Фан Клуб: Челзи

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Хол и Броја стартери против Њукасл. Одлично.

И ако се губи, барем да се челичат младите и добри играчи. Ако се губи, нека не се губи со мртвите Обамејанг и Пулишиќ.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ама некој седел дома во фотелја увален и рекол:
- Еј, не бива вака. Не чини работава со Челзи, да го смениме Тухел. И да го донесеме Потер.
- Да да шефе, добра идеја.

Најслаб Челзи во 20 години, ова е темпо за Чемпионшип.
Бедни Американци.
 
C

confusion

Гостин
Апсолутно срамно издание и форма цела година скоро. Последен добар меч со Јувентус во ЛШ, ЛАНИ.
Играва и резултативе воопшто не ме чудат, ова е само последица на последни 5-6 години срамно работење на клубов. Целава збриштина на играчи се желби на различни тренери, играчи не компактни за ниеден систем да функционираат заедно, едноставно каша попара.
Тухел беше магионичар и успеа со добра одбрана и дисциплина да освои ЛШ ама никогаш не бевме добри во лигашки утакмици, едноставно тимов нема никаква константност и менталитет.
Мислам дека не чекаат многу лоши години под водство на дебиливе американски, мислев дека доаѓаат од безбол со јака екипа у позадина од спортски план ама изгледа се тоа било само добар маркетинг. Сеуште немаме директор, сеуште немаме визија за клубов и нека ни е честита бантер ера.
Потер ќе ја изгуби мојата подршка после година ипол, две кога ќе има трансфер рокови да носи негови играчи и да му се скрои тим по негова желба, до тогаш тоа е што е, ова е најмалку негова кривица. Единствено му замерувам што не е доволно храбар, кога гледаш дека сме очајни и безидејни, не знам како ќе биде полошо да излезеш со 4ка позади место мизернава формација која остана од Тухел, едноставно не личи на ништо играва, без разлика што немаме ДМ, ја сум сигурен дека и со ретардиве од играчи што ги имаме, нема да играме полошо од тоа што го правиме моментално, ептен не ограничува формацијава, ништо не се креира.

И да се надополнам, пошто е очигледно куроболието кај играчиве, на лето здравје, мора пола од тимов да се продаде. Обамејанг, Жоржињо, Азпи, Зијеш, Пулишиќ, Лофтус, Хаверц.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Само за потсетување, Тухел никогаш не доби целосна претсезона и поддршка на трансфер маркетот. Ова летово беше импровизација, освен Стерлинг. Така што, за него исто требаше да важат истите услови како и за Потер.

Уште еднаш, Тухел со овие камења играше пет финалиња за година ипол и освои два трофеи.



Имено. Ќе имавме спортски директор до ноември, ама му се здоарнило на Боели изгледа. Дури ниту овој од Лајпциг не е пристигнат. Тешко оди реструктурирањето, богами.

Како и да е, на Потер му ја уништивме кариерата, нека е жив и здрав.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.897
Поени од реакции
84.269
Пет утакмици по ред без победа, три порази по ред. А само пред пар години размислувањето беше дека треба да се намали разликата со Сити и Ливерпул па да пробаме можеби нешто.

Ете, добри вести, ја намаливме разликата со Ливерпул барем.
Мене лично поразиве не ме допираат толку бидејќи долго време клубов оди во лоша насока и се ова ми е некако предвидливо. Повеќе за изненадување се одличните резултати со Конте и Тухел отколку лошите резултати измеѓу/сега.

За жал, Потер изгледа дека не е на ниво на Конте и Тухел.

Како за почеток, Челзи има лош тим. Само маестрален тренер може да извади максимум од ваква екипа.
Еве, вчера Конте беше спасен од Бентанкур. Бентанкур да ти биде битен играч во ПЛ во 2022, стварно треба да си посебен тренер.
За Потер има време, сепак нели, затоа и беше донесен, дека извадил многу од играчите на Брајтон.

Арно ама, тимов на Челзи на хартија стварно не делува толку далеку од екипа од рангот на Брајтон.

Еве, вчера, овие 11 играчи - сакате да ми кажете дека ова вчера не делува на екипа што би се борелае за опстанок?

Тој е прототипот на екипи како Нотингем Форест на пример - ветерани и млади играчи со по некој Британец во екипа.

Буквално сме Нотингем Форест.


Чалоба - Британец, од академија.
Азпи - Ветеран, игра од љубов, психички летово веќе се чекирал на плажите во Барселона, нема што да му бараш
Хол - Британец, млад, од академија
Галагер - исто
Маунт - исто (за жал морам да го ставам во оваа категорија, има очајна сезона)
Армандо - Младо Албанче од академија

Во второ влегуваат:

Пулишиќ - Еднаш бил талент, ама повредите му ја сјебале кариерата
Силва - Ветаран, пред пензија
Кукуреља - Најдобриот играч на Брајтон лани
Хаверц - Еднаш бил талент, ама сега некако не е тоа што беше

Буквално ова е тип на екипа што би ја очекувал од екипа што штотуку влегла од Чемпионшип, па освен дечките од академија зела два-тројца 38 годишни ветерани што еднаш биле добри. Видете го тимот на Нотингем Форест или било која екипа што влегла од плејоф во Чемпионшип - тоа е. Вулверхемптон во моментов со Диего Коста ќе се борат за опстанок, ние со Тиаго Силва.
Тоа е, костурот на тимот е тој.

Жоргињо и Кова тука се вклопуваат во сивилото, а и тие не би се изненадил ако си отидат од Челзи летово, секако дека имаше муабети за Жоргињо да одел во Италија.

И тоа се. Млади дечки што треба да ги бива за 2-3 години од сега, и ветерани што ги бивало пред 5-6 години од сега, со по некој играч што тука и таму ќе влезе во форма.

Ама не е се до играчите. Има нешто и до духот на екипата, кој еве, во Арсенал е на највисоко ниво.
Кај нас тој дух не постои. Нови газди, нови тренери, неизвесна иднина минатата пролет...

А не е се и до духот и до играчите, има нешто и до тренерот.
А тренерот, само што дошол, прв голем предизвик во кариера, работи под притисок, пробува на туѓи играчи да наметне своја филозофија, ќе му треба време.

А не е и се до тренерот, играчите и духот на екипата, има нешто и до газдата и останатите што работат надвор од теренот.

А тие, само што дојдоа, непланирано им испадна прилика да го купат Челзи, па само едно лето имаа набрзина да си ги направат плановите.


Хаос е целава екипа, а не дека претходно бевме маестрални.

Ама буквално Челзи во моментов делува дека е на патека да стане новиот Јунајтед.
Една сезона во ЛШ, две во ЛЕ, една во ЛШ, една во ЛЕ, една во Конференциска..

Така делува иднината на клубов, во овој момент.

Ама нели, тоа може да се смени.
Можеби следното лето, а можеби и не.

Од математички аспект не е дека не можеме да фатиме топ 4, ама од аспект на тоа што се случува со екипава... јас би се изненадил ако Челзи заврши во топ 4 на крај на сезонава.

Паузава за светско им доаѓа во најдобар момент.

Повредите исто не помагаат, па како капак на се доаѓаат кај ептен битни играчи без кои немаме концепт.

А и нема кој да се обвини за ова.
Тренерот? Не би го, не е тој крив за срањата во последнава година со мењање газди и све. Треба сезонава да ја истера кога веќе го отпуштивме Тухел.
Играчите? Не се тие криви што им менуваат цело време газди и тренери. Или пак што се малери со повреди :mad:
Газдите? Не се тие криви што им излегло шанса да купат екипа ради некоја ретардирана одлука. Добиле шанса, си искористиле, им се може...

Тоа е, перфектна бура се случи и ги гледаме срањава на екипата.

Но, позитивното е што не е ништо готово во борбата за топ 4. Ако може Челзи со вакви срања да одржи константност со појавувања во ЛШ (и борба во истата) тоа е и повеќе од одлично.
Ги знаеме лошите периоди на Арсенал, Јунајтед, Ливерпул и каков пад имаа. Се додека Челзи е барем во борба за топ 4 и успева да завршува таму, добро е.
Ако се навикнеме на седмото место у следниве пар сезони... е тоа е лошото.

Ако не оди вака работава, се надевам дека за пар години од сега земјата на новиот сопственик ќе реши да стане злобна и да почне да напаѓа и бомбардира други држави, па така некако британската влада да го примора да го продаде клубот. Ама се додека тоа не се случи... Да се надеваме на подобро утре и да гледаме Светско.

Напред наши!
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Ептен нелогични се споредбите со Тухел. Кој би рекол дека Потер е доста послаб тренер моментално. Зар не ни беше на сите јасно тоа од старт? Зар не беше јасно дека со потегот ќе мора да одиме некој чекор назад пред да можеме да тргнеме напред? Може да ни се свиѓа тоа или не, ама на крајот на денот мора да го прифатиме. Тие што се тука само за трофеите и што не сакаат да прифатат ништо помалце, лошо ќе си поминат. Спремен сум за ресет уште после Конте, ама трофеите ме залажуваа дека можеби не ни треба нешто драстично, а очигледно истото се случуваше и во клубот.

Се надевам дека овој пат ќе има вистински обид за целосен ресет и градење од ново, без разлика дали ќе биде успешен или не. Дали е Потер вистинскиот човек за тоа и дали газдите се способни за тоа, ќе видиме, не може уште сега да знаеме. Тоа што треба да ни е јасно на сите е дека нормално газди кои прв пат влегуваат во фудбалот нема да се фудбалски генијалци кои од старт сите потези кои ќе ги повлечат ќе бидат на место и нормално дека тренер кој заменува тренер кој е неколку класи над него нема да е способен веднаш да ги реши сите проблеми и да донесе инстантен успех. Битното е дали ќе учат од искуството и дали ќе можат константно да се подобруваат и да стигнат до тоа ниво. Останува да видиме.

Се надевам само дека интерно имаат план и дека се што се прави е заеднички труд помеѓу газдите, тренерот и сите останати луѓе измеѓу кои се донесоа и ќе се донесат. Би било добро во овие шест недели кои следат заедно да го одредат планот краткорочно и долгорочно и на сите да им е јасно што треба да се прави. Би сакал Потер до крај на сезоната, па и порано да одреди кои играчи немаат иднина во Челзи, а на сите останати јасно да им се даде до знаење дека мора да почнат да даваат се за клубот. На сите што не се спремни да го направат да им се покаже вратата. Нормално дека мора и од Потер да се очекува подобрување. Ова моментално е многу лошо. До крај на сезоната мора да можеме да видиме дека е започнат некаков процес, да видиме некоја идеја преточена на терен која ќе ни даде надеж за понатаму, па макар и 15ти завршиле.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
За да се зборува long term, мора и да се победува short term. Многумина прават споредби со Артета, но Артета и во порази не беше олку ужасен со Арсенал и уште поважно, Артета освои ФА Куп уште во првата сезона.

Потер со we go again и boys gave everything, не само што не си помага себеси, туку не му помага и на тимот. Да сум играч во овој Челзи, буквално би бил максимално искулиран. Тренер ништо не ми забележува, мртав се кише не боји. Фацијална експресија никаква, мимики покрај аут-линија никакви, рамна линија.
Па друг тренер намерно ќе иницира конфликт со тренер, играч, да им даде некој поттик и мотив на фудбалерите на терен, да мрднат малку. Вака кога ќе го видат Потер, дополнително ќе пропаднат во бедата. Палец горе, терај.

Потер е досаден, нехаризматичен, обичен. Тоа не е под дифолт лошо, но претерана пристојност и финост, Челзи не простува. Ова е преголема средина за таков пакет и таква конвенционалност.

Под Потер, имаше некои назнаки на почеток за тоа како сака да игра Челзи, минимални. Недоволни за овие два месеци. Не се препознава апла некој концепт, тактика, ниту еден играч не е напреднат и подобрен од претходно, напротив. Меѓудругото, зошто на Потер баш треба да му се верува дека тој е човекот за ресетот на Челзи? Поради актуелната состојба, или добрата историја со Брајтон и деветтото место?
Тухел дојде како тренер со реноме, првак со ПСЖ, финалист во ЛШ. Знаеш за што да се фатиш.
Или споредбите со Клоп. Клоп дојде во Ливерпул и му беше дадено време, затоа што Клош беше првак со Дортмунд и исто така финалист во ЛШ. Да не се залажуваме многу-многу.

Искрено, ние никогаш не направивме транзиција уште од 2012 година. Никогаш Челзи не ја замени асално генерацијата на Лампард, Тери, Дрогба, Кол, Чех. Сето беше крпеници, живеевме од брилијантноста на различни тренери како Конте, Мурињо и Тухел (па и Сари со европската титула), индивудалноста на Хазард, Цеск и Коста.
Конкретно и во најголема мера, сегашната ситуација со Челзи е последица особено на работењето од 2017 година наваму (никако изземање на работењето на новите газди летово, кое најблаго речено беше ужасно).
Е сега, малку Европа Лига, малку Тухел и ЛШ малку низ иглени обезбедено место во лига преку ЛШ, убава шминка, супер.

Епа некогаш ќе мора лошото работење да си го земе данокот. Исто така, многу важно. Да не заборавиме. Челзи до средина на мај оваа година не се знаеше дали ќе опстои како клуб, буквално. Во еден безобразен и опасен преседан, невиден досега во поновата историја, геополитичка ситуација натера Влада на една голема држава директно да се замеша во работењето на клубот. Импактот е масивен. Наивно е да се мисли дека драмата во тие месеци е безболна. Допрва и ќе се почувствуваат консеквенците.

И во нормални околности, пропуштање ЛШ нема да е крај на светот. Конкуренцијата во Премиер Лига е преголема и пресилна. За тие четири места се борат седум сериозни екипи. Седум, без претерување. Но, ајде, да, во ред. Ние сме Челзи и неиграње во ЛШ би било разочарувачки, за играчи, за фанови, за сопственици. Нема да ни е сеедно...
Можеби грешам, неиграње во ЛШ идна сезона ќе се одрази негативно од финансиска страна, но од друга страна пак, ќе отвори широк простор за тој финален рез што долго време го очекуваме.
Помалку притисок, повеќе време за тренер да седне и да размисли, помалку мечеви во календарот, повеќе време за адаптација, за воспоставување здрава структура.

Бидејќи транзицијата е комплексна, а не како што се мисли тројца нови играчи ин, тројца аут, може да потрае и да биде болна. Ако зборуваме за транзиција, тогаш зборуваме и за непопуларни потези. Од типот, да, ќе си одат очигледно Зијеш и Пулишиќ, ама јебига, ќе си оди и Хаверц.
Или нема да продолжат Жоргињо и Канте, ама нека си оди и Ковачиќ. Затоа што е курчина од играч, недоречен, неконзистентен, склон на повреди. И јас сум за сето ова. Со или без Потер. Десет играчи аут, петмина нови, интегрирање на уште некој од академија, Хол, Омари Хачисон, Маатсен можеби, Слонина на голманска позиција и слично.

Инаку, зошто Тухел често се споменува? Затоа што беше ебен Бог. За година ипол одигра со овој тим пет финалиња. Една титула во ЛШ, една титула Светски клупски првак, една титула во Супер Куп. Две загубени финалиња од Ливерпул, на пенали. Врвно достигнување. Човекот само не сакаше да пушта хехенца во Вацап група и да има другарски однос со сопствениците. Затоа беше избркан на најсрамен можен начин.

И не само поради тоа се споменува Тухел. Навивачите на Челзи заслужуваат вакви резултати, затоа што имаат двојни аршини, затоа што имаа нефер третман кон него. На Потер му треба време, претсезона, барем два трансфер периоди. Точно и се согласувам.
Но, истото му беше потребно и на Тухел. Тухел немаше асална претсезона, Тухел немаше трансфер лето по негов ќеф. Тухел го сакаше и Кунде и Рафиња и Кимбембе и посериозни напаѓачи од Обамејанг и посериозни средњаци од Закарија. Тухел единствено по своја волја го доведе Стерлинг. Толку. Тухел имаше куп повреди, корони, справување со политичка ситуација на дневна база. Кога мислам куп повреди, мислам највеќе откако јас го гледам Челзи.
Затоа ќе се доведува тука Тухел после секој пораз, оправдано.

Да скратам, без разлика на сето ова, сепак јас сум за останување на Потер и пружање шанса. Бидејќи друг излез не гледам. Добар јануари, добро лето, нормални подготовки. Доколку се исполнат овие услови и има некаков напредок, нека биде тој човекот за долги стази. Доколку се исполнат сите овие услови и Челзи игра повторно како аматерски клуб, жал ми е.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2022
Мислења
15
Поени од реакции
24
Sledna runda FA Cup : Man City
Oprostete se od tituli sezonava. A I od koa si otide Rusov klubov (kje) tone samo. Noviot Arsenal.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503
Sledna runda FA Cup : Man City
Oprostete se od tituli sezonava. A I od koa si otide Rusov klubov (kje) tone samo. Noviot Arsenal.
Arsenal се први со 5 бода повеќе од вториот. Арсенал се со еден од најмладиот тим во лигата. Ќе ораат во лигата наредните 5-10 години.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260


Нека се убијат ако не го завршат ова до јуни Најјискрено.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503


Нека се убијат ако не го завршат ова до јуни Најјискрено.
Гвардиол, Фофана, Чалоба.
Ако ова се случи, одбраната ни е зацементирана во наредните 10 години.
Се надевам дека и Колвил ќе го вратат и ќе имаме 4 коска играчи што ќе ораат во составот.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Реални шанси дека отиде и на Броја кариерата во вода. Како е можно цело време да се повторува истово...

Ќе беше добро да им дадат уште десетина милиони на Лајпциг за да дојде Нкунку во јануари, ама и он се повреди штом излегоа вести дека имаат вербален договор :ROFLMAO:
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503
Реални шанси дека отиде и на Броја кариерата во вода. Како е можно цело време да се повторува истово...

Ќе беше добро да им дадат уште десетина милиони на Лајпциг за да дојде Нкунку во јануари, ама и он се повреди штом излегоа вести дека имаат вербален договор :ROFLMAO:
Се слагам за Нкунку, ама мислам дека нема да можат да го средат нападот само со него.

Би сакал да се деси следното:

 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Нека дојде Влаховиќ, па ако сака и мене нека ме ебе. Неколку пати.

Инаку, да. Тоа е тоа со Броја и Челзи. Кариера кај нас, готово. Ионака си се повредуваше повремено, сега со ова тешко дека ќе се врати за жал. Уште еден мек фудбалер.
Нека заздрави што побрзо.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom