Прегледај го приврзокот 335278
...боди бидерите ги вежбаат бицепсите, прават склекови за да би добиле и малку повеќе проширени вени на рацете да се гледа во комбинација со мускулната маса, а ти пак се „плашиш“ од тие проширени вени што нормално е да ти се појават кога вршиш физичка работа, тогаш крвниот притисок се зголемува, со што се обезбедува зголемен проток на крв во периферната циркулација т.е. екстремитети (рацете и стапалата) со што настанува привремено проширување на вените,
Прегледај го приврзокот 335279 Прегледај го приврзокот 335280
па уште ако се дига товар при таа физичка работа исто како билдерите се набабруваат вените што нормално кога ќе ги дигнеш рацете и се одмориш набабрените и проширени вени се повлекуваат (за тие кои немаат генетска предиспозиција на видливи широки вени кои остануваат такви без разлика на физичка работа или мирување)!
...ако се губат телесни маснотии на рацете и нозете, до тогаш невидливите вени сатнуваат видливи што пак е нормално.
... и топлото време кога телото се загрева губи топлина за да се олади со проширување на вените, доближувајќи ја крвта до површината на кожата за да се подобри загубата на топлина, а кога е ладно обратно вените се собираат помали, доставувајќи помалку крв на површината на кожата за да се зачува топлината.
...кога крвта е збогатена со кислород тогаш е црвена, таа патува до сите ткива го „предава тој кислород“ и потоа се враќа без кислород сина или вилетова крв назад до срцето во циклус да се збогати преку дишењето пак со кислород,
Прегледај го приврзокот 335283 Прегледај го приврзокот 335284
...секогаш новите хормонални состојби како пубертет, менопауза, бременост може да предизвикаат поистакнати темни вени, ако нема оток, болка или други симптоми на црвенило и печење околу тие истакнати темни вени не би требало да сме загрижени, а и да сме тоа не можеме да го смениме, туку можеме едноставно да го ублажиме со движење на телото (одлично спомнато возење велосипед), кога одмараме нозете да ги подигниме, носење широка облека, подобрување на исхраната, нормална телена тежина, избегнување на пушење и алкохол, па и благо масирање на вените со некоја хепаринска маст.