Фан Клуб: Вардар

Член од
1 април 2018
Мислења
2.054
Поени од реакции
4.025
Гостивар дефинитивно останува во втора лига. Денес нов играч земале. Ќе ни биде пак многу тешко и сезонава, но што е тука е..
А кој би влегол место Ренова тогаш знаеш?
Иначе Спиркоски многу голема работа ќе им врши, можеби и најдобар трансфер за нив.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.471
Поени од реакции
3.522
А кој би влегол место Ренова тогаш знаеш?
Иначе Спиркоски многу голема работа ќе им врши, можеби и најдобар трансфер за нив.
Ренова ќе си остане. Реално добри играчи земаа, а викаат и дека уште ќе се засилувале.
 
Член од
23 април 2022
Мислења
240
Поени од реакции
1.112
Според првата утакмица, нова 10ка ќе биде Демир, 9ка Десниќ, 7ца Христов, Ристевски сменил на 5ка...
Мислам на броеви, не на позиции
 
Член од
13 август 2019
Мислења
425
Поени од реакции
2.174
Иван Николов во Брегалница... Не дека нешто посебно ќе ни смени, али не ми е јасен моментот да сакаш да си отидеш од Вардар па макар и од Вардар кој е во втора лига, за да отидеш во Брегалница да играш, кај што во секој случај нит за титула ќе се бори, нити за Европа... Уште понејасен ми е моментот кога Бајо, спортски директор на ФК Вардар, воедно и менаџер на Николов, директно го ослабнува тимот со тоа што играч што лани беше меѓу најдобрите на поголемиот дел од натпреварите го пушташ да си оди во моменти кога почнуваат припреми за нова сезона... Ништо посебно не видовме од Бајо како спортски директор од кога е донесен, за Јовче сигурен сум дека он нема некоја голема улога во неговиот трансфер.
 
Член од
23 април 2022
Мислења
240
Поени од реакции
1.112
Премногу се занемарува улогата на тренерот. Што ако тој не го гледа Николов во првиот тим, и побарал друг профил на играч на негово место? Или што ако играчот сака по секоја цена да игра прва лига за да биде во каква таква можност да го напушти домашниот фудбал? На крај на краевите резултатите ќе покажат дали овие засилувања ќе бидат погодок или не, и тогаш ќе се оценува работата на спортскиот директор и стручниот штаб. Мицевски, Гачевски, Поп Златанов, Бени Демир, Ристевски, Христов, Јаневски, Николовски...па кого сакате управата да донесе во 2 лига за да игра во Чегране, Добри Дол и Виница? И ова е премногу, со којзнае какви муљања и магија. Да бидеме реални и свесни за некои работи. Има бар 10 играчи со кои е постигнат усмен и начелен договор да дојдат во клубот доколку влеземе во 1 лига, или бар на зимо да бидеме со една нога влезени. Никој нема да ви дојде сега за без пари, а не е дека не сакаат. Од друга страна кој тоа ривал у 2 лига има подобар тим од нас? Еве на сите пуна уста Гостивар, ајде да споредиме и да видиме на која позиција се подобри од нас? На ниедна од 11, убеден сум. Со 4 избркани играчи од кај нас? Или Пелистер, со Љамчевски, Наумоски исто така избркани од кај нас, играчи кои губеа од Велешта и Беса? Малку пореално и поотимистично гледајте на работите. Битно е да влеземе, а после ќе биде друга песна...
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539

Се согласувам реално со ова, штета што го губиме Николов поготово што е у21 играч, ама како таков во било која екипа во Прва лига ќе биде стартер, освен можеби Слога и Шкендија, така што ако сакал да си замине, нема што многу управата да направи. Имињата што се донесоа се добри, ако Грне е задоволен од тоа што го има на располагање и смета дека е доволно покриен на сите позиции, тогаш сме ок. И јас сум на ставот дека со овој состав и овие имиња треба и мора да загриземе јако од старт и да се издвоиме како фаворити за први две места, Гостивар донесоа многу играчи да, ама не подобри од тоа што го имаме ние на располагање, а и кај Пелистер има доста нови играчи, ама ни тие не земаа некое позначајно засилување, ниту пак имаа некоја основа од претходната сезона, за разлика од нас.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.137
Поени од реакции
5.481
Иван Николов во Брегалница... Не дека нешто посебно ќе ни смени, али не ми е јасен моментот да сакаш да си отидеш од Вардар па макар и од Вардар кој е во втора лига, за да отидеш во Брегалница да играш, кај што во секој случај нит за титула ќе се бори, нити за Европа... Уште понејасен ми е моментот кога Бајо, спортски директор на ФК Вардар, воедно и менаџер на Николов, директно го ослабнува тимот со тоа што играч што лани беше меѓу најдобрите на поголемиот дел од натпреварите го пушташ да си оди во моменти кога почнуваат припреми за нова сезона... Ништо посебно не видовме од Бајо како спортски директор од кога е донесен, за Јовче сигурен сум дека он нема некоја голема улога во неговиот трансфер.
nemam nekoe visoko mislenje za ivan nikolov, no na strana toa ne znam kako te cudi takov poteg. za licniot napredok na eden fudbaler i za eventualno podobruvanje preku transfer (dali finansiski ili sportski) mnooogu podobro e da igras i za otepana pobeda ili FK skopje vo prva liga nego vo vtora makedonska liga za vardar ili bilo koj drug klub. ama bas nikoj osven navivac na vardar ne go interesira sto nekoj igrac igral za vardar ako toa e vo vtora liga. igracite se ocenuvaat pred se preku ligata vo koja igraat, ne preku klubot za koj igrale. zaradi toa i igraci na klub kako renova imaat ostvareno respektabilni transferi (pa ete i od bregalnica, stoperot jovan manev koj ovoj mesec potpisa vo prva turska liga).

so aleksandar trajkovski postoi samo eden fudbaler koj bese brkan od razni klubovi iako bese pod dogovor vo vtora makedonska liga, no on togas imase 17 godini i bese strasno talentiran. na druga strana imas stotici fudbaleri koi poslednite godini preku PMFL potpisale negde za 5.000+€ mesecno.
 
Член од
23 април 2022
Мислења
240
Поени од реакции
1.112
Втора лига на пример ја нема на најпознатата фудбалска платформа Инстат. Не се води официјална статистика за натпреварите од 2 лига. Не постоиш фудбалски значи, те нема, не можеш видео да си направиш. Како да те видат скаути од Турска, Полска или Азербејџан на пример,,,,
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.471
Поени од реакции
3.522
Николов? Дечкото ама баш ништо не покажа во Вардар. Секоја шанса топка у облаци. Нека му е со среќа.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Што ве глеам чудни. Па ретко кој играч ќе го преферира Вардар ако има можност да игра во посаглам клуб од Прва лига. Не дека нема и такви. Да не забораиме дека иаме, не баш малку играчи со прволигашки квалитет, што бар за во Македонија може да бираат кај ќе потпишат. Ги наброја Matt веќе. Така да малку дигнете рачна.
Наспроти тоа што Николов и баш не не' убеди претерано дека е некој незаменлив.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Ќе пробам да го составиме моменталниов состав.

Голмани: Филип Гачевски, Лука Стојковски (19 години), Гоце Јовчев (младинец, 18 години)

Одбрана: Ненад Мишковски (штопер), Никола Ристески (штопер/десен бек), Даеко Глишиќ (лев бек/лево крило), Давид Велковски (десен бек/десно крило), Марко Стојилевски (штопер, младинец, 17 години), Давор Серафимов (десен бек, младинец, 17 години)

Средина: Мартин Блажевски (дефанзивна средина), Кристијан Николовски (дефанзивна средина), Ѓорѓи Дошев (дефанзивна средина, младинец, 17 години), Дарко Мицевски (средина), Петар Давидовски (средина, 20 години), Нијаз Јусуфи (средина, 19 години), Филип Јаневски (офанзивна средина), Горјан Цветков (офанзивна средина, младинец, 17 години), Јован Поп Златанов (десно крило/десен бек), Бенјамин Демир (десно крило/лево крило), Дарио Десниќ (лево крило), Ерен Парталко (десно крило/офанзивна средина, 20 години)

Напад: Симеон Христов, Никола Величковски (младинец, 17 години)

Кај тие што имам напишано младинец, значи дека сега се прекомандувани во прв тим, односно добиле шанса да тренираат со првиот тим. До душа Величковски и Дошев веќе дебитираа.
Кај сите што ги пишува годините, може да настапат како У-21 играчи.

Од нив, пореално шанса би добиле Јусуфи и Парталко. Можеби и некој од голманите додека се опорави Гача. Давидовски една година беше повреден, инаку лани го планираа да игра.
Се уште се гледа дека фали штопер и фали уште еден играч во нападот. Немаме замена за Глишиќ на лев бек исто така.

Би требало Гача да брани, Глишиќ на лев бек, Ристевски и Мишковски како централни, во ситуацијава Јовче би бил десен бек, Мицевски, Николовски и Јусуфи во средина, Демир лево, Парталко десно, Симе напред.
Нормално тука во прв тим може да има место и за Јаневски и Десниќ, зависи од изборот на младинците.
 
Член од
23 април 2022
Мислења
240
Поени од реакции
1.112
Повеќе пати е нагласено дека Грнчаров го гледа Блажевски исклучиво како стопер
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Абе он може и ко голман да го гледа, ама факт е дека дечкото не е штопер :D
Плус игра агресивно, магнет за картони :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom