Формула 1 - сезона 2022

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2022?

  • Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ

    Гласови: 14 11,1%
  • Џорџ Расел - Мерцедес АМГ

    Гласови: 1 0,8%
  • Макс Верстапен - Ред Бул

    Гласови: 38 30,2%
  • Серхио Перез - Ред Бул

    Гласови: 0 0,0%
  • Шарл Леклерк - Ферари

    Гласови: 42 33,3%
  • Карлос Сајнц - Ферари

    Гласови: 6 4,8%
  • Даниел Рикиардо - Мекларен

    Гласови: 3 2,4%
  • Ландо Норис - Мекларен

    Гласови: 7 5,6%
  • Фернандо Алонсо (El Plan) - Алпин

    Гласови: 3 2,4%
  • Естебан Окон - Алпин

    Гласови: 0 0,0%
  • Пјер Гасли - Алфа Таури

    Гласови: 1 0,8%
  • Јуки Тсунода - Алфа Таури

    Гласови: 2 1,6%
  • Себастијан Ветел - Астон Мартин

    Гласови: 4 3,2%
  • Ленс Строл - Астон Мартин

    Гласови: 0 0,0%
  • Николас Латифи - Вилијамс

    Гласови: 0 0,0%
  • Алекс Албон - Вилијамс

    Гласови: 2 1,6%
  • Валтери Ботас - Алфа Ромео

    Гласови: 0 0,0%
  • Жо Гуанју - Алфа Ромео

    Гласови: 1 0,8%
  • Никита Мацепин - Хаас

    Гласови: 1 0,8%
  • Мик Шумахер - Хаас

    Гласови: 1 0,8%

  • Вкупно гласачи
    126
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.130
Поени од реакции
5.239
Имам земано карти за тркава годинава едвај чекам , инаку на целната рамнина голем број хотелски соби со поглед на стаза се закупени со тараси по луди цени. Може не е како стаза добра бидејќи е регуларен булевар но за да се напраи фама америве се главни а кое е пофамозно место од Лас Вегас во УСА нема :D По тоа што знам и служам од колеги / пријатели курви од цела УСА има да бидат таму за тој викенд.
Реков ја ќе има бизнис со хостеси, старлети, инстаграм модели и инфлуенсерки дури се гледа Ф1 :anco:
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.947
Болдираниов момент не го сфаќам баш, настрана целиот хејт кон циганот и последниве 8 сезони каде очигледно прекурчија и требаше нешто да се смени за да биде поинтересен спортов. Што е фазонот со тоа, време да се вратат каде што им било местото? Демек Мерцедес се некоја кинеска марка што била најчесто на дното или немале секогаш успех во спортов. Ова им е второ враќање како самостоен тим, првото учество им е во 50тите каде и Фанџо има титула со нив.
Јас па за Ферари пример (никогаш не сум бил за нив) па баш сметам дека треба да се ваму каде што се сега, иако имаше периоди кога многу сум ги мразел како тим, али ова е друг Ферари од тој тогаш.
Циганчето плаче пошо немал среќа со сејфти кар. Ја потроши цела среќа лани па и капак на се го летна тој сликата што си ја стаил и имаше смешна казна за истото.Од Абу Даби па навака се што му се случува е резултат на дебилното понашање и „среќа“.Дојде време да се вратите кај што ви е местото и ви посакувам да останете таму исто колку што бевте горе. Да навиваш за мекларен мерцедес е едно, ама да навиваш за ебан мерцедес без доза емоција и се да е перфекција ми нема логика. Факинг Williams имаат поише емоции што се борат за 9то место.

И да му го турам на Алонсо што не знае тим да одбере цел живот, тешка лепра е.
 
Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Nikade ne go poreknav kapacitetot i uspehot na timot tuku deka timot nema duh ni harizma ni smeenje. Antipaticen lik e i Hamilton i Bottas i Wolf, i sega Russell. Edinstvena pozitiva beshe Lauda.

A mestoto tvrdam deka im e tamu kaj so sea spored mene kako fan na postara formula. Mclaren Ferrari Renault i Williams sekogas ke mi se top4 radi istorija. Tim sto izlegol i vleguva pak mi se povraka, istoto vazi i za Honda.

Da dodadam samo deka ako mercedes ne se vratat vo narednite 3 god ocekuvam da go prodadat timot pogotovo ako vlezat andretti i porche/audi. Ednostavno germancite ne vlozuvaat ako ne se prvi i nemaat korist od istoto. Russell ke bide flop pamti mi go zborot
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.872

Еве го проблемот на Макс. Хонда потврдуваат дека не се работи за истото од Бахреин. Системот подобро е објаснет тука, ако на некој му се чита.

Инаку едно мислење на темата за хејтот кон одредени возачи. Мене споротв воопшто не ми е интересен за гледање ниту пак имам некој респект за возачи што се седнати во најбрзиот болид и сезоната ја освојуваат уште во 5та трка. Шумахер никогаш не сум го сакал од овие причини. Хамилтон исто. Монотоно е кога еден ист тим и возач освојуваат без некоја конкуренција. Фетел исто не го сакав кога доминираше со РБ освен можеби првата сезона кога Алонсо изгуби титула со Ферари за 1 бод. После тоа беше тотална доминација на РБ. За Фетел поголем респект добив дури во Ферари кога возеше.

Проблемот со ваквите шампиони е што стануваат дрски и летаат у облаци. Конкретно Хамилтон во Мерцедес секогаш имаше доминантен болид. Под доминантен мислам на тоа да си побрз по 1-2 секунди од другите болиди на патеката по круг. Можеби имаше 2-3 сезони кога малку потешко му одеше ради Розберг но патот секогаш му беше лесен. Расел првпат седна во неговиот болид, да не му се десеше глупоста на крај ќе освоеше P1. Не ги оспорувам возачките квалитети на Хамилтон, ама не е исто кога си неприкосновен со 2 секунди побрз болид или кога е тесно како на пример Алонсо - Шумахер 2006-2007. Или ланската сезона, па еве и оваа битките на Леклерк - Макс. Плус додади го овде карактерот на Хамилтон што секогаш плаче ако не е P1. Еве чист пример е последнава трка, ни криви ни дружни од гаражата "Guys you put me in a very difficult position". Како бе, како? Ете тоа нервира. Шумахер исто беше, колку инциденти беа негова вина па секогаш бараше правда како он бил оштетен, а во неколку наврати и да се пресмета со други возачи во гаража.

Секој нормален фан сметам дека повеќе би уживал во вакви сезони отколку да биде титулата земена во 5та трка. Немам ни желба за да гледам трки после тоа. И затоа секогаш повеќе ќе респектирам возачи што се борат за титулата. Ко Макс лани, Алонсо 2006/7, Розберг 2016, Кими 2007. 2007 човече освои титула со бод предност пред Хамилтон и Алонсо.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.947
Океј, значи Хамилтон сите 7 титули ги има освоено без борба.
Проблемот е што многу сезони доминираа и освои многу титули, па во заборав на повеќето се многу добри сезони каде и он тесно земаше некоја титула, неколку сезони и ги има изгубено во такви тесни борби.
Ако зборите дека не се забавни Мерцедес или интересни како итаљаниве, па така е природно е тоа, јебени германци се :)
Според мене зависи дали ќе ги проучат работиве годинава како што треба па да настапат конкурентни наредна сезона. Доколку и догодина е исто, се е могуче, може и да си идат од Ф1.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270

Хах, значи твојот респект кон возачите го градиш според критериумот дали ќе ти пружат лично тебе забава или не? Тогаш треба да гледаш трки во некоја друга категорија кај што сите возат исти коли, Ф1 е тимски спорт и стално ќе има доминантни и доминирани тимови.

Инаку прашање е дали патот на Хамилтон му бил секогаш лесен поради болидот, или поради неговиот талент, работа и амбиција? Јас мислам дека баш тој менталитет одма да плаче ако не е прв го донесе таму кај што е. И Ботас на пример имаше ист болид па стално беше послаб од него. Исто така Хамилтон беше постојан во резултатите, немаше падови иако имаше многу моменти кога не ни мораше да се трка па пак ќе освоеше титула, ама сепак секогаш даваше 100% и не грешеше. Ни Хамилтон, ни Шумахер, ни било кој друг возач што седнува во доминантен болид и го прави првенството досадно после извозени 5 трки не е крив за тоа, „крив“ е неговиот тим, а негова работа е да биде на висина на задачата. Така да јас не мислам дека треба да изгубам респект кон некој само зашто има најдобар болид. Не се родил он во најдобар болид, стигнал до тамо и успеал да го задржи тој статус со години.

Top 10 Moments of Lewis Hamilton Brilliance - YouTube

Lewis Hamilton's Extraordinary GP2 Fightback in Turkey 2006 - YouTube
1649683045357.png

Околу тоа "Guys you put me in a very difficult position", колку што знам тимското радио е према неговиот дел од гаражата а они се натпреваруваат до одреден степен со другиот дел односно со Расел, така да нормално е Хамилтон да се буни што донеле некои одлуки кои не му одат него во корист. Не му го коментирам карактерот и сите негови лоши особини, само сакам да кажам дека не можеш да носиш заклучоци со само една реченица по радио без поширок контекст и околности под кои тоа било кажано.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Абе нормално да е тежок човек има ли шампион што е лесен кога губи ? Плус ликот мислам дека и кога спие вози.Едноставно мрази да губи и тоа е тоа, нешто што денес не разбираат се повеќе и повеќе луѓево пошо сме станати тешки плачковци( расизам, блек лајф метерс, феминизми и такви други глупости).Како и да е Алонсо му треба лик како Бриаторе(гнаса) пошо знае дека ќе напраи се за победа.
Автоматски споено мислење:

@mkgunner Откако му рекле да не го брка Расел за да нема глупости, а не можат на Расел да му речат дај му ја позицијата откако го посра цела трка.Мислам дека треба да најдеш и слика со цуцла од Хамилтон.

Прегледај го приврзокот 328340
Мислам дека ти џабе следиш F1 толку долго како што кажуваш, ништо не разбираш и реално одсега не ни очекувам да сфатиш ама еве, пластично објаснето на Хамилтон му прегреваше моторот затоа и нит побара ниту пак Мерцедес имаа намера да направат swap.
Види ја табелата и молк засега.

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.872
Океј, значи Хамилтон сите 7 титули ги има освоено без борба.
Проблемот е што многу сезони доминираа и освои многу титули, па во заборав на повеќето се многу добри сезони каде и он тесно земаше некоја титула, неколку сезони и ги има изгубено во такви тесни борби.
Ако зборите дека не се забавни Мерцедес или интересни како итаљаниве, па така е природно е тоа, јебени германци се :)
Според мене зависи дали ќе ги проучат работиве годинава како што треба па да настапат конкурентни наредна сезона. Доколку и догодина е исто, се е могуче, може и да си идат од Ф1.
Нигде не реков дека Хамилтон ги има земено без борба, туку дека патот му беше лесен. Кажав дека 2-3 сезони потешко стигна до нив ради Розберг пред се и еве Кими/Алонсо во Мекларен кога беа заедно. Ботас не го ни коментирам, јасно како ден беше дека е донесен како втор возач. Едно 100 пати го пропушти Хамилтон за да се бори за титула, и да тоа е лесен пат кога и други возат за тебе. Истото го правеше и Шумахер со Баричело. А, тимови никогаш не сум прател и не ме занима дали освојуваат Мерцедес, РБ, Ферари се додека возачката постава ми се допаѓа. Мерцедес не се антипатичен тим, туку Тото го прави тоа. И еве Хамилтон од погоре наведените причини.
Хах, значи твојот респект кон возачите го градиш според критериумот дали ќе ти пружат лично тебе забава или не? Тогаш треба да гледаш трки во некоја друга категорија кај што сите возат исти коли, Ф1 е тимски спорт и стално ќе има доминантни и доминирани тимови.

Инаку прашање е дали патот на Хамилтон му бил секогаш лесен поради болидот, или поради неговиот талент, работа и амбиција? Јас мислам дека баш тој менталитет одма да плаче ако не е прв го донесе таму кај што е. И Ботас на пример имаше ист болид па стално беше послаб од него. Исто така Хамилтон беше постојан во резултатите, немаше падови иако имаше многу моменти кога не ни мораше да се трка па пак ќе освоеше титула, ама сепак секогаш даваше 100% и не грешеше. Ни Хамилтон, ни Шумахер, ни било кој друг возач што седнува во доминантен болид и го прави првенството досадно после извозени 5 трки не е крив за тоа, „крив“ е неговиот тим, а негова работа е да биде на висина на задачата. Така да јас не мислам дека треба да изгубам респект кон некој само зашто има најдобар болид. Не се родил он во најдобар болид, стигнал до тамо и успеал да го задржи тој статус со години.

Top 10 Moments of Lewis Hamilton Brilliance - YouTube

Lewis Hamilton's Extraordinary GP2 Fightback in Turkey 2006 - YouTube
Прегледај го приврзокот 328413

Околу тоа "Guys you put me in a very difficult position", колку што знам тимското радио е према неговиот дел од гаражата а они се натпреваруваат до одреден степен со другиот дел односно со Расел, така да нормално е Хамилтон да се буни што донеле некои одлуки кои не му одат него во корист. Не му го коментирам карактерот и сите негови лоши особини, само сакам да кажам дека не можеш да носиш заклучоци со само една реченица по радио без поширок контекст и околности под кои тоа било кажано.
Респектот го градам врз основа на тоа кој каква борба пружа и колку е константен во тоа. Алонсо на 40 години гриза на гридот ама вози за скапан Алпин кој не може да му испорача број 1 болид. Макс лани возеше и сам се бореше со 2 мерцедеси. Перез не постоеше до последната трка кога не се повампири. Кими 2007 кога седна во Ферари и заврши со 1 бод предност пред Хамилтон и Алонсо. Е за такви возачи имам респект. А, возачи што имаат број 1 болид, имаат други возачи што возат за нив и им се тргаат од патот, не немам респект. И нормално е да уживам со возачи повеќе што ми нудат забава отколку некој отров досаден.

Свесен си дека скоро секој популарен спорт е тимски така? Е сеа замисли Јунајтед да освојува 20 години по ред титула, дали тоа би било интересно? Или еве Лејкерс 100 години титула да зимаат? Не, ќе ти здосади. Не знам како да ти објаснам дека како фан на овој спорт сакам да гледам борба, жар, до последен круг како лани. Кога доминира некој и титулата е земена во 5та трка, и нема некоја популарност или заинтересираност. Еве чисто најди ја статистиката да видиш лани колку гледачи имало по патекиве и на ТВ, а колку имало претходно.

И пак ми го вртиш муабетот. Јас кажав дека Хамилтон има квалитет и тоа не е спорно. Ботас не ми го збори жити се, донесен ко возач број 2 што секогаш се тргаше за Хамилтон да помине. Една борба дали имаа и тоа е тоа. За падовите се сложувам, тоа е најбитно кај еден возач да биде константен без падови. Хамилтон за тоа го бива, исто и за гуми менаџирање. И не сум изгубил респект за него, затоа што никогаш не сум го имал. Го мразам од првата сезона кога стана тимски колега на Алонсо. И Алонсо беше 2 пати шампион па еве го и на 40 години никогаш не плаче на радио дека бил P2 или дека ѕиваната на гумата му фали.

За тимското радио без разлика кон кого се однесува тоа, како од гаражата му се криви? Од кај да знае гаражата дека ќе има сејфти кар и Ботас баш тој круг ќе влезе? Среќа е во прашање и тука отиде во корист на Ботас. Исто како што среќата 10 години одеше на сметка на Хамилтон. Учествувал во 100 контакти и секогаш противникот е DNF, а он иде до крај. Некогаш е талент, а многу пати и среќа. И за многу други работи...

И на крај краева ако не ви се допаѓа ова, во ред е... сепак тоа е само мое мислење зошто никогаш не сум ги сакал Хамилтон и Шумахер. Таман работа сите да го сакаме Хамилтон и да навиваме за него...
 
Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
745
Поени од реакции
1.026
Инаку прашање е дали патот на Хамилтон му бил секогаш лесен поради болидот, или поради неговиот талент, работа и амбиција? Јас мислам дека баш тој менталитет одма да плаче ако не е прв го донесе таму кај што е. И Ботас на пример имаше ист болид па стално беше послаб од него. Исто така Хамилтон беше постојан во резултатите, немаше падови иако имаше многу моменти кога не ни мораше да се трка па пак ќе освоеше титула, ама сепак секогаш даваше 100% и не грешеше. Ни Хамилтон, ни Шумахер, ни било кој друг возач што седнува во доминантен болид и го прави првенството досадно после извозени 5 трки не е крив за тоа, „крив“ е неговиот тим, а негова работа е да биде на висина на задачата. Така да јас не мислам дека треба да изгубам респект кон некој само зашто има најдобар болид. Не се родил он во најдобар болид, стигнал до тамо и успеал да го задржи тој статус со години.
Друже прво Ботас е подпросечен возач и задача му беше да биде 2р возач, буквално му наредуваа да го пушта...

никад не морал да дава 100% во мерцедес, има 0,5-1 сек. побрз болид,
прво немора да го вози на лимит и шансите за грешки така се речиси непостоечки на оваа генерација болиди што беа и меѓу најлесните за возење
друго, и да направи грешка нема конкуренција кој да го искористи тоа и поминува неприметно.

под притисок лани видовме какви грешки правеше...
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.947
Нигде не реков дека Хамилтон ги има земено без борба, туку дека патот му беше лесен. Кажав дека 2-3 сезони потешко стигна до нив ради Розберг пред се и еве Кими/Алонсо во Мекларен кога беа заедно. Ботас не го ни коментирам, јасно како ден беше дека е донесен како втор возач. Едно 100 пати го пропушти Хамилтон за да се бори за титула, и да тоа е лесен пат кога и други возат за тебе. Истото го правеше и Шумахер со Баричело. А, тимови никогаш не сум прател и не ме занима дали освојуваат Мерцедес, РБ, Ферари се додека возачката постава ми се допаѓа. Мерцедес не се антипатичен тим, туку Тото го прави тоа. И еве Хамилтон од погоре наведените причини.
Не го ставај на исто рамниште со Шумахер аман, во поглед на тимски колеги и борба со истите, човекот цела кариера ја помина со backup шофер во тим. Пред Баричело беше Ирвајн. Имам респект и кон Шумахер како еден од најдобрите шофери покрај се', али во поглед на колеги Хамилтон имал потешки периоди во кариерата.
Ботас е првиот колега на Хамилтон со кој немал борба за позиција на табелата, ради тоа што Ботас беше класи подоле од него, не дека му било забрането. Нормално дека му одговара на тимот едниот да е очигледно послаб шофер, двајцата на слично ниво ако се, ојде титулата во друг тим, нешто што им се случи на Мекларен во 2007ма. Дали е позабавно да се борат меѓу себе за титула? Секако, како што се бореа Розберг и Хамилтон, сезони кои ќе беа многу подосадни ако Ботас возеше наместо Розберг пример, во ситуација кога другиве тимови беа вон конкуренција.
 
Последно уредено:

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Мислам дека ти џабе следиш F1 толку долго како што кажуваш, ништо не разбираш и реално одсега не ни очекувам да сфатиш ама еве, пластично објаснето на Хамилтон му прегреваше моторот затоа и нит побара ниту пак Мерцедес имаа намера да направат swap.
Види ја табелата и молк засега.

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Која табела ? Единствена сатисфакција од 2021 ми е што доживеа поболно нешто од тоа што го доживеа Маса. Годинава е лаганани за Ферари, па и наредните две.Само да сум Ферари одма го потпишувам Шумахер наредна сезона и го фрлам Саинц по ѓаволите. Биното е Жан Тод, нема веќе смрт за ферари уште долг период освен ако не решат Ред Бул да потпишат милион инжењери.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Која табела ? Единствена сатисфакција од 2021 ми е што доживеа поболно нешто од тоа што го доживеа Маса. Годинава е лаганани за Ферари, па и наредните две.Само да сум Ферари одма го потпишувам Шумахер наредна сезона и го фрлам Саинц по ѓаволите. Биното е Жан Тод, нема веќе смрт за ферари уште долг период освен ако не решат Ред Бул да потпишат милион инжењери.
Ти навиваш за Макс или За Ферари?
Ако си за Ферари незнам зошто мене ми се обеси на врат, ја јавно кажав дека сум против Макс после тоа лани, небитно кој ќе му ја одземе титулата.
Ферари годинава т.е Леклер се сложувам дека засега изгледа недопирлив и заслужено, искина на сите три трки досега.

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Алонсо на 40 години гриза на гридот ама вози за скапан Алпин кој не може да му испорача број 1 болид.
Добро, ај сега замисли наместо Хамилтон, Алонсо да седнеше во Мерцедесот и да доминираше сите претходни сезони, ќе изгубеше респект за него? Тоа не ми е јасно, иначе за другото те разбирам, сите сакаме борба, неизвесност, идење against all odds и све тоа.
А споредбата со фудбал е глупа, тамо сите играат со иста топка, исти копачки и на иста трева, овде ако тимот му направи супериорен болид сигурно нема да каже „А не, јас сакам тапа болид за да ме респектира публиката“.

Го мразам од првата сезона кога стана тимски колега на Алонсо.
А и ова не ми е јасно. Зошто би го мразел само што дојден, прва сезона, докажан талент претходно, не беше татино синче? Веројатно одговорот е зашто дојде како новајлија и одма беше подобар од Алонсо.

Ботас не ми го збори жити се, донесен ко возач број 2 што секогаш се тргаше за Хамилтон да помине.
Ботас го спомнав само како пример дека не е само да ти дадат најдобар болид, треба прво да го заслужиш а после и да се носиш со тоа. Иначе забораваш на Crashgate? Според сите овие критериуми што ги наведе за респектирање на возачи, за Алонсо респектот треба да ти е на НУЛА после тоа, и веројатно ќе ти беше да не беше толкав фанбој :)
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.728
Поени од реакции
11.564
Која табела ? Единствена сатисфакција од 2021 ми е што доживеа поболно нешто од тоа што го доживеа Маса. Годинава е лаганани за Ферари, па и наредните две.Само да сум Ферари одма го потпишувам Шумахер наредна сезона и го фрлам Саинц по ѓаволите. Биното е Жан Тод, нема веќе смрт за ферари уште долг период освен ако не решат Ред Бул да потпишат милион инжењери.
Зошто Ферари би фрлиле возач како Саинц за факинг Мик Шумахер?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.572
Поени од реакции
38.702
Зошто Ферари би фрлиле возач како Саинц за факинг Мик Шумахер?
зошто Мик е син на Михаел, во него тече шампионска крв помешана со шампионска ДНК.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom