Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Од ко слушна еден Албанец, дека Косово и Србија ќе се зачукале пак, одма опна блуза со америчко знаме. Во слободно време мрази Евреи, доста гневно, и навива за Палестина. Потајно, па и не баш така тајно, такво момчило со врвен политички интелект се изјаснува за секоја зелена што ќе му падни на глава, па еднаш така јавно јадеше лајна за ЈУЕСА. За големо разочарување на Берик, ликот смета дека Македонија ќе му припадни нему, ама не само гетата во кои живеат на запад, туку цела. Значи 'Лупче жалам, ама за Захариева - чушки.

Од другите вести не разбирам км, роднини? кои во мк не знаеле дека постојам (сум живеел топ без нив и реципрочно не сум знаел дека постојат и ги има), а сега им гледам пропуштени повици. Like, why would you do that? Не сум битер, но глупо ми е, што имам да правам муабет со нив? да им раскажам за Филип од Орлеанс, или за 80те Готски Кули од син камен на подрачјето од северна Франција и јужна Белгија заштитени од УНЕСКО, демек ги интересира? или како се вари петочно графче?

За инат на Дарче од Лисиче (исто интелект) ве оставам со контемпорарниот Моцарт. Бритни носи Темпларски меч за преврзок, иначе синовите и се родени во болница во сончева Кали каде што се раѓаат и лекуваат само Евреи. Последно Били Клинтон беше таму.
Иначе хајлајт на видеото ми е чедото на Хилтонови. :love:


Спијте убо, јадете појче мрсно, само не глуфчешко бите.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Врвот на македонската хипокризија, на објава дека македонски туристи биле избркани од агенција и нема каде да престојуваат и да ги поминат ноќите коментирал “што барале таму да одат, ако им е“, а истиот тој човек пред неполн месец беше во Грција. Стварно злобен, расипан народ сме, не знам уопште како некој може да се сити на нечива туѓа несреќа, дотолку ли не напатија и не направија мизерни политичариве па единствена среќа и блесок задоволство наоѓаме вака да се ситиме некој ако биде измамен или поминува низ лошо, некој што нит го познаваме ниту пак ни згрешил нешто, тажно...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Деновиве осцилирам од 'Вјеруј у љубав јер љубав је све' до 'Ниси више моја бол' и 'Нашао сам мир на слободи, у празној постељи и хладној соби'.

Крај не може да ми најде човек. :sick:
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.704
Поени од реакции
5.668
Драа

Четврточки си дојдов од работа,се истуширав и си легнав да одморам.
После добри 2 саати спиење земав си напраив кафе и викам ај да видам по Арениве што утакмици има,од овие факинг конференциска лига,кој све игра таму нема да ме чуди некој ден и мојот локален клуб да го видам.
Вртејќи по каналите налетувам на Брондби-Басел,кога слушнав дека Сретен Рашковиќ коментира ми се разубави вечерта во секунда,одма падна одлуката дека таа текма ќе се гледа.
Не можам да опишам колку го обожавам човеков,го засакав после титулата на Вардар во 2019 кога гласни жици остави братов навивајќи за нив.
Толку добро си ја врши работата и пред се со љубов што може лекции да им предава на сите коментатори на Балканот.
Кога коментира тој автоматски натпреварот го прави интересен,знае кога да повиши тон кога да каже некој податок за фудбалерите,секогаш запознаен со играчите што ги коментира итн.
Буквално има глас рај за уши и лек за душа,би го слушал 24/7 само да коментира нешто или ако има некоја можност да си го пуштам на слушалки и цел ден додека работам да го слушам како збори.
Доста е од постов,сега раат да си ја гледам утакмицата.
24253837_912592692221176_164331319965253632_n.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom