Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.053
Поени од реакции
12.936
И овие Скопје Ран забегаа со цените, а почнаа со културни 350 денари. Стартните пакети се тотално исти како и тогаш, барем маичка да следуваше па да се оправдаше цената.

1645461154476.png

1645461250540.png
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
Искрено се е поскапено, само медалот од пред две години е барем 60-70 посто поскап, ама се над 700 еве 800 нека е во последен бран пријави е премногу. На тие спонзори шо ги имаат и 500 да е, пак ќе имаат ќар.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
И овие Скопје Ран забегаа со цените, а почнаа со културни 350 денари. Стартните пакети се тотално исти како и тогаш, барем маичка да следуваше па да се оправдаше цената.

Прегледај го приврзокот 322838

Прегледај го приврзокот 322839
dafuq ... претеризам малце, 80ден километар :D

Ќе ги бојкотирам годинава, незнам дал се цицијашам ама мене ми делува претерано
 
Последно уредено:

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.816
Поени од реакции
10.957
На водно-матка trails пуштаат да трчаш без бројче? Она ко на маратонот што можеше да трча кој сака?
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Другар ... неможе никој да ти забрани да се движиш :) исто како што на Скопски неможат да ти забранат.
Едино би било неблагодарно од твоја страна да се служиш со окрепните, а да не го подржиш настанот со котизација.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
Како поминавте денес, денес никакви изговори не држат освен ако сте спиеле по два саата последните 5 дена :D

Ја солидни 7:30, немав сила после Нерези за под 7 саата. У три месеци имам истрчано вкупно 230км, од тоа 0 на нагорнини, така да солидно е.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Како поминавте денес, денес никакви изговори не држат освен ако сте спиеле по два саата последните 5 дена :D

Ја солидни 7:30, немав сила после Нерези за под 7 саата. У три месеци имам истрчано вкупно 230км, од тоа 0 на нагорнини, така да солидно е.
Со оглед повредата на ахиловата и скоро месец без тренинг, супер задоволен 6ч 58м.
Условите беа супер :) во споредба со лани.

Исто рикнав после Нерези, над лединката калот ми ја извади душата ... како на лента :) движиш нозе а стоиш во место :D

Волонтерите беа супер како и секоја година и маркацијата одлична.


IMG_5573.JPG 277004776_1118316332068470_2548776992473749048_n.jpg IMG_5575.JPG
IMG_5576.JPG
 

Attachments

Член од
4 август 2012
Мислења
48
Поени од реакции
58
Дали треба сертификат за вакцинација за скопје ран?
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Да ја освежам малку темава, викендов се одржа 4-тото издание на Охрид ултра треил.

Времето беше шлакнато ... ја променија рутата на сите трки во последен момент поради опасноста од грмотевици⛈.
100чето и 60ката беа драстично скратени, јас бев на 60ката ... не се искачуваа врвовите.
Од 65Km / 3300D+ се намали на 50К/1600D+, драстично олеснување :).

Времето од 06:00 до 12:30 лепота и пекол топло :) после тоа драстично опадна температурата дојде бурата :) , на претпоследната станица не пуштаа едно 10мин. поради грмотевици.

Организацијата и еуфоријата некако годинава беа ниво пониско, но сепак убаво помина настанот.
За пофалба беа стартните пакети, маичката е стварно убава и додатно кои ги даваа ракавите беа супер за до старот :) (додека не изгреа сонцето).


IMG_6454.jpg IMG_6459.jpg IMG_6467.jpg IMG_6477.jpg IMG_6486.jpg IMG_6498.jpg IMG_6499.jpg 20220514_144211.jpg 20220514_145552.jpg

п.с. Имаше една интересна :) дешавка Иван Радев, кој водел на 100-ката 5-6мин пред Словенецот се откажа поради блиска средба со мечка ... поточно на 20м од него стоела на патеката и малку ржела ... штета за дечкото.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.480
Поени од реакции
2.342
И што направил кога ја видел мечката?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Некој искуство со некои маици за трчање? Нешто дри-фит ово оно, читам тоа е назив и технологија смислена од Најк, но и другиве имале под други имиња и слично. Вреди ли да се дава 1500-2000 за ваква маица? И, дали се носи долна маица под неа кога се трча?
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.053
Поени од реакции
12.936
Некој искуство со некои маици за трчање? Нешто дри-фит ово оно, читам тоа е назив и технологија смислена од Најк, но и другиве имале под други имиња и слично. Вреди ли да се дава 1500-2000 за ваква маица? И, дали се носи долна маица под неа кога се трча?
Во СЦМ имаш СуперДрај продавница на втор кат, многу ми е погоден мене лично нивниот материјал, а имаат 50% + дополнителни 25%, така да му доаѓаат по 810 денари без ракави маичките, 600-700 со ракави, 3 пара ќе земеш за цена од една Најк во продавница нивна од СЦМ. Од Најк/Спорт М/Спорт Вижн стварно не се исплати да се купуваат кај нас, дерат со цени, од таму само патики ако начекаш попуст, овие маичките и со попуст ќе се прескапи, а истите во Солун по аутлет ги наоѓаш за 70% поефтино. Исто имаш и една продавница во Борис (накај лизгалиштето страната), не знам што дубари праат таму, ама имаш ептен ефтини ствари за трчање, такви маички и по 300-400 можеш да најдеш, најскапа може 1000 да ти дојде. Еве овие 2 провери ги за старт. Јас носам секогаш долна, освен кога трчам на 30+ степени и нема ветер. Знам луѓе што никогаш не трчаат со долна, ама јас така сум навикнат и осеќам дека долната ми помага. Пример ако немам долна и завршам порано и тргнам накај дома, по пат некој ветер почне да ме дува, па ја лепам уз тело драј фит маицата за да не ме дува толку, а таа мокра, вака друго е со долна колку толку повеќе си заштитен да не настинеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom