Нема, веќе вложи премногу во клубов а не доби многу за возврат. Има допрва да го користи клубот за профитирање. Ама прво треба да го направи успешен, затоа што со вакви сезони иде само во минус. А не изгледа како некој што би се откажал туку-така од своите планови, мора да иде до крај и нема...
Колега, нека има и 10 души, тимот освои лига на шампиони.
Знаеш што би дал да сум на местото на фановите на Челзи денеска?
Ти текнува на вечерта и утрото кога се деси Истанбул? :)
Јбг, не знам какво е чувството кога тимот ќе ти ја освои лигата, ама кога станува збор за фудбал и за тимот...
Муабетот е што Кени заслужува да ги добие тие неколку години повеќе од Мартинез.
Ама јасно е дека газдиве сакаат да стават луѓе по нивни “ќеиф“, исто како што е јасно и дека Мартинез им одговара најмногу. Млад, фура напаѓачки фудбал, знае да се снајде со помалку пари у фонд.
Како оригинал? ..ликов е рандом норвежанец, случајно налетав на него кога глеав што е работата со Солскер зашо беше трендинг и ми падна интересно тоа дека го има Агер на аватар а ко шо глеам е хц навивач на јунајтед :)
затоа го дадов заклучокот со националната припадност :)
Муабетот е што од коа дојдоа газдиве следеше комплетна промена во клубот. После таков ремонт, нормално е да следи време на опоравување. Исто како после операција кога ти треба време пред да станеш на нозе. Една сезона беше премалку. Точка.
Сега пак идеме со рестарт. Ова е поголемо коцкање...
Ноооууу фак ит!!
И Хоџсон имаше одлична сезона со Фулам пред да дојде кај нас, после него, ептен сум против такви ризици, коа веќе го избркаа кралот, нека донесат некој што со успесите може да се мери со него, а не било кој.
Најдобриот коментар до сега:
Now FSG have to show us their hand - only aces beat kings.
...и точно, убаво нека размислат што ќе направат, затоа што после ваков голем потег бара сериозна завршница.
Само тој не!
Не ги оспорувам неговите квалитети, ама ликот нема авторитет, многу лесно ќе се изгуби у соблекувалната. Кој и да биде нов тренер ќе мора да истрпи огромен притисок, затоа подобро да најдат некој постар, по-авторитетен кој ќе знае да се снајде у тешки ситуации и да ги стегне...
Избор на неколку твитови од Stan Collymore ...се согласувам целосно со секој збор од напишаното:
If FSG are serious Guardiola Capello Hiddink Should be the calibre they are looking for.Martinez/Rodgers/Lambert Absoulutely not for #lfc
Get the right man,not the cheap man next. Top quality...
Него, Капело може? :)
Шала на страна, би сакал да дојде он, квалитетен тренер, ќе оддржува дисциплина, башка омразен лик у Англија, таман ќе ни дојде и тоа, покрај еден од најомразените играчи :)
Точно дека сезонава имавме најлош пласман изминатите 20 години, ама многу ме интересира на кое место ќе бевме прошлата сезона ако останеше Рој...можеби сеа ќе се радувавме на повторно враќање во прва лига
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.