Култот кон Работата

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
"Џабе работи, џабе не седи", "од работа не се умира", "работата те прави човек", "се фати за работа ја еба немаштијата", "fati seza lopata keti mine i dempresija i impresija" се само некои бисери од ризницата на народната мудрост, пренесувани од генерација на генерација.
Интересна е етимологијата на поимот "работа" која кажува дека тој збор е изведен од глаголот "робува" :angel:
Без разлика на економските, општествените и идеолошки системи по светот и кај нас, една обединувачка константа за сите е култниот статус кон работата, безрезервно позитивниот став кон неа, сите CV-a на светот споменуваат хард воркер, луѓе се гордеат дека се воркохоличари а на последиците од работата по здравјето и животот на поединецот се гледа како на нужно зло.

Денес најголемо табу не е ЛГБТ или родови идентитети, денес најголемо табу е прашањето дали работата е навистина доблест или не.

Нормално дека работа е потребна за да функционираат сложени општества како денешните, но со сета автоматизација, сета дигитализација, сите labor saving devices работното време се наголемува наместо да се намалува. Некогашните осум часа се веќе анахронизам, денес 10-14 часа не се ништо невидено или чудно.
Се поставува прашање каков квалитет на живот имаат луѓе кои работат 60-70 часа неделно па и повеќе, имајќи предвид дека работата бара и патување до неа, особено во поголеми места тоа се ужасно долги релации, спремање, облека, шминка кај жените што дополнително одзема време.
Нивните деца им се странци во домот, односите меѓу сопружниците девалвираат брзо, разводите пробиваат плафони, семејното насилство наместо да е искоренето во оваа 2022 исто руши рекорди.
Колку од тоа е последица на немањето време да се посвети поединецот на лицата кои му значат најмногу, или барем би требало да му значат најмногу?

На другата тема кажав дека сум минималист во основа т.е. работиме со сопругата минимално во смисол да не компромитираме некои стандарди кои сме ги поставиле заеднички и толку. 3-5 часа, 6 дена неделно.
Да, имавме и среќа, ама знаевме што сакаме.
Бидејќи не сум талентиран за спорт, актерство или наука, имајќи скромна интелигенција, запознавајќи се самиот себе низ неколку трагични ситуации во минатото, одлучив дека мое најголемо достигнување ќе биде мојот придонес кон целта = најсреќно семејство на светот. :love: Ок, не буквално пошто не може да се квантифицира такво нешто, ама смислата е таа.

Лично многу ги почитувам луѓето кои не потпаднале под мантрите на бескрупулозниот материјализам и конзумеризам а сепак заработуваат доволно за да не се доведе во прашање стандардот на живот кој си го поставиле како цел.
Да ја критикуваш работата како поим, луѓето ќе те гледаат чудно, а некои ќе те прогласат за лудак

Зошто луѓето ја воспеваат работата како највредно нешто на светот?
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Зошто луѓето ја воспеваат работата како највредно нешто на светот?
Дефинирај ....“работа„? Хобито е работа? Купувањето ли е работа? Вежбањето? Дали социјалните собирања, дружења и дури и клецањето е ...работа? Дали за пари или за добра...или за некоја трета желба и амбиција.
Срањево е више толку релативно и благодерение на човековото општество дури и непраењето aпсолутно ништо има се интерпретира работа.
Проблемот што мислам ти целиш на, проблем на човековото општество. Проблемот е од тоа што луѓето живеат во општество...и што се луѓе. Некако станавме глупи и задоволни со стагнацијата во нашата еволуција.
Буквално измислуваме цели системи за да се самоиндоктринираме за да служиме на истото тоа општество....како што ти викаш со првата реченица. Азија нај важен пример. Опседнати со работа и со општество. И најглупиот дел кога голем дел завршуваат со помалце откако почнале, пошто истото тоа оштество ги фрла како користен кондом после добро ебење.
Мојот одговор?
We live in a society.....
 
Дефиниции имаш неколку, да не копирам од нет, еве моја, горе долу би било вака нешто :
Продавање на своето време, знаење, искуство, вештини, креативност за материјална надокнада, вклучително жртвување на своите потреби, желби и интереси за бенефит на некој друг.
Вежбањето работа?! Huh?
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
238
Поени од реакции
538
Лично искуство за луѓе кои ја воспеваат работата се луѓе кои немаат социјала па и коа идат на одмор работат итн, а за луѓе што седат прекувреме е криво школството што ги научило дека се треба да е тешко, и дека се мора да се заврши, па поштени и меки луѓе, слушаат секакви глупости и го губат животот поради нивната наивност и мекост.
 
TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.288
Работиш за да спечалиш доволно за да си играш, а ако си играш со ефтини играчки не ти треба многу да заработуваш, освен за егзистенционални потреби.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Продавање на своето време, знаење, искуство, вештини, креативност за материјална надокнада, вклучително жртвување на своите потреби, желби и интереси за бенефит на некој друг.
Тоа што опишубаш е ропство. Работата е размена , фер или нефер. Исто и вежбањето. Трошиш време и калории што некој или нешто друг ги правел, за личен бенефит.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Тоа што опишубаш е ропство. Работата е размена , фер или нефер
Не е ропство, кај ропство нема материјална надокнада во замена на наведените ствари. Робот е приватна своина на власникот, работникот де јуре барем :angel: не е.
Да, работата меѓу друго може да се гледа и како размена.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.006
Постојат 2 видови на луѓе. Оние кои немаат никаква амбиција за напредок, кои го работат тоа што го работат колку да донесат леб дома, без никаква љубов без никаков ентузијазам. Задоволни се со малку, веруваат дека доколку работат повеќе ќе се несреќни и претежно гледаат на работата бајаги негативно. Слично како што робовите ја гледале својата работа.

И вториот тип на луѓе се луѓе за кои првиот тип на луѓе работат. Тие уствари и го ствараат мајндсетот на првиот тип на луѓе, знаејќи дека не може секој да биде повисоко на скалилото. Па затоа они смислуваат бајки дека нив во нивните јахти уствари им е многу досадно и дека се они тие кои се робови на работата. Исто така они измислуваат бајки дека не ти е потребно многу за среќа, само е доволно да имаш за јадење и тоа е тоа.

Генерално тие 2 типа на луѓе ги нарекувам робови и робовладетели.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Исто така (и извините википедија ама веќе испишав есеј )
на темата работа, култ кон работа итн.
Особено не засега нас и нашите.....сакани....државни институции
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Постојат 2 видови на луѓе. Оние кои немаат никаква амбиција за напредок, кои го работат тоа што го работат колку да донесат леб дома, без никаква љубов без никаков ентузијазам. Задоволни се со малку, веруваат дека доколку работат повеќе ќе се несреќни и претежно гледаат на работата бајаги негативно. Слично како што робовите ја гледале својата работа.

И вториот тип на луѓе се луѓе за кои првиот тип на луѓе работат. Тие уствари и го ствараат мајндсетот на првиот тип на луѓе, знаејќи дека не може секој да биде повисоко на скалилото. Па затоа они смислуваат бајки дека нив во нивните јахти уствари им е многу досадно и дека се они тие кои се робови на работата. Исто така они измислуваат бајки дека не ти е потребно многу за среќа, само е доволно да имаш за јадење и тоа е тоа.

Генерално тие 2 типа на луѓе ги нарекувам робови и робовладетели.
Или човек е среќен или не е :) Свесна одлука да се посвети повеќе време на лицата кои на човек му значат најмногу е среќа. :love: Не мора никој да верува, најважно е што оние кои треба се среќни, насмеани, прекрасни и мои и секој нов ден ми е најубав со нив па не би го менувал тоа за ништо на светот, имајќи предвид дека имам иксуство и со напорна и опасна работа во минатото, сум ги видел обете страни на медаљата, животот ми подели неколку лекции.

Кога работев во странство ЦЕО-то на фирмата знаеше да остане и по 15 часа на работа. Не верувам дека си некој богаташ пошто не си свесен која зафатеност, одговорност, пола ден на телефон, хендлање на секакви ега во фирма и уште милион работи треба да ги прави ликот кој е на чело на една солидна фирма, значи фирма со стотици вработени која има обрт од милиони а не пиљара со 2 вработени.
Само за времето кое бев таму човекот имаше две сообраќајки, за среќа мина без сериозни последици пошто заспал зад волан враќајки се дома.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Кога работев во странство ЦЕО-то на фирмата знаеше да остане и по 15 часа на работа.
Бивш шеф ми скина жици откако работеше после полноќ имајки температура. Беше релативно млад плус. И беше фит..
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Уметноста е да ги направиш робовите среќни.
Имаш погоре дефиниција за роб, роб не е тоа што мислиш.
Кој е поблиску до робување, оној кој цело битисување му е подредено на работата, некои добри 12-15 од 24 часа или оној кој троши минимално време околу тоа без да компромитира здравје, исхрана, становање, облека и све што е потребно?

745,194 deaths worldwide were attributable to long working hours in 2016, based on WHO/ILO data
Како што наведе @Liechtenstein во другата тема за Јапонија, би додал дека луѓето си имаат и посебен поим за смрт поради работа.

Kajgana Shop

На врв Bottom