Океј, значи Хамилтон сите 7 титули ги има освоено без борба.
Проблемот е што многу сезони доминираа и освои многу титули, па во заборав на повеќето се многу добри сезони каде и он тесно земаше некоја титула, неколку сезони и ги има изгубено во такви тесни борби.
Ако зборите дека не се забавни Мерцедес или интересни како итаљаниве, па така е природно е тоа, јебени германци се
Според мене зависи дали ќе ги проучат работиве годинава како што треба па да настапат конкурентни наредна сезона. Доколку и догодина е исто, се е могуче, може и да си идат од Ф1.
Нигде не реков дека Хамилтон ги има земено без борба, туку дека патот му беше лесен. Кажав дека 2-3 сезони потешко стигна до нив ради Розберг пред се и еве Кими/Алонсо во Мекларен кога беа заедно. Ботас не го ни коментирам, јасно како ден беше дека е донесен како втор возач. Едно 100 пати го пропушти Хамилтон за да се бори за титула, и да тоа е лесен пат кога и други возат за тебе. Истото го правеше и Шумахер со Баричело. А, тимови никогаш не сум прател и не ме занима дали освојуваат Мерцедес, РБ, Ферари се додека возачката постава ми се допаѓа. Мерцедес не се антипатичен тим, туку Тото го прави тоа. И еве Хамилтон од погоре наведените причини.
Хах, значи твојот респект кон возачите го градиш според критериумот дали ќе ти пружат лично тебе забава или не? Тогаш треба да гледаш трки во некоја друга категорија кај што сите возат исти коли, Ф1 е тимски спорт и стално ќе има доминантни и доминирани тимови.
Инаку прашање е дали патот на Хамилтон му бил секогаш лесен поради болидот, или поради неговиот талент, работа и амбиција? Јас мислам дека баш тој менталитет одма да плаче ако не е прв го донесе таму кај што е. И Ботас на пример имаше ист болид па стално беше послаб од него. Исто така Хамилтон беше постојан во резултатите, немаше падови иако имаше многу моменти кога не ни мораше да се трка па пак ќе освоеше титула, ама сепак секогаш даваше 100% и не грешеше. Ни Хамилтон, ни Шумахер, ни било кој друг возач што седнува во доминантен болид и го прави првенството досадно после извозени 5 трки не е крив за тоа, „крив“ е неговиот тим, а негова работа е да биде на висина на задачата. Така да јас не мислам дека треба да изгубам респект кон некој само зашто има најдобар болид. Не се родил он во најдобар болид, стигнал до тамо и успеал да го задржи тој статус со години.
Top 10 Moments of Lewis Hamilton Brilliance - YouTube
Lewis Hamilton's Extraordinary GP2 Fightback in Turkey 2006 - YouTube
Прегледај го приврзокот 328413
Околу тоа "Guys you put me in a very difficult position", колку што знам тимското радио е према неговиот дел од гаражата а они се натпреваруваат до одреден степен со другиот дел односно со Расел, така да нормално е Хамилтон да се буни што донеле некои одлуки кои не му одат него во корист. Не му го коментирам карактерот и сите негови лоши особини, само сакам да кажам дека не можеш да носиш заклучоци со само една реченица по радио без поширок контекст и околности под кои тоа било кажано.
Респектот го градам врз основа на тоа кој каква борба пружа и колку е константен во тоа. Алонсо на 40 години гриза на гридот ама вози за скапан Алпин кој не може да му испорача број 1 болид. Макс лани возеше и сам се бореше со 2 мерцедеси. Перез не постоеше до последната трка кога не се повампири. Кими 2007 кога седна во Ферари и заврши со 1 бод предност пред Хамилтон и Алонсо. Е за такви возачи имам респект. А, возачи што имаат број 1 болид, имаат други возачи што возат за нив и им се тргаат од патот, не немам респект. И нормално е да уживам со возачи повеќе што ми нудат забава отколку некој отров досаден.
Свесен си дека скоро секој популарен спорт е тимски така? Е сеа замисли Јунајтед да освојува 20 години по ред титула, дали тоа би било интересно? Или еве Лејкерс 100 години титула да зимаат? Не, ќе ти здосади. Не знам како да ти објаснам дека како фан на овој спорт сакам да гледам борба, жар, до последен круг како лани. Кога доминира некој и титулата е земена во 5та трка, и нема некоја популарност или заинтересираност. Еве чисто најди ја статистиката да видиш лани колку гледачи имало по патекиве и на ТВ, а колку имало претходно.
И пак ми го вртиш муабетот. Јас кажав дека Хамилтон има квалитет и тоа не е спорно. Ботас не ми го збори жити се, донесен ко возач број 2 што секогаш се тргаше за Хамилтон да помине. Една борба дали имаа и тоа е тоа. За падовите се сложувам, тоа е најбитно кај еден возач да биде константен без падови. Хамилтон за тоа го бива, исто и за гуми менаџирање. И не сум изгубил респект за него, затоа што никогаш не сум го имал. Го мразам од првата сезона кога стана тимски колега на Алонсо. И Алонсо беше 2 пати шампион па еве го и на 40 години никогаш не плаче на радио дека бил P2 или дека ѕиваната на гумата му фали.
За тимското радио без разлика кон кого се однесува тоа, како од гаражата му се криви? Од кај да знае гаражата дека ќе има сејфти кар и Ботас баш тој круг ќе влезе? Среќа е во прашање и тука отиде во корист на Ботас. Исто како што среќата 10 години одеше на сметка на Хамилтон. Учествувал во 100 контакти и секогаш противникот е DNF, а он иде до крај. Некогаш е талент, а многу пати и среќа. И за многу други работи...
И на крај краева ако не ви се допаѓа ова, во ред е... сепак тоа е само мое мислење зошто никогаш не сум ги сакал Хамилтон и Шумахер. Таман работа сите да го сакаме Хамилтон и да навиваме за него...