Serie A 2021/2023

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.640
Поени од реакции
2.606
1. Милан
2. Јуве
3. Интер
4. Рома
5. Фиорентина
6. Наполи
7. Аталанта
8. Лацио

Јуве може и лесно да се први, за мене имаа сосема одличен трансфер рок, Бремер е најдобар стопер у цела лига и многу ќе ги вади у битни мечови, Ди Мариа може да покаже класа у лигава и на 80 години. Влахович, Киеза напред, Кен од клупа.. едино Погба што ги заеба и се повреди, иначе лагано ќе ја држеше цела средина. Фиорентина очекувам ептен да изненади и ми прави мерак тоа тимче. Милан / Интер немаат премногу промени и секако ќе се добри. Аталанта очекувам да пропадне сезонава, Рома очекувам да се бори за топ 4 и да влезе у топ 4 на крај, Наполи и Лацио заедно со Аталанта у кош.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.734
Поени од реакции
13.358
Јуве, Интер, Рома и Милан мора да освојат место во ЛШ, за да колку-толку имаат успешна сезона.

Се друго би било огромен неуспех, дури и за Рома. Впрочем, кај нив има поголема еуфорија отколку во Милан.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.739
Колку поголема еуфоријата кај Рома, толку поголем ќе биде падот.

Рома треба да намалат доживљај малку, сепак се екипа која апсолутно секогаш пропаѓала под притисок, независно дали станува збор за лигата или во Европа.

Една светла точка им е Барселона пред 4 години кога покажаа јајца и карактер... добро и европската титула од минатата сезона :icon_lol:

Сезонава е тешка за предвидување, џабе редите 1, 2, 3, 4. Има преголеми промени кај сите тимови (Наполи, Интер, Рома) во однос на минатата сезона, го имаш Милан кој на плеќите го носи Скудетото, го имаш Јувентус со десеткуван состав за првите 15 кола, а тука се Аталанта, Фиорентина и Лацио (пред се' овие) кои без никаков притисок може да надминат било која од топ 5 екипите. Сепак да не заборавиме дека во лигава има 8 катастрофални тимови, кои може да бидат торпедирани од било кој просечен состав.

Многу се 38 кола, никој нема да се оддели се до крајот и пак на крајот ќе зависи од мечеви како Болоња-Интер и ним слични.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.221
Поени од реакции
5.129
Јуве, Интер, Рома и Милан мора да освојат место во ЛШ, за да колку-толку имаат успешна сезона.

Се друго би било огромен неуспех, дури и за Рома. Впрочем, кај нив има поголема еуфорија отколку во Милан.
Интер ако не продадат никој се освен титула ќе биде катастрофа од сезона.

Исто и за Јуве ако го земат СМС или некој друг таков трансфер се освен титула ќе биде катастрофа...

Милан се шампиони али од друга страна може нема да имаат преголем притисок да ја одбранат, сите битни фаци у таљански фудбал имаа изјави како Милан не се фаворити за титула, што само може да му помогне на Милан пак да освои :icon_lol:
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.742
Поени од реакции
12.726
Многу сакам некој да ми објасни какви промени има кај интер и зошто тие промени се негативни? Еве @Mondonico последен пиша ама целиот наратив од фановите на другите клубови е сличен.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.739
Многу сакам некој да ми објасни какви промени има кај интер и зошто тие промени се негативни? Еве @Mondonico последен пиша ама целиот наратив од фановите на другите клубови е сличен.
Каде напишав негативни промени кај Интер?

Еве ја мојата реченица:

„Има преголеми промени кај сите тимови (Наполи, Интер, Рома) во однос на минатата сезона“

Кај Интер промената е пред се' Лукаку, што би требало да биде 90% позитивна промена.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.742
Поени од реакции
12.726
Каде напишав негативни промени кај Интер?

Еве ја мојата реченица:

„Има преголеми промени кај сите тимови (Наполи, Интер, Рома) во однос на минатата сезона“

Кај Интер промената е пред се' Лукаку, што би требало да биде 90% позитивна промена.
Тебе последен те прочитав, затоа те тагнав. Не гледам големи промени во ростерот на Интер, само Перишиќ си замина, а дојде Лукаку. Кога се зборува за преголеми промени, се претпоставува дека нешто структурно се променило во тимот, а не еден играч плус минус.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.734
Поени од реакции
13.358
Многу сакам некој да ми објасни какви промени има кај интер и зошто тие промени се негативни? Еве @Mondonico последен пиша ама целиот наратив од фановите на другите клубови е сличен.
Каде виде таков наратив?
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
Така се гледа на Интер пошто медиумите створија малце помпа околу нова распродажба, немање пари, криза и слично за после кога видоа дека Интер не мора баш да продава у истиот момент и дека таквото нешто може да се одложи за следните 2 трансфер периоди, си легнаа на брашното и заќутеа.
Не дека не е точно тоа што се пишуваше ама многу се летаа на почетокот со најавите за егзодус и се створи слика дека Интер е готов.

А у реалноста се врати Лукаку, ниеден битен играч не се продаде, некои позиции се појачаа со солидни/добри играчи за ротација, останува одбраната да чкрипиm пред се прва резерва, ама коа ќе се погледнат останатите конкуренти ќе се види дека скоро никој нема така комплетна одбрана, кај сите има фалинки.

Ако добро видов според кладилнициве Интер е прв фаворит.

Што се однесува до Рома, има еуфорија малце што е и нормално после титула па каква сака нека биде истата, после трансферот на Дибала, Мурињо е тука кој знае да запали маса. Одбраната и не им е баш така слаба ко што се збори, 5-та одбрана имаа у лига лани, не двоеа многу од останатите, па само од Интер примија 6 комада на двомечот, ете им ја разликата до на Јувентус одбраната.

Појачани се малце, ваљда видоа дека Мурињо им е правиот човек и ќе немаат испади како некои глупости на Заниоло, тој Залевски што се курчеше и уште некои такви чаталџии, земаа искусни играчи како Матиќ и Вајналдум, тој бекот од Лил, Дибала, најверојатно Белоти ќе им дојде у ротација, ако остане Заниоло, Спинацола е вратен од повреда, ако копнат уште некој квалитетен штопер до крај ќе бидат сосема респектабилен тим.
Уопште не се послаби од Наполи. А се појаки од Аталанта, Лацио и Виола.

Очекувам Рома до крај да се бори за ЛШ пласман.

Јувентус не треба никад да се отпишува, гнасна екипа се, ќе заредат 13 победи по ред ко лани после нова година и оди стигни ги после, таков е Алегри копиле од човек, мазохист, ќе се смее со тоа забите како на Стив Бушеми додека води 1-0 против Кремонезе дома и се брани со 30 души у одбрана, ама на крај битно запечатил 9та победа у низа со гол разлика 8-0.

Милан, Интер и Јувентус ќе се борат за титула до крај, ко лани ќе биде докај 35-6то коло нема да се знае на што сме.

Светското многу работи ќе смени, убави вика Тркачот.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.944
Поени од реакции
6.117
130M Celzi dava za 3 igraci na Inter i dokolku istata ja prifatat e tek togas Inter ke se bori so Napoli i Fiorentina za top 5.
Автоматски споено мислење:

Daj stavete nekoja anketa. Koj tim ke ispadne od Ligata :D
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
Јуве, Интер, Рома и Милан мора да освојат место во ЛШ, за да колку-толку имаат успешна сезона.

Се друго би било огромен неуспех, дури и за Рома. Впрочем, кај нив има поголема еуфорија отколку во Милан.
Ова никогаш нема да го сфатам.
Лани цела сезона во борба за скудето 0 еуфорија. Освои те скудето после 100 години 0 еуфорија. Сеа за следна сезона пак 0 еуфорија.

Ние повеќе се радувавме на Копа Италија и поминување на група во ЛШ него вие за скудето.... :D


И класика, топ 4 е целта.
Дајте олабавете се, подобрете малце, лупајте курч. Шампиони сте мме :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom