FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
L'âge des ténèbres (2007)

Главниот лик е секојдневен човек кој навидум има сѐ што треба за успешен и среќен живот: семејство, куќа, работа, но за жал го нема она најважното. Децата воопшто не комуницираат со него, сопругата сето внимание го насочува кон нејзината кариера, осамен е иако е опкружен со луѓе, а неговата работа е крајно монотона и депресивна исто како и оваа фаза од неговиот живот. Свесен за својата безначајност, оддишка си дава во своите фантазии кои иако се претенциозни ни кажуваат дека сѐ што му треба е малку внимание, љубов и разговор. Воедно го гледаме и апсурдот на неговата работна позиција, која фактички постои само да ги информира луѓето дека колку и да е правдината на нивна страна, законот е таков да спречува таа да се задоволи. А надлежните наместо да се посветат на подобрување на системот, се занимаваат со банални и идиотски проблеми како и барање на решенија за проблеми што не постојат. За среќа, собира храброст да пресече со таквото секојдневие и да ја побара среќата на друго место на поинаков начин.

Одлично функционира како критика на современото општество. Многу од не функционалностите ненаметливо се прикажуваат низ фрагменти од разговорите од странките и сопругата. Вешто режиран, без празен од, што е доказ дека не се потребни долги и празни сцени за да се прикаже меланхолија.

После ова мислам дека конечно ќе стиснам плеј и на „Инвазијата на варварите“, ми стои на купот уште откако доби оскар.

7/10

п.с.
Ова е линк од 6GB за тие што поштоваат подобра слика
L'Âge.des.Ténèbres.2007.720p.BluRay.x264-CtrlHD.mkv
Пошто и звук пошутем, не само слика: L'âge des ténèbres 2007 1080p BluRay DD5.1.mkv :)
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Days of Darkness

Браво за филмчево, ми легна ко на волеј. И сценарио и како е снимен и темата.. немав никакви замерки. Многу ме потсеќаше на Бразил, посебно бирократскиот дел и сетингот. Како по обичај Мунгус убаво го сето тоа кажа, фасадата на животот на главниот лик убава ама внатре попразно не може да биде. Хуморот и сатирата погодени, како и драмата/депресијата, сѐ убаво измешано.

8/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
И мене ми беше таман. Мада едно време здосади али генерално ми е добар филм.
Мене малце ме потсеќаше на Лестер од Американска убавина, таков осамен депресивен дноцко. Добра трагикомедија, хуморот беше погоден таман.

Мунгус најубаво го опиша и се слагам со него во потполност.
Немам што друго да додадам.

7/10
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Некои од сцените ми беа навистина смешни, и тоа што си живееше со илузии секој ден ми беше јако. Секојдневните проблеми што ги имаше со фамилијата и генерално со животот се relatable. Исто така добро беше прикажана нефункционалноста и апсурдноста на бирократијата. Крајот некако ми беше бавен, очекував повеќе од него. Не е сосема изгубено време ако се изгледа филмот.
155. Days of Darkness / L'âge des ténèbres (2007)

Имаше навистина смешни сцени, особено во тој кампот или што и да беше кај што се бореа за контесата, ама генерално земено, филм кој освен што може да те фрли во депресија, ништо друго не може да придонесе.
L'âge des ténèbres (2007)

Одлично функционира како критика на современото општество. Многу од не функционалностите ненаметливо се прикажуваат низ фрагменти од разговорите од странките и сопругата. Вешто режиран, без празен од, што е доказ дека не се потребни долги и празни сцени за да се прикаже меланхолија.
Days of Darkness

Хуморот и сатирата погодени, како и драмата/депресијата, сѐ убаво измешано.
Добра трагикомедија, хуморот беше погоден таман.

Еве ја мојата рецензија. Анон до сега ми нема утнато филм.

7/10 и лесно може да биде 8ца понатака.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.825
Поени од реакции
5.934
Days of Darkness / L'âge des ténèbres


Добар филм, солиден. На моменти ми беше монотон кога беше исклучен од реалноста и си фантазираше. А и секојдневието не му беше воопшто интересно, преку него се гледаше абсурдот на овие средновековни луѓе кои се заглавени во лош брак, во работа која не ја сакаат, без надеж и храброст за промена.
Нешто на слична тематика, а тотално различен е и данскиот Another Round. Тој успеа многу подлабоко според мене да навлезе во темава и да ја прикаже во сржта. Овој, повеќе ми имаше сатирично - абсурдни елементи.
Мунгусот одлично го доловил.

6
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Минатиот пат кога ми дојде ред за бирање филм, се двоумев меѓу 2 филма, и го одбрав тој што мислев дека на вас ќе ви се допадне повеќе. Епа сега и на другиот му дојде ред. Филмот што би го ставил во топ 10 листа на омилени филмови - Minamata.




Од форумов 4ца го имаат логирано, и мислам дека ниту еден не е дел од клубов. Се работи за вистинска приказна од 1971ва година во Минамата, Јапонија. Филмот го прати воениот фотограф Eugene Smith, кој заминува во Минамата да направи репортажа за заболувањето од жива. Не знам колку е битно за филмов, ама како фотограф за човеков читав уште како дете. Важи за еден од најдобрите фоторепортери, а се декларира како воен фотограф. Работел за Лајф магазинот и една од сликите што ги има направено во Минамата, важи за најдоброто негово дело.

Photograph would take a piece of the subject's soul. But what gets left out of the fine print is, that it can also take a piece of the photographer's soul. It will break your heart. So if you take it, you take it seriously.

Се што би кажал понатака ќе биде спојлер.
Филмот за жал не е достапен на Нетфликс, ХБО ниту Амаозн - мора торент.

Се надевам ќе ви се допадне.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Days of Darkness

Иако ова е ера на телекомуникациската технологија, која ги има окупирано сите сфери од (социјалниот) живот, Жуан-Марк е самоизолиран и доста осамен. Неговите деца живеат во светот на "виртуелноста", а неговата сопруга е посветена на кариеризмот. Па така од сцените кога ги вози со кола, кога се вози во трамвајот (каде буквално сите други разговараат на телефон), појадува сам, немо пробува да комуницира со неговата мајка, се сцени поминати во психички мрак.

Живот му е досаден, репетиторна неинтересна рутина, па често се отсекува од реалноста со својата бурна имагинација.

И работата му е монотона, службеничка, со која ги разочарува сите граѓани, независно од нивната праведност, истата не кореспондира со правичноста на законот.

На самиот почеток мислев дека сите фантазии ќе бидат стимулирани од сексуална побуда, но потоа гледаме дека се разнолики во зависност од приликата во која се наоѓа.

Интересен, несекојдневен филм, кој малку ме потсети на Cashback. 7

Дел од филмот го гледав без превод, што ми претставуваше извесен проблем. Но и голема благодарност до Анон затоа што го стави самиот филм. Сам не го најдов, го немаше по апликацииве. (y)
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.825
Поени од реакции
5.934
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.367
Мислам дека не пишав анализа ни за Gilda, па еве:

15 души го гледаа филмот, исто колку и претходните 3 филма и му дадоа средна оценка 7,5. Го испуштија:

јас - прв неизгледан (ама ветив дека ќе го гледам, и ќе го исполнам ветувањето)
@Erich Zann - исто прв неизгледан
@__Vita____ - втор неизгледан (жолт картон)
@Violetova - трет неизгледан (црвен картон, за сега се простуваме, се надевам ќе ни се врати назад наскоро)

Days of Darkness го гледаа деветмина и му дадоа средна оценка 6,5. Го испуштија:

Самиот @Anon - ???
@Gazpapir , @Darklady , @zmija1 , @Shutmanga , @Варвара и @123456 - на сите прв неизгледан
@Erich Zann - втор неизгледан (жолт картон)
@__Vita____ - трет неизгледан (црвен картон, за сега се простуваме, се надевам ќе ни се врати назад наскоро)

Во следните 2 недели, како што @Комита Ултрас веќе пиша, го гледаме Minamata.
 
Член од
18 март 2019
Мислења
430
Поени од реакции
1.967

Kajgana Shop

На врв Bottom