Тогаш стварно не гледам која ти е потребата да коментираш на темава за Охрид.
Овие работи што ги бараш ги има во секое село низ Македонија. Јас кога имам потреба од овие работи си одам во село (Нова Брезница 20км од Скопје). Затоа и не ми се интересни овие работи што ти ги бараш, секој различно си го замислува зимскиот одмор.
П.с. темава е Охрид, а не зимски туризам.
Друже се гледа дека Охрид ти е слабост, а и јасно е зашто, многу убав град, да се осмелам дури и да кажам најубав во МК.
Но, тука продолжуваме дека е и врвот на туризмот, баш поради тоа, и сеа, реално, сите тие стереотипи и мрчења сметаш дека се неосновани, демек генерации веќе зборат едно те исто и тоа е хејт само?
Работата е ние ко народ (и не само ние) сме мрзливи, и сакаме парите сами да дојдат ко пасивен приход.
Јас у 2010 реков веќе не идам у Охрид и не сум бил од тогаш, а зашто?
Влагаме у смештај, куќа и ко што бива сопственик бабка една, таму живее, и преку човек договорено се. Прво нешто, нели цена 300 на човек, она: не, 350. Ајде нека биде. 2 соби нели, 3 со 2, она: не не, 1 соба, и не убута 5 души ко у касарна да не можеш да мрднеш, ајде и тоа нека биде, не дека ќе седиме. Дојде време за искачање, не можело бојлер, еден ден карти маавме, у 7 саат не требало светло да пуштаме. И пуштавме музика едно сабајле вратени од диско напраени пепел, најлоши гости ај да си идете.
Епа сеа ја сум збунет, ти прекрши се, а ние тука ко калугери ли треба да се понашаме? Е нема и јаре и паре.
На друга страна, у Шпанија бев, нема фрижидер у собата, кажувам на рецепција, викаат нема проблем, одма го инсталираме и ти праќаме мејл.
Плус, шеташ милион души ти даваат флаери за милион настани, та концерти, та ресторани имале нешто интересно, та возење на параглајдер или сл на плажа, знаат да ти ги земат парите и тоа ти насмеан и задоволен им ги даваш.
Демек у Охрид имало кафичи и што ти знам поради тоа што сакале луѓето, ама не е така, тргни тоа све, и поради недостиг на туристичка имагинација, ќе има само викендаши. Демек иделе и странци и топ им било, да, ок, еднаш и никад више, а топ им е зашто на нив им го лижат гзот плус им е ефтинија, па ја на 5-6 дена и у Сирија да идам топ ќе ми биде, ама дали ќе се вратам е друго питање.
А да, охридското ак не ти чинит, не иди е шта речи, место да се чујат конструктивни критики што не се чист хејт се разбира и што се повтараат па да се опраат, најлесно е не иди, ама веруј ако прекинат скопјани да идат, отиде градот у банкрот, да не се лажеме со странци дека се доволно.