Здраво дечки, размислувам да се запишам на ФИНКИ па ми треба ваша помош, кој смер според вас е најдобар, на што да внимавам, што да избегнам? Исто имам прашање и за предмети за матура, дали доколку воопшто не ја земам математика ќе имам проблем да не влезам во државна квота? Според оценки од средно на крај би имал 58,5 поени и плус ќе ги додадеме после од матурата и проектната. Размислувам македонски и англиски да ми бидат екстерен, и информатика можеби и уште еден како интерни. Ви благодарам однапред за одговорот.