Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Холандија научија да играат ракомет?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ако не ги победат туристите од Аргентина, тогаш треба да не дисквалификуваат и да ни дадат забрана за наредните 2 првенства.

Не може против Аргентина да калкулираме или да се плашиме...

Холандија и Норвешка ќе не удрат како и да е

Edit: Ги памтам Аргентинците како многу слаби... Очигледно дека и тие ќе не удрат
Далеку се од туристи Аргентинците. Последноте 5-6 години редовно им прават големи проблеми на европските селекции.

Особено е важно да се избегни прв меч со Аргентина. Тие јако стартуваат, ама бидејќи имаат една постава со текот на првенството им паѓа формата.
 
Член од
30 јануари 2021
Мислења
105
Поени од реакции
89
Член од
22 ноември 2021
Мислења
54
Поени од реакции
23
Имаме ли шанси против Србија за трето место на Медитеранските игри?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Имаме ли шанси против Србија за трето место на Медитеранските игри?
За разлика од со Египет, со Србија, теоретски шанси можеби имаме, но не повеќе од 10%.

Сепак србите имаат поискусен состав и ќе бидат јасни фаворити.
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
54
Поени од реакции
23
За разлика од со Египет, со Србија, теоретски шанси можеби имаме, но не повеќе од 10%.

Сепак србите имаат поискусен состав и ќе бидат јасни фаворити.
Играме побрз ракомет од нив,би требало тоа да ни е предност.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Кој дебил е онај Серафимов :facepalm:
Ептен ќе ни биди проблематична оваа позиција во иднина... највероватно ќе треба некој со десна рака да игра...
Ми беше интересен играч, надежен и дека ќе биди нешто од него, уште од Металург го заприметив ми остави добар впечаток, ама детето се послаб и послаб е, чекор назад му беше трансферот, а можи и таму припаѓа, откако пропадна Металург друга опција не ни имал....
Никако не можи да биди прв бек во репрезентација или пак да игра во појак клуб, искрено Велковски е за класа подобар од него, друг тип на играч, а претходно мислев обратно, дури 2 скалила понапред го клавав Серафимов, ама сега видов дека е тежок аматер....

Околу настапот на МИ, за мене ова е супер резултат, одлично второ место во група, и борба за 3 место на крај неуспешна, сепак и 4 место за овие играчи според мене е успех и пред се одлично искуство ! Кога ќе се види со каков тим настапивме ова е супер. Поразите од Египет и Србија очекувани и заслужени, се работи за поквалитетни репрезентации.
Пак ќе речам ова е топ искуство за играчи како Павле и Петар, исто Митев, крилата Ненад и Петковски, како и голманите Кизиќ и Гогов кои беа одлични !
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
koj odlcen nastap ne zaebavaj samo grcite i turcite gi tepavme, egzoticni rakometni zemji :LOL:
Грците со таа 2002 ген не тепаа дома, не ги потценувај има напредок и кај нив, можеби не се егзотични ракометни земји ама па не сме и ние за да бидеме до толку не задоволни од настапов, децата си одиграа борбено и машки, да не промашеа толку зицери можевме да се одлепиме на +5 денес со Србите на полувреме, кој пак играа со многу повозрасен состав од нашиот.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
За мене настапот и конечниот пласман е над сите очекувања кои ги имав. Со оглед на тоа што, со исклучок на Џонов (1997), Јагуриновски (1998) и Петров (1992) сите останати играчи кои настапија се на возраст од 18 до 22 години сум презадоволен!

Огромен напредок кај Марко Стојковиќ во одбрана посебно. Ако продолжи да се развива како што треба мислам дека конечно ќе го добиеме „тој“ играч кој игра централно во одбрана, игра и напад, а со тие физички карактеристики што ги поседува мислам дека по потреба би можел да игра и како халф.

Џонов позитивно ме изненади, мислам дека ја сосем добро си ја искористи дадената шанса. За жал игра на позиција на која сме најдобро покриени, но во долги турнирски системи не би било лошо да го имаме како опција.

Ѓоргиев исто така добар турнир, добри асистира, пробива, доста и топки пресече како краен во одбрана. Иако сеуште не е завршен со природниот физички развој, сепак мора да стави маса на себе ако сака да биде вистинска „закана“ во сениорска конкуренција. Ракометот е памет, ама и мускули. Ова генерално важи за сите наши млади играчи кои прошле, проаѓаат и ќе пројдат.

Атанасијевиќ браќата добри со подеми и падови нормално. Костески имам чуство како да стагнира, со оглед на потенцијалот кој го покажуваше пред 4-5 години како да очекував на повисоко ниво да е денеска. Петковски мошне ладнокрвен и сигурен, покажа добар репертоар на удари, но и потфрли кога беа во прашање некои „чисти“ шанси (рака на срце помалку од Костески).

Коки Петров супер турнир имаше, неколкуте години во Шпанија и Романија се гледа дека му имаат дојдено убаво и се надевам дека нема да остане да игра прва лига со Металург од септември пошто би било навистина штета. Ако не може да најде ангажман во странство тогаш барем еден од првите 4-5 тима во македонска лига би било океј.

Ивановски многу мала шанса доби (претежно во одбрана) па не можам да кажам ништо. Симоновски мање-више исто и мислам дека како проаѓа времето се повеќе и повеќе ќе паѓа во сенка бидејќи физички не може да понуди многу кога е сериозен ракомет во прашање.

Јагуриновски доста добар, во рамки на неговиот капацитет. Мислам дека прави голема грешка со трансферот во Пролет, али па можеби и немал многу опции, кој да знае? Гогов и Кизиќ супер, немам никакви замерки за нивниот настап.

Доаѓаме до Серафимов...
И јас како Пеце полека да почнувам да губам надеж дека во него ќе добиеме некаков си сериозен играч. Не знам на што се должи, дали е до неговиот трансфер во Алкалоид и цела сезона играње прва лига или па можеби толку му е капацитетот, но јас не гледам никаков напредок кај него. Мартин е буквално истиот играч денес кој беше и пред 2-3 години! Можеби е малку поцврст и има ставено некој мускул ете... Ајде, не е атлетски којзнае колку надарен во вертикала па да очекувам да има голем ефект при шут од 7, 8 метри, ама тогаш мораш нешто друго да носиш на масата. Шут под блок, пробиви низ одбрана, финта, игра еден на еден, ништо од тоа не гледам! Десен бек на кој што примарна улога му е да ја спушти до пивот или да реализира седмерци не ми е баш океј.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
За мене настапот и конечниот пласман е над сите очекувања кои ги имав. Со оглед на тоа што, со исклучок на Џонов (1997), Јагуриновски (1998) и Петров (1992) сите останати играчи кои настапија се на возраст од 18 до 22 години сум презадоволен!

Огромен напредок кај Марко Стојковиќ, ако продолжи да се развива како што треба мислам дека конечно ќе го добиеме „тој“ играч кој игра централно во одбрана, игра и напад, а со тие физички карактеристики што ги поседува мислам дека по потреба би можел да игра и како халф.

Џонов позитивно ме изненади, мислам дека ја сосем добро си ја искористи дадената шанса. За жал игра на позиција на која сме најдобро покриени, но во долги турнирски системи не би било лошо да го имаме како опција.

Ѓоргиев исто така добар турнир, добри асистира, пробива, доста и топки пресече како краен во одбрана. Иако сеуште не е завршен со природниот физички развој, сепак мора да стави маса на себе ако сака да биде вистинска „закана“ во сениорска конкуренција. Ракометот е памет, ама и мускули. Ова генерално важи за сите наши млади играчи кои прошле, проаѓаат и ќе пројдат.

Атанасијевиќ браќата добри со подеми и падови нормално. Костески имам чуство како да стагнира, со оглед на потенцијалот кој го покажуваше пред 4-5 години како да очекував на повисоко ниво да е денеска. Петковски мошне ладнокрвен и сигурен, покажа добар репертоар на удари, но и потфрли кога беа во прашање некои „чисти“ шанси (рака на срце помалку од Костески).

Коки Петров супер турнир имаше, неколкуте години во Шпанија и Романија се гледа дека му имаат дојдено убаво и се надевам дека нема да остане да игра прва лига со Металург од септември пошто би било навистина штета. Ако не може да најде ангажман во странство тогаш барем еден од првите 4-5 тима во македонска лига би било океј.

Ивановски многу мала шанса доби (претежно во одбрана) па не можам да кажам ништо. Симоновски мање-више исто и мислам дека како проаѓа времето се повеќе и повеќе ќе паѓа во сенка бидејќи физички не може да понуди многу кога е сериозен ракомет во прашање.

Јагуриновски доста добар, во рамки на неговиот капацитет. Мислам дека прави голема грешка со трансферот во Пролет, али па можеби и немал многу опции, кој да знае? Гогов и Кизиќ супер, немам никакви замерки за нивниот настап.

Доаѓаме до Серафимов...
И јас како Пеце полека да почнувам да губам надеж дека во него ќе добиеме некаков си сериозен играч. Не знам на што се должи, дали е до неговиот трансфер во Алкалоид и цела сезона играње прва лига или па можеби толку му е капацитетот, но јас не гледам никаков напредок кај него. Мартин е буквално истиот играч денес кој беше и пред 2-3 години! Можеби е малку поцврст и има ставено некој мускул ете... Ајде, не е атлетски којзнае колку надарен во вертикала па да очекувам да има голем ефект при шут од 7, 8 метри, ама тогаш мораш нешто друго да носиш на масата. Шут под блок, пробиви низ одбрана, финта, игра еден на еден, ништо од тоа не гледам! Десен бек на кој што примарна улога му е да ја спушти до пивот или да реализира седмерци не ми е баш океј.
Мора Серафимов салам маса да набилда, има физички напредок но не доволно.
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
54
Поени од реакции
23
Крилото Петковски погоди од тешки агли,секоја чест.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ајде во кратки црти еден коментар и од мене. Генерално повеќе позитивно од негативно издание е турнирот. Не може да се игнорира возраста на екипата, има голема разлика меѓу младински и сениорски категории пред се во однос на физичкиот развој.

Во принцип далеку над очекувањата беше играта во одбрана, има доста ветувачки тенденции кои постепено ќе се вклопуваат и во сениорската репрезентација. Офанзивно, во рамки на очекувањата, со подеми и падови, многу технички грешки против поискусните поснажни екипи, затоа изгубивме со таква разлика против Египет и Шпанија, премногу во раце дадени топки и лесни контри.

Индивидулано би рекол поголемиот дел од екипата е "тука некаде", нема драматични разлики меѓу играчите, сите се повеќе или помалку на пат да станат солидни играчи, но ниту еден не дели на начин што најавува идна суперѕвезда.

Ако треба некого да издвојам тоа во прв ред според мене е Кизиќ. Реално далеку над очекувањата бранеше, со вакви настапи, богами и на Лесјак ќе му биде закана за минутажа во Пелистер. Се надевам клубот мисли на иднината и ќе му даде соодветна шанса. Позитивно ме изненади и Гогов, кој докажа дека треба да се мисли и на него кога зборуваме за голманското дуо за иднината.

Од играчите, најмногу би го пофалил Стојковиќ. Доби доста поткренати веѓи кога неочекувано беше на поширок список за репрезентација, но она што го прикажа на турнирот е и тоа како ветувачки за една од традиционално најболните точки во нашата репрезентација (дефанзивец кој игра во два правци - вообичаено пикер). Дефанзивно добар, висок, со потенцијал уште доста снага да стави на него, но и задоволително подвижен со оглед на висината. Офанзивно има уште доста работа, но добро е што веќе има доволно опции, движења по линијата и знае колку толку да си ги користи своите предиспозиции. Многу битно е што од млад почнал да тренира како пикер, една од најголемите грешки што се правела во нашиот ракомет со децении е што сите дефанзивци ни тренираа бекови - спротивно на цел свет. Се надевам некој ќе му склопи клипчиња од на пример Фабрегас и Пекелер, од такви играчи мора да учи.

Доби доста хејт на ЕП (заслужено), но на МИ, Ѓоргиев искрено покажа дека не случајно е тука на граница на сениорската репрезентација. Имаше доста добар настап, можеби најдобар играч ни беше во напад. Еден куп младинци и кадети изнагледавме изминативе години кои почнале како леви бекови, па потоа се развивале како средни заради стагнација со растењето, но ми се чини Ѓоргиев е првиот што комплетно може да се каже дека се претворил во среден бек.

Би го пофалил и Џонов. Отсекогаш ми фаќал око како играч, но никогаш не бил во фокусот во ниту еден момент од неговиот развој. Сепак вака така дотурка до ситуација каде е еден од подобрите играчи на Пролет, и одлично ја искористи шансата на овие МИ. Мислам дека си обезведи повици на поширок список за во иднина. Само ќе мора уште малку да поработи на телото, за да го извади максимумот.

Серафимов беше потпросечен и гледам за неговата стагнација се обвинува тоа што играл во прва лига. Мислам дека нема врска тоа, па како може одлично тоа да функционирало за Стојковиќ и Ѓоргиев но лошо за Серафимов. Реалноста е дека Серафимов, многу порано од врсниците ги совлада техничко тактичките аспекти на ракометот и додека противниците му беа физички "тука некаде" доминираше. Но откако се префрли во сениори против многу повисоки, многу поснажни, многу побрзи играчи, едноставно е многу тешко да дојде до израз. Згора на тоа си прави и голем притисок врз себеси, ќе мора да сфати дека натамошниот напредок ќе биде бавен и ќе мора да најде ситници во кои што ќе може да напредува, пред се да го максимизира физички своето тело, каков и да е тој максимум. Едноставно, елитниот спорт, на крајот и краиштата многу зависи и од генетските предиспозиции, а реалноста е дека Серафимов е потпросечен и во висина, и во снага и во брзина. Ќе видиме како ќе оди работата, јас не би го отпишувал, реално ќе биде интересна битката меѓу Велковски, Јагуриновски и него за двете деснобековски места (а тоа веројатно ќе ни е и најслаба позиција).
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.450
Поени од реакции
1.784
Карапалевски чинам дека не беше во ростерот за турниров.Штета што не добива шанса, има доста потенцијал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom