Резултати од барањето

  1. Gladiatorized

    Каде може да најдам? (Општи прашања)

    Во ред. Фала ти друже.
  2. Gladiatorized

    Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

    А за дијабетичар (инаку слична состојба како членот што прашуваше погоре) дали одговара ова или треба дополнително приспособување и со вежбите и со исхраната?
  3. Gladiatorized

    Каде може да најдам? (Општи прашања)

    Ти благодарам за давањето насоки. Па што знам, на интернет го забележав беорол, а згора на тоа и компонентите кои ги има и неговата намена ми се видоа како најсоодветни за моите потреби. Инаку немам идеја за други алтернативни решенија во поглед на овој вид на полиуретански заптивачки. Само да...
  4. Gladiatorized

    eBay (официјална тема)

    Повели. Овде подетално ти пишува.
  5. Gladiatorized

    Чудни македонски зборови

    немоет - не може оња - оној удолу - надоле угоре - нагоре брежно, узгун - стрмно пуубав, поубав - подобар челаф, челав - ќелав диктисан - седнат, наместен, заземе простор со негово седење (присуство) (понекогаш се користи и за да се опише дека некој е свесно наметлив)
  6. Gladiatorized

    Англицизми во јазикот?

    Сосема се согласувам. Особено кога за некои странски зборови немаме соодветна замена со наши домашни зборови, како на пример, онлајн, кеш меморија итн., и токму поради тоа е неизбежно „да се одомаќинат“ ваквите зборови.(y) Но мислам дека ќе се согласиш со мене дека жално е денес и покрај...
  7. Gladiatorized

    Чудни македонски зборови

    ча - ќе (пр. ка ча моеш - кога ќе можеш) (се) коленичаеме - вложуваме безрезервен напор, односно напор од петни жили пркна - порасна, зарасте, напредна, орасположи, закрепна малу, мара, мора - малку азапаана - разотворено, оставено отворено збоктиса - здосади, му/ми дојде преку глава фудбал - во...
  8. Gladiatorized

    Англицизми во јазикот?

    Во последно време многу често забележувам како се користи „драфт-верзија“ (и во пишана и во разговорна форма), наместо „нацрт-верзија“.
  9. Gladiatorized

    Каде може да најдам? (Општи прашања)

    Да не знае некој каде може низ Скопје да се најде од овој полиуретански заптивач?
  10. Gladiatorized

    Хит на денот

    На мојата дневна топ листа го ставам овој хит!:love: Крајно забавен ритам - баш онака по мој мерак. Искрено ми го направи денот најубав.:jeeee: Баш сега во моментов го слушам. Топло го препорачувам овој хит на сите оние кои се љубители на ваков вид на музика.:)
  11. Gladiatorized

    Аliexpress (официјална тема)

    Честитки!:D(y) 1593546484 Првите две или последните две букви од тракинг бројчето на нарачката треба да пишуваат LV. Така ќе знаеш дека доаѓаат преку Латвија. А во некои случаи се случува и отпосле (откако ќе го испратат Кинезиве) да го додадат/изменат бројчето со некое друго (ново). Сето тоа...
  12. Gladiatorized

    Аliexpress (официјална тема)

    Од мајските нарачки, досега две ми имаат стигнато. Првата минатиот петок ја добив, а другата дури вчера. Зависи колку се експедитивни.
  13. Gladiatorized

    Чудни македонски зборови

    избрука, изрезили - посрамоти чуј - слушни, слушај ме, ме слушаш ли кусурџија - човек што многу често замерува џам - прозор, беспрекорно чисто чатија - покрив, поткровје азапаана - отворено, разотворено
  14. Gladiatorized

    Чудни македонски зборови

    кашка - валка, меша се и сешто во нешто, упропасти ѕекна - ѕирне тркне - појде брзо киниса - тргна забаи - задржа, задоцна шкоди - смета уцркала - истркала диктиса - седне, падне попок - папок
  15. Gladiatorized

    Книги на македонски јазик за тајните друштва (Масони, Темплари, Илуминати, Клуб 300 итн.)

    Зависи кој како гледа на тоа. Не сум тука за да заземам страна на било кој, но доколку си ја читал книгата можеш да забележиш дека некои податоци во книгата се поткрепени од масонски извори. Всушност тоа го пишува и во првите страници кадешто авторите изразуваат благодарност до видни масонски...
  16. Gladiatorized

    Чудни македонски зборови

    На пример, „Не скоревај врева“ или „Не скоревај зајци“ - во смисла на „Не предизвикувај/поттикнувај кавга“ или „Не предизвикувај/побудувај интерес“ (особено во контекст кога се настојува некој разговор да остане исклучиво помеѓу соговорниците, а не да се сподели и со други луѓе). Инаку зборот е...
  17. Gladiatorized

    Чудни македонски зборови

    скорева - предизвикува шклопна, зашклопа - нешто претна, нешто зашушка неспретен, шкулав, блесав - трапав, невнимателен наварда - забележи, посвети внимание
  18. Gladiatorized

    Латински фрази применливи во секојдневниот живот

    Factum fieri infectum non potest - Невозможно е некое дело да се поништи (кога на некој му се лутиш за неговите/нејзините погрешни постапки) Aut viam inveniam aut faciam - Јас ќе најдам начин или ќе направам таков (убаво би било секој од нас во животот секогаш да се стреми да биде што повеќе...
  19. Gladiatorized

    Чудни македонски зборови

    уходан - запознаен, искуство во работа со нешто плесна - падна, удри шлаканица шаматиче - опаковка/обвивка (најчесто се мисли на надворешната проѕирна и внатрешната позлатена/посребрена опаковка на цигарите, опаковката на самите бонбони и др.) зашутка, заметка - загуби, заборави некаде опули -...
  20. Gladiatorized

    Чудни македонски зборови

    Во право си, но многу често во разговорна форма овие зборови се слушаат како завршуваат на буквата „в“ (барем во западното говорно наречје). Инаку да, зборот „сиџим“ истовремено означува и јаже (или ортома) и синџир. Е сега, треба да се има предвид и дека овие зборови имаат и различно значење и...
На врв Bottom