Иако се имам уверено и во спротивното, сепак сеуште верувам дека постои другарство меѓу машко и женско. Имам 3 вистински другари кои досега не сум ги гледала поинаку освен како другари, а сигурна сум ни они мене.
Не можеме да се запреме самите себеси! Знаеме дека не е во ред тоа што го правиме, знаеме дека грешиме, ама упорно со главата во ѕид! После најверојатно и ќе се каеме, но во моментот уживаме и тоа е тоа!
Денес го гледав August Rush и стварно е преубав, за едно дете од дом кое има неверојатен талент за музика и почнува да свири само затоа што се надева дека неговите можат да го слушнат и дека ќе се вратат по него. Филмот е феноменален, дефинитивно вреди да се гледа.
Колку и да боли, доколку сериозно ме изневери близок пријател, едноставно ставам икс на чело и продолжувам даље. Колку и да има убави спомени, предавството ги брише сите.
Тешко прашање... Зависи од многу работи. Во моментов не би ја зела кожата, ама од кај да знам каков живот ќе живеам за неколку години? Ако сум несреќна, сиромашна, сама, болна (не дај Боже), кожата ќе биде и повеќе од добредојдена!
Во моментов не треба да продолжиш да се дружиш со неа. Оддалечи се малку, дај и простор и време да размисли за се. Глуми незаинтересиран, најди друга девојка. Ако она чувствува нешто за тебе нема да и биде сеедно што си со друга. Ако не се замара, онда ќе треба да ја заборавиш и да се задоволиш...
Досега не, ама ако ми даде повод, дефинитивно! Инаку јас не сакам мене никој да ми буричка по мобилен, не дека кријам нешто, туку едноставно тоа е приватна работа.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.