Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.370
Поени од реакции
21.915
Само Арапите за Јунајтед, ќе се натпреваруват со Сити и ПСЖ кој повеќе ќе троши, а нам итекако ни требат вложувања и тоа многу..
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
После неколку дена неколку коментари на темава затоа што не бев во можност да пишувам тука.

Прво околу Роналдо. Вистинска одлука за нас како клуб и мислам дека таквата конзистентност треба да продолжи и во иднина. Нема никој поголем од клубот и тоа треба да им биде јасно на сите играчи. Роналдо ми беше омилен играч во детството и сега го почитувам, но интервјуто му беше премногу детски потег и не смееше да си го дозволи. Поферски ќе беше да бараше раскин на договорот под истите услови, па ако стварно сакале нашите да го продадат ќе прифатеа и немаше да се крени голема галама. За нас како клуб мислам дека неговото заминување ќе биде пресвртница на позитивно. Сега ќе мора да купуваме шпиц во Јануари. Не знам каков профил ќе преферира Тен Хаг, но има избор...од Тони од Брентфорд до Митровиќ од Фулам.

Второ околу продажбата на клубот. Се надевам дека ќе се случи што побрзо, а ако се одлоговлечи некој месец да не биде покасно од мај. Лоша работа е што продажбата ја контролираат Глејзери и практично тие ќе одлучат кој ќе го купи клубот. Не знам што е подобро за клубот искрено, дали ликови како Ратклиф до некои арапи или претприемачки гиганти како Епл. Се надевам само дека кој и да е сопственик на клубот, фудбалскиот дел ќе добијат да го водат фудбалски ликови кои се професионалци на тоа поле и ќе го раководат клубот кон вистинска насока.
 
Член од
22 ноември 2022
Мислења
170
Поени од реакции
506
Овој е послаб фудбалер од сите играчи кои Манчестер ги има во форот моментално и му треба на клубот колку дупка во главата. За овој Рашфорд е Мбапе. Уште еден ни шпиц ни крило фудбалер. Или нека купат некој врвен шпиц, или нека крпат со Марсијал и Рашфорд на шпиц, па на лето нека одат по класа играч.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
31.406
Поени од реакции
61.999
Ja би да земат гол играч, класична 9-ка, налик Левандовски, Ван Нистелрој, Перси од првата сезона кај нас. Премногу долго се решава овој проблем со плукни-залепи трансфери, како Кавани, Игало, Роналдо, Ибра. Дај играч кој ке биде минимум 5 години во клубот, и има квалитет.

Е колку е можен ваков трансфер во Јануари, или пак кој играч би бил достапен летово со таков профил, е огромно прашање. Плус, ако се оставиме без напаѓач до летото, пак проблем. Заебано.
 
Секако на лево крило Манчестер е одлично покриен со Гарначо и Санчо ако конечно се реши да игра фудбал. Десно е Антони, а и повторно Санчо кој игра на двете крила. Ако не можат да купат класа шпиц Рашфорд ќе игра деветка. Многу подобро тоа отколку да прибираат вакви ни мој ни твој фудбалери како овој Гакпо.
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Овој е послаб фудбалер од сите играчи кои Манчестер ги има во форот моментално и му треба на клубот колку дупка во главата. За овој Рашфорд е Мбапе. Уште едем ни шпиц ни крило фудбалер. Или нека купат некој врвен шпиц, или нека крпат со Марсијал и Рашфорд на шпиц, па на лето нека одат по класа играч.
Очигледно притискаат да се донесе некој Јануари, а класа шпиц каков што сакаме тешко да се добие тој период. И јас го делам истото мислење дека треба класичен шпиц носење, роден голгетер.
А освен Кејн никој друг не ми паѓа на памет. Шешко е исто така добар профил плус млад и тоа е тоа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.406
Поени од реакции
61.999
Секако на лево крило Манчестер е одлично покриен со Гарначо и Санчо ако конечно се реши да игра фудбал. Десно е Антони, а и повторно Санчо кој игра на двете крила. Ако не можат да купат класа шпиц Рашфорд ќе игра деветка. Многу подобро тоа отколку да прибираат вакви ни мој ни твој фудбалери како овој Гакпо.
И сам знаеш дека Рашфорд не е 9-ка. Прво, самиот не сака да игра таму, второ, not clinical enough. Прв е у Премиер Лига по промашени зицери сезонава. Плус играта со глава, сомнителна во најмала рака...

Сега ми текна дека мислиш за до крај на сезона. Ке биде мачење.
 
Член од
22 ноември 2022
Мислења
170
Поени од реакции
506
Очигледно притискаат да се донесе некој Јануари, а класа шпиц каков што сакаме тешко да се добие тој период. И јас го делам истото мислење дека треба класичен шпиц носење, роден голгетер.
А освен Кејн никој друг не ми паѓа на памет. Шешко е исто така добар профил плус млад и тоа е тоа.
Тешко е купувањето врвни фудбалери во зимскиот преоден рок. Не упропасти Роналдо реално, заради него не беше купен шпиц летово. И Тен Хаг сноси кривица, требаше да притисне да се продаде Роналдо, наместо да ги дава оние наместените изјави дека смета на него. Јасно му беше дека едно Роналдо како профил на фудбалер не му одговара на тоа што сака да го игра, а друго дека Роналдо е далеку од она што беше.

Јас оваа година не очекувам кој знае што, пласман во топ 4 би бил одличен, и ако влета некој куп. Следното лето ќе биде клучно за Тен Хаг, конечно ќе може да си направи тим по воља, со она што му се допаѓа во овој Јунајтед, и со она што треба да се купи.
Автоматски споено мислење:

И сам знаеш дека Рашфорд не е 9-ка. Прво, самиот не сака да игра таму, второ, not clinical enough. Прв е у Премиер Лига по промашени зицери сезонава. Плус играта со глава, сомнителна во најмала рака...

Сега ми текна дека мислиш за до крај на сезона. Ке биде мачење.
Да, за до крај на сезона, со надеж дека и Марсијал конечно ќе се опорави и ќе одигра нешто. А види, што ќе правиме со Гакпо? Дечкото не е шпиц, помалку од Рашфорд е за наа таа позиција, а по крила во моментот без Гринвуд имаме 5 квалитетни фудбалери. Рашфорд, Санчо, Антони, Гарначо, Еланга.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.406
Поени од реакции
61.999
Го немам гледано, освен сега на Светското. Играчи од Холандија, мачка во вреќа, колку и да има добри бројки.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.493
Поени од реакции
6.119
Не верувам и јас да се најде саглам шпиц во јануари. Можеби некој како Игало на позајмица да довлечеме до крај на сезона па на лето да се оди ол ин на Кејн или Осимен?
Не гледам многу опции моментално кој со сигурност би испорачале 20 голови во лига. Шешко изгледа доста добро но млад е. Митровиќ и Тони се добри за ПЛ но незнам колку ќе се вклопат во тактиките на Ерик, а и не ми се класа реално. Повеќе се од класата на Саха отколку на Перси и Нистелрој. Лаутаро Мартинез ми е уште една опција ако Тен Хаг преферира таков профил на шпиц. Друг кој?

Лејката Гринвуд сега ќе хараше напред, но тоа е. Мислев дека има надеж да се врати но со последните информации околу неговиот случај сум сигурен дека заврши со Јунајтед.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom