La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.839
Поени од реакции
24.267
Што се дешаваше, гледаше некој? Интересно беше?

Непотребен хајп направија медиумиве, а и самите клубови ваљда за да се напуни стадионот и да си искешираат.

Се замараа играчиве?
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.600
Поени од реакции
10.249
Момент на мечот е кога Рудигер сфати дека ги нема поќе Џон и Дејв од Јоркшир во противнички тим да можи да се мангупира

Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Што се дешаваше, гледаше некој? Интересно беше?

Непотребен хајп направија медиумиве, а и самите клубови ваљда за да се напуни стадионот и да си искешираат.

Се замараа играчиве?
Според коментари и хајлајтс, Барса со поголем интензитет и висок пресинг, што е веројатно очекувано со оглед на тоа што се малку понапред со припремите од Реал. Реал без шут во рамки на гол, еден страшен шут на Валверде од далеку во статива и по некој опасен напад, Барса со неколку добри шанси и одлични одбрани на Куртоа (во страшна форма брани овој, број 1 веројатно во свет изминативе 2 сезони), меѓутоа без некоја посериозна доминација на терен и во посед.

Хајп секогаш ќе си има кога играат овие два клуба, без разлика на натпреварувањето и важноста на утакмицата :D Целта на двете страни е повеќе во воигрување на играчите и темпирање форма отколку крајниот резултат, ама секогаш се добредојдени вакви победи за самодоверба.

Вреди да се издвои играњето на Рудигер на лев бек со Алаба како штопер, иако менувале позиции во текот на мечот и изјава на Анчелоти дека Алаба ќе игра лев бек само по потреба и дека не сакал да го руши штоперското дуо од прошла сезона, како и глупирањето на Барса со Френки, повторно играше како штопер. :LOL: Барса направи страшна офанзивна линија ама одбраната останува проблем очајно им фали десен бек, а очигледно бркаат и уште еден класа штопер за партнер на Араухо, и Реал е со слични проблеми на десен бек, а очајно им фали замена за Бензема бидејки без него нападот е речиси безопасен.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1

Во моментов ја гледам на СК реприза.
Онака утакмица, барем голови да имаше да гледаме, памтам со Алтетико пред неколку години кога не откостија 6:1 барем голови имаше иако после во сезоната два пати изгубија од нас.
Единствено зашто ја пуштив репризава е зашто сакав да видам Хазард во каква физичка форма е и триото на средина што стартувало Камавинга - Чуамени - Валверде. Камавинга изиграл одлично прво полувреме.
Изјавата на Анчелоти повеќе се однесуваше на Менди, не ми се верува Рудигер да игра како лев бек. Можно е Милитао да седне на клупа, ако продолжи да прави глупости како таа што доведе до голот на Рафиња.
За Бензема се сложувам дека треба замена, но во моментов нема квалитетна замена што ќе се сложи да дојде во клубов и да му биде замена на најдобриот играч во моментов. Ќе се крпи со Борха Мајорал или Мариано.
Ќе се тргне по офанзивен играч само во случај ако се продадат двајца од Асенсио и Мариано/Мајорал.

Премногу офанзивни играчи има во моментов во Барса, не знам кој им е планот, претпоставувам нешто ќе продаваат.
Бидејќи во спротивно ќе мора да жртвува Чави напред, поготово што Фати, Левандовски, Обамејанг и Феран Торес најдобро се снаоѓаат како централни напаѓачи. Од сите овие четворица само еден може да игра, некој од останатите ако го ставиш на крило ем што го лимитираш неговиот напаѓачки потенцијал па и жртвуваш природно крило во Дембеле или Рафиња да не игра.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Изјавата на Анчелоти повеќе се однесуваше на Менди, не ми се верува Рудигер да игра како лев бек. Можно е Милитао да седне на клупа, ако продолжи да прави глупости како таа што доведе до голот на Рафиња.
Да јасно ми е, ама сепак е чудно кога Менди не е на терен, Рудигер да игра лев бек, а Алаба како штопер. Ќе имаат како и да е добри опции за ротација таму, тука е и Начо да пополнува, плус Ваљехо, знак прашалник е само десно, Карвахал кога игра е добар, ама прашање е колку може да истера без повреди, и колку се добри Лукас Васкез и Одриозола како замени.

За Бензема се сложувам дека треба замена, но во моментов нема квалитетна замена што ќе се сложи да дојде во клубов и да му биде замена на најдобриот играч во моментов. Ќе се крпи со Борха Мајорал или Мариано.
Мариано е катастрофа, не знам како е овој сеуште во клубот. :D Нема баш многу избор на пазарот, се сложувам, а проблем ќе биде и да се ослободат од вишокот како Мајорал, Мариано, мислам дека летово беше добар момент да го продадат и Асенсио, а добра бек-ап опција би можеле да најдат во некој од помаливе клубови од Ла Лига, Раул де Томас или Морено би ги издвоил, веќе се во години и не верувам дека би одбиле можност да заиграат за Реал макар и со ограничена минутажа, а од друга страна нема да им треба време да се аклиматизираат на лигата.

Премногу офанзивни играчи има во моментов во Барса, не знам кој им е планот, претпоставувам нешто ќе продаваат.
Бидејќи во спротивно ќе мора да жртвува Чави напред, поготово што Фати, Левандовски, Обамејанг и Феран Торес најдобро се снаоѓаат како централни напаѓачи. Од сите овие четворица само еден може да игра, некој од останатите ако го ставиш на крило ем што го лимитираш неговиот напаѓачки потенцијал па и жртвуваш природно крило во Дембеле или Рафиња да не игра.
Мех, не би се сложил за Фати и Феран, и двајцата се подобри како крила и сигурно еден од нив двајца ќе стартува лево. Двајцата се тип на играчи што сакаат да влегуваат во средина и предност им е доброто движење и влегуваат често во шанси, не се класични крила како Дембеле или Рафиња ама ако играат на централна позиција тотално мислам би се изгубиле, немаат ниту такви физички предиспозиции ниту стил на игра. Очигледно не сакаат да се ослонуваат на Фати со оглед на повредите, а Дембеле најдобрите 4-5 месеци ги изигра откако Адама Траоре му го зема местото и конечно доби конкуренција, со оглед и на неговата историја со повреди добро доаѓа Рафиња како конкуренција за таа позиција. Највеќе губи Обамејанг во нападот, реално изигра добра полусезона, ама не верувам дека би бил на константно високо ниво преку цела сезона, кога имаш опција да го земеш Левандовски лудо е да ја одбиеш :D
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.139
Поени од реакции
16.651
Дресот на Барселона за оваа сезона е преубав, само нас не дупат најк изгледа :(
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.955
Поени од реакции
35.488
Само да не се дружи многу со Пике С.Роберто и Бускетс па да го испичкат.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.955
Поени од реакции
35.488
Мушкарчина бајо мој. За вакви ниски контакт провокации како оваа на Алба само така.

Подобро да рога топки отколку да се тркала како Бускетс и да ѕирка како пичка.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.144
Поени од реакции
23.251
Мушкарчина бајо мој. За вакви ниски контакт провокации како оваа на Алба само така.

Подобро да рога топки отколку да се тркала како Бускетс и да ѕирка како пичка.
Мушкарчина во модерниов фудбал. :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom