете кој му е другарче на Том Форд! На тој Том Форд, да:vozbud:! http://profile.myspace.com/index.cfm?fuseaction=user.viewprofile&friendID=160455292 Д уан енд онли, Петар Ѓошев :nesvest:!
Back
На врв Bottom