FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Член од
18 март 2019
Мислења
430
Поени од реакции
1.967
Браво каков мозочен удар јадев. Вчера вечер после 5 изгледани филма, видов дека е последниот ден за овој круг од филм клубот и избрзав да го изгледам филмот. И место Days of Darkness го изгледав Minamata. :) Како и да е, откако видов што глупост направив побрзав вечерва да го изгледам правиот филм.

Days of Darkness

Прав даркнес за Понеделник навечер после срање ден и почеток на работна недела. Тешка депресија од главен лик, околу кој се врти целото дејство на филмот. Почна интересно, првите 30 минути ми држеше внимание, после замина во неповрат. Веќе од делот на фестивалот кај што глумат витези не можев веќе да издржам и премотував понапред. Реален муабет, филмот држи вода со приказната и имаше некој саркастичен хумор во него. Иако не успеа да ме насмее ради антипатичноста на Жан Марк, беше присутен нон стоп. Можеби не е толку лош филмот, колку што мене не ми легна добро, не знам, стварно ме измачи. Многу беше бавен и повторувачки, особено со сцените кога му доаѓаа "странки" на работа.
5/10 од мене.

Minamata

Класична masterpiece улога на Џони Деп. Ми требаше добра третина од филмот да помине за да сфатам дека е уствари тој. :D Уште еден меланхоличен карактер, но со многу подлабока и по cool приказна. Самото тоа што се работи за вистинска приказна му додава многу повеќе тежина и на ликот и на филмот. Исполнет со вознемирувачки кадри и сцени, успева да го долови амбиентот и "хоророт" низ кој врват жителите кои се изложени на загадувањето од фабриката и тортурата која ја трпат од страна на коорпорацијата. Успеа да ми задржи внимание, не е некое којзнае какво филмиште но е добар. Онака класична 6-6.5ка, но кога ти се свиѓа некоја девојка и даваш и 7ца. :D
7/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.045
Многу ми беше досаден филмов, ужасно.
У главно ме нервира ваквиот тип на филмови како Спотлајт и не знам кои уште беа таму, каде нема никаква возбуда, ништо, обична драма.
Барем да не знаеме што се дешава па ај да не изненади на крај, нешто.

Вака, мех, иде овој пијандурчево се шета, слика, у позадина нешто народ протестира, корпорацијата гледа да го задуши тоа, бла бла, океј.

Многу споро и досадно.

4/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Minamata (2020)

Темава ми беше позната од некој документарец или некоја емисија гледана многу одамна. За филмов сега првпат слушнав.

Режисеров има проблем да се реши за што му е филмот. Дали е биографски за фотографот или е за проблемите на населението во Јапонија. За жал цел филм е рамна линија, ниту се соживеав со Џин, ниту ме погоди трагедијата на луѓето. Нешто малку се размрда кога беа протестите, имаше еден обид за тензија, но на крај ништо не излезе. Дури ни настанокот на најдобрата фотографија не беше воопшто драматичен.
Ниту музиката која беше одлична и го поправи целокупниот впечаток на филмот (една оцена плус заради неа), не успеа да ја издигне оваа сцена. Ме бендиса колоритот, особено во станот во Њујорк, но после тоа како да се изгубија боите, а мислев дека низ цел филм бојата ќе има симболика.

Џони Деп во пиратите беше попрепознатлив, а и со глумата не остави некој впечаток. Барем не колку со косата и брадата. Женската главна улога бетер, можеби дека и ликот не ѝ беше изграден како треба.

6/10

п.с. Филмот бил сниман во Србија.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Се извинувам што доцнам со гледање на мојот филм. Односно негово репризирање.
Days of Darkness
Филмов ми беше повторно многу добар, 8/10.
Имам заборавено тоа со маските на почетокот, баш е рилејтабл сега со коронава. И не е само тоа, многу работи се рилејтабл. Децана како не ти обрнуваат внимание, woke-несот, сите лоши вести со кои сме цело време бомбардирани и слично.
Филмот ми се допаѓа многу затоа што е отворен, директен, искрен. Пријателството помеѓу црнецот, дајкот и Жан Марк е врв. Си разговараат одма директно за сè. Црнецот беше врв со муабетите за prostate cancer хахахаха.
Фантазијата е убаво вклопена, единственото нешто што успева на некој начин да му даде колку толку сила за понатаму.
Заглавувањето во сообраќај, приказните на луѓето што му доаѓаат на работа... days of darkness. More like life is darkness.
А да, и да не го заборавам искрениот и директен пристап на докторот кога му збореше за рак.
Филмот е одличен! Life is pain! За жал, како луѓе, поради некоја причина, им даваме многу повеќе важност на тешките моменти во животот и забораваме да се потсетуваме на убавите нешта или да ги забележуваме моменталните убавини... а кога животот е тежок, потсетувањето на убавите моменти нè прави да се чувствуваме уште потешко. Но, којзнае, можеби еден ден ќе се најдеме таму некаде во некое селце, на некоја куќа покрај плажа, ќе си сечеме јаболко и животот ќе ни стане неутрален... или, можеби убав.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Minamata (2020)

Ако обожавате да гледате ваков тип на драми основани врз вистински настани препорачувам да го изгледате Dark Waters (2019) пред да го изгледате овој.
Воопшто не ми легна филмов, иако се потруди со многу драматични и тажни моменти да допре до мене. Едноставно не беше engaging доволно за да се поврзам со дејството. Искрено, мислам дека прашање на време е кога ќе снимаат филм со ваква содржина и за фабриките во Македонија, еве предлози од мене: Комбинат Фени Кавадарци, Топилница Злетово Велес, Комбинат Југохром Јегуновце и Железарница Скопје; сите имаат добар score во уништување на животна средина околу нив и труење на локално население.
Џони Деп ми беше како незаинтересиран во цел филм, како да не знае во што филм глуми или што е дејството. Другите глумци си беа во ред.
Текстот на крајот разочарува ако му се верува, во однос на тоа дека сепак на крај освен популаризација, не дошло до престанок на последиците од загадувањето. Ми се допадна последната монтажа од вистински индустриски катастрофи и хаварии од светот, не поради тоа што сакам такви работи туку што ми даде до знаење дека има премногу вакви работи низ светот а им се посветува малку внимание во медиуми од општопознати причини.
Може сепак не беше филмов за мене.

Од мене ќе добие 6/10, просек, сепак се потрудиле и не беше ужасен за гледање.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Minamata
6.5/10
Не беше нешто интересно, а и не беше многу досадно.
Мислев дека нема да се поврзам со приказнава, не допре, ама имаше некои моменти со болниве што допреа... но на крај, ништо не почувствував.
Дали само мојата верзија имаше залепен италијански превод кога збореа јапонски, а немаше англиски превод за поголем дел од зборењето јапонски?
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.825
Поени од реакции
5.934
Minamata

Ништо посебно не ми беше филмот. Некако доста споро сниман, до некои досадно - развлечени сцени.
Не беше ниту посебно лош, но немаше нешто по кое ќе го паметам.

Со слична тема се бави и филмот Dark Waters кој далеку повеќе ме импресионираше отколку овој.

Некогаш, не е доволно да се има само добра приказна, туку битна е и динамиката на раскажувањето.

6
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Благодарение на отсутноста на форумов не успеав на Злате да му го испратам предлогот што го спремав.
Во меѓувреме видов дека Дизни спрема нова серија базирана на филм што ќе започне да се емитува есенва. Затоа решив да го сменам предлогот со оглед дека скоро никој не го има гледано филмов, пред овие од Дизни да го осквернат и него и веќе никој да не сака да го гледа.

Затоа во следниве две недели на тапет ќе биде една бајка: за деца, за тие што се чувствуваат како деца, а и за возрасни.

Запознајте го „Вилоу“

1664215149686.png
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.273
Поени од реакции
781
Minamata 6.0
Историски филм со холивудки шмек и новинарски репортерски детективски глумец ако не кој друг џони деп ao umetnik мистериозен лик vo filmo освен
за наркоман и пират и зенкар го бива и за вакви филмој ,многу стар нстан нема слушнат незнам шо му текнало да снимат фил за ова интересен град мал јапонски мирно но смртоносно и џони деп репопртеро тука све открива и така нисто претенциозно x-files malku momenti
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.045
Овој Варвик го знам има една серија на Рики Џервејс со него, а ако добро памтам ја имаше и таа другата миџетка, жена му што му е тука. Таму е дноцко у потрага по работа а Рики и Стив Мерчант му се менаџери, небитно, цело време се шлепа на славата што ја стекнал со Вилоу ама веќе е подзаборавен у јавноста. Небитно. И овој црнецов го иам гледано у Бед Санта со Били Боб.

Иначе, ова ми е еден од најглупавите жанрови што може да постојат у филмската индустрија. Фантазија од најглуп тип. Ја ЛОТР неам гледано пошто не ме интересираат такви ствари и не можам да се поврзам, а не па ова. Башка ова е глуп филм, детски, апсолутно ништо интересно не видов, умрев од досада, смешни беа малце тие минималните миџетчиња. Другото мртвило.

Единица.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Minamata

Мене ми беше сосема солиден филмов, ништо полош или подобар од сите останати "based on a true story" филмови кои обработуваат историски настани. Џони Деп си изглуми супер, а исто така и Бил Наји е секогаш пријатно изненадување да се гледа.

Приказната е навистина тажна, и мило ми е што дознав за неа. Мило ми е што филмов дојде во клубов зашто никогаш немаше да го изгледам по своја иницијатива така што, од тој аспект Комита си ја заврши работата перфектно со изборот.

Инаку не ме нешто многу потресуваат мене вакви филмови, па може и затоа ретко ги гледам. Од информативен и ентертејнмент карактер филмов беше супер, емоции многу не осетив, ама па тоа не знам дали е до филмот или до мене. Ми се свиѓаше главниот лик што беше таков "не ебам жива сила" и не се мислеше многу кога требаше да му каже на некој да оди.....таму кај што треба да оди.

Солиден филм, но фалеа поинтензивни емоции за повисока оценка.

7/10
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Minamata

Емотивна и вознемирувачка приказна. Добар приказ на корпоративната политика, вмешаноста на властите и полицијата. Страшната трагедија на малиот и обичен човек, наспроти моќниците кои на секој начин се обидуваат да ја избегнат сопствената одговорност. Успеа да ми задржи внимание. Ок може не е некое којзнае какво филмиште, но не би рекла дека е лош и досаден.
Џони солиден, музиката погодена на место, приказната предвидлива, ама ми беше ок.

Сума сумарум 7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom